Не да го отупе, книга ќе напишеш уште малку со твоиве какви-такви рецензии.

Не се лути, мала шега.
Како нема да осети разлика со карбонот ?? Стварно си контрадикторен со изјавиве. Назад во темава пишуваш за RS Reba или Fox, ама карбонските рамки не ги бива т.е. нема разлика од алуминиумските. Ако беше така немаше да постојат.
Си возел ли некогаш off road трка или маратон со карбонски рам ?? Уствари да преформулирам, си седнал ли на карбонски МТБ барем еден круг да свртиш со него ?? Извини, ама стварно не знаеш што пишуваш. Нема љутење, ќе научиш, кад-тад.
И која Мамба ја продава "другар ти" ?? Ако може слики и цена. Фала.
Ќе осети,но колку е прашањето.
Трки не сум возел,но на водно имам пробано неколку од познаници.
Добро знам кои се маните и предностите на карбон рамките.Сум возел неколку,не на долги релации и не на трки,но сум имал прилика.
За тоа што велиш за амортизерите дека сум зборувал.Таму сигурно се осеќа разликата многу повеќе на пример помеѓу еден Sr suntour XCT и една Реба на пример.Воочлива е и тоа како разликата.
Овде таа драстична разлика кај рамките ја нема.Всушност подобро кажано,да се седне обичен човек на велосипед нема ни да примети каков точак вози.Дали со карбон или со алуминиумска рамка.Дали е така,или пак ќе се инатите???
Со еден дечко кој го сретнав пред година две на водно тргнавме нагоре накај водно заедно и скапа инает водејќи.Неговата рамка била карбон и возела многу подобро.Што не изнакажа човекон
Му била карбон рамката и подобро одела нагоре, и тоа со помалку вртење на педалите,за на крај некаде пред средно да каже дека го земал карбонот бидејќи му бил поличен односно дека немало варено на краевите.
Чисто информативно.Во кои делови и во кои услови на патот карбонот ти е подобар.Не за друго,да видам дали мислиме исто т.е дали мислиш правилно

Инаку за карбонот највеќе се побунив во минатиот пост бидејќи ми се виде безврска човек да губи 200 евра за толку малку време и да даде речиси нов велосипед за да оди на карбон поради незначителна разлика.
[DOUBLEPOST=1413546371][/DOUBLEPOST]
Ја да купам прво точак, па после ќе размислувам за магла и гушење
искрено јас не би чекал ни минута веќе.Доста ми беше во минатото.Додека другите си возеа велосипеди,јас читав по интернети и чекав попусти вака нешто слично како тебе сега.
Но да не се мешам.Ако си решил февруари,март ондак нека биде така.Ти си знаеш најдобро.