Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
ВиБрејк пауер брату:) и алуминиумска рамка, мафни ова железава накинџурени.
 
Зошто ?? Зошто ќе ти се криви дискот после секое возење, плочките ќе се трошат брзо, а со тоа и менуелно ќе треба да ги штелуваш. Шапата ќе ја центрираш. Ептен заебанција.
Други (појаки) диск кочници ако му ставиш, нема да издржи амортизерот, многу е слаб, па и него ќе треба да го менуваш.
Мислам дека рамот не подржува диск позади и не знам која е поентата да имаш диск само напред.
Имаш Capriolo точаци со вибрејк (напред-назад) и би ти ја препорачал таа варијанта или пак појака (поскапа) диск (напред-назад) варијанта.
Како што пишав, ако ептен си загреан и ова не ти прави никаква разлика, тогаш земи го. Толку.
Добро поштувам совет затоа и те прашав. Не дека нешто сум посебно залетан него ми беше симпатичен , ако не ти е проблем ако налеташ на Capriolo со вибрејк (напред-назад) пушти ми во порака или било како . Фала
 
http://www.mastersport.com.mk/index.php/велосипеди/focus-bikes/cross/lost-lagoon-cs-5.0-dt-24g-2012-detail
http://www.mastersport.com.mk/index.php/велосипеди/focus-bikes/cross/marakas-24g-2011-detailhttp://www.mastersport.com.mk/index.php/велосипеди/univega-велосипеди/28-he-terreno-200-24g-2013-detail

Дечки ај уште малце помош, може сум малце напорен али стварно неможам да се одлучам сеуште. Некое мислење за горенаведените? Прв пат се среќавам со Focus и Univega..
https://www.facebook.com/photo.php?...160.1073741878.100000515416744&type=1&theater
со преднарачка овој бајк би те коштал 27.000 , иди и прашај си во пробајк . гледам постуваш лоши велосипеди за 27+ илјади денари зашто да даваш толку кеш за тапа бајк кога можеш да си купиш профи :D
 
Ова е МТБ. Ако не запримети сите велосипеди што ги постирав се hybrid. Ќе го возам на асфалт најчесто. И да, не сакам диск кочници.
 
Ова е МТБ. Ако не запримети сите велосипеди што ги постирав се hybrid. Ќе го возам на асфалт најчесто. И да, не сакам диск кочници.
Јас би го ставил во игра и овој Specialized или овој. И двата се на попуст од -15%, односно -20%. Сепак збориме за супербренд, за разлика од горенаведените,
 
Ова е МТБ. Ако не запримети сите велосипеди што ги постирав се hybrid. Ќе го возам на асфалт најчесто. И да, не сакам диск кочници.
демек cube-то не може на асфалт да се вози :?
 
Аре Ќубот мојт да го терат и на асфалт, али човекот си сакат Хибрид да терат.
@Avenger99 Го имам пробано Спешалајзот вториот шо ти го посочи Зоц, Фино точаче, убав дизајн, седиштето одлично, гриповите одлични, многу лесно за возење, санкир играчка а не точак.
 
демек cube-то не може на асфалт да се вози :?
Може. Ама сакам хибрид :)[DOUBLEPOST=1412432336][/DOUBLEPOST]
Аре Ќубот мојт да го терат и на асфалт, али човекот си сакат Хибрид да терат.
@Avenger99 Го имам пробано Спешалајзот вториот шо ти го посочи Зоц, Фино точаче, убав дизајн, седиштето одлично, гриповите одлични, многу лесно за возење, санкир играчка а не точак.
Знам ито кај си го пробал :D Ви бајк Охрид така? Се мислев и јас за него искрено.[DOUBLEPOST=1412432436][/DOUBLEPOST]
Јас би го ставил во игра и овој Specialized или овој. И двата се на попуст од -15%, односно -20%. Сепак збориме за супербренд, за разлика од горенаведените,
А овој вториот нема преден амортизер. Игра ли некаква поголема улога тоа? Во што поконкретно се разликува овој вториот од тој Specialized јас што го постирав претходната страна? Во преносот? Менувачите?
 
Може. Ама сакам хибрид :)[DOUBLEPOST=1412432336][/DOUBLEPOST]
Знам ито кај си го пробал :D Ви бајк Охрид така? Се мислев и јас за него искрено.[DOUBLEPOST=1412432436][/DOUBLEPOST]
А овој вториот нема преден амортизер. Игра ли некаква поголема улога тоа? Во што поконкретно се разликува овој вториот од тој Specialized јас што го постирав претходната страна? Во преносот? Менувачите?
Амортизерот игра голема улога за возење офроуд, но во случајов нема, зошто нели овие се хибриди и плус спомна дека ќе возиш по асфалт.
Разликата од овој сега и ти што го испрати не е голема, овој (Sirrus Sport) има Shimano пренос и е со 9 брзини (3х9). Исто така нема амортизер, што е предност ако возиш само по асфалт, зошто ќе си побрз и полесно ќе качуваш угорници. :)
 
dali ima nesto za smestuvajne vo vitoliste (za prenokevajne mislam) ??
 
Знам ито кај си го пробал :D Ви бајк Охрид така? Се мислев и јас за него искрено.
Комшиве имет, убав бајк е, нема дискусија. Отаде јет, од Ви-Бајк. Имаш и поефтини варијанти со појака опрема, али ко ќе ги видиш накитени на ништо неличат, нема естетика, гледаш само еден труп железа и акнати делојте нанего.
Ти посакувам се најдобро со изборот, ајде земви нешто како ќе не почастиш иначе:)
 
Се подготвува нов закон, кој од претходни искуства знаеме и дека ќе биде донесен без било каква јавна расправа или советување или дескусија:
Задолжително носење шлем за велосипедистите
Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на предвиденото.

и ако досеага нешто и немаше голема заинтересираност и желба за возење велосипед, таа уште ќе се намали кога додека возиш треба да изгледаш вака:Night-bike.jpg
 
Се подготвува нов закон, кој од претходни искуства знаеме и дека ќе биде донесен без било каква јавна расправа или советување или дескусија:
Задолжително носење шлем за велосипедистите
Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот.

Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот и лицата кои постапуваат спротивно на предвиденото.

и ако досеага нешто и немаше голема заинтересираност и желба за возење велосипед, таа уште ќе се намали кога додека возиш треба да изгледаш вака:Прегледај го приврзокот 104178
Не го разбирам законов, на кој пат? Ево гледам имаме одлична патна инфраструктура па решија по џеб да не акнат. Ко и стално законите кои ги носат благе везе немаат со реалноста, така да кога би го спроведувале би настанал хаос. Е ај види ти сега шо ќе бидит.
Да се разбереме секогаш кога возам носам кацига и препорачувам секој да си купи добро парче на кацига, не ради некој си глуп закон туку прво ради нивна безбедност па после ради се останато. Но никогаш не носам кацига кога возам во град, жива глупост и така ќе помине без јавна расправија па ајде за убо за арно да е, нека се полни буџетов.
Елек? Да не треба да се носат и пантолони? Па да изледаш како подвижна реклама или ко вработен од Македонија пат:pos:?
Абе не се саглам, овие.
 
Фино лепо објаснето, ама кој да се замара да чита од собрание или од каде и да ги носат сите закони.
http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/kacigi-na-tochak-stavete-si-vo-sobranie

целта е видна а тоа е да се намали велосипедскиот сообраќај, наместо како низ цела европа велосипедот да се промовира дури и како примарно средство за превоз низ градот, кај нас и тие малку што возат ќе сакаат да ги дотепаат со казни и закони разни.
лично мое размислување- треба до гтц да одам после работа да си земам нешто, ама не можам со точак зш немам кацига, елек, светла, (а и да имам ќе бидам ко кловн со сите тие на мене) следна опција ми е автомобил, е сега ќе морам да потрошам бензин (пола од цената за бензинот иде у буџет), ќе треба да платам паркинг значи пак ќе го дополнам буџетот, а да бев со точак денес ќе допринесев со 0ден во буџет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom