Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
sajSiGa

Истиот јас го имав и јас гарантирам дека е одличен за на дождливо време само има еден он проблем тоа што при брзина од 66 км па нагоре се превртува и прави како да си возел 99 и кога ќе видиш твојата најголема брзина е 99 :facepalm: за големи брзини не се препорачува овој брзинометар ... :)

Ти не возеше МТБ? :confused:

@честа

Еве ти добри дисаѓи од 40 литри, само цената им е малку поскапа.
 
Ти не возеше МТБ? :confused:

@честа

Еве ти добри дисаѓи од 40 литри, само цената им е малку поскапа.

Да, знам, баш овој модел и го планирам и собирам пари за нив, плус и добар челичен багаж, супер критики имаат Ортлиеб а и ги користат многу луѓе, цената мислам дека си е ок, за наши стандарди можеби и висока ама мислам дека би биле добра инвестиција.
Исто и Аксиом ми се во план, со оглед на тоа дека одприлика толку се со цената.
Имам време, нека помине летово прво. :)
 
sajSiGa

Истиот јас го имав и јас гарантирам дека е одличен за на дождливо време само има еден он проблем тоа што при брзина од 66 км па нагоре се превртува и прави како да си возел 99 и кога ќе видиш твојата најголема брзина е 99 :facepalm: за големи брзини не се препорачува овој брзинометар ... :)

Хмм незнам зошто кај тебе е така, јас го имам возено овој брзиномер со 73км/х и ништо не се случи и сега пробав од новиве еден на "суво" само со магнетот до 87,1км/х и нормално покажува се, максималната си стои 87,1км/х се е во ред.
 
Кај си возел со 87,1 КМ/х и со кој точак ??
 
Темава е одлична и тоа шо ја разлистив ептен ми помогна на поинаков начин да ги гледам велосипедите, да знам колку-толку да проценам што е добро, а што подобро :)
Е сега, сакам да прашам што прајте со еден важен сегмент од возењето велосипед (веројатно повеќе се однесува на градското возење) а тоа е, заштитата од кражби?
Каде да се остави велосипедот дури се завршува некоја работа, се пие кафе или што и да е? Како да се заклучи? Со што е најдобро да се заклучува и која е цената за истите работи?
 
Види, ако крадец го намерачи точакот твој, со што сакаш заклучи го, ќе го дрпне одма.
Што и да ти кажам каде да го паркираш би било релативно, зошто луѓе кажуваат и во сред центар им го собирале точакот, и потпрен покрај ѕид на кафич, во подрум, секаде, единствено што можеш да направиш е да го заклучиш добро така што би го заплашил арамијата.
Значи, секогаш со едно заклучувај го задното тркало со рамот, предното и целиот точак за некој цврст објект, така делумно би бил безбеден.
Или нешто вака
node_929_user_%5Buid%5D_bikelock3.png

U-lock мислам дека има во Вучко и мислам дека беше 600 денари.
Другар користи ланец од пазар како подолг кабел, ама тие се нежни со клешти можеш да го скинеш.
 
Бидејќи повеќе луѓе ме прашуваа дали се водоотпорни брзиномерите кои ги продавам решив да докажам, со помош на чаша вода :D Ако на некој му треба за летово нека ме исконтактира во ПП.

Не е ништо лично, ама купив еден за долар колку да го пробам. Се заеба истиот за една седмица.

Колку ги продавате ме интересира баш?
 
Не е ништо лично, ама купив еден за долар колку да го пробам. Се заеба истиот за една седмица.

Колку ги продавате ме интересира баш?

450денари, грешка си затоа што истиот го имам веќе 4 години и со него имам минато 3,500км досега ни батерија не сменив, а другар ми мина 9999км со него и ден денес го вози. За линкот што си ми го пратил со се поштарина кога ќе ти пресметаат далеку од долар е, ако навистина си нарачал ќе знаеш, плус со новиот закон под ризик си да ти го запленат-царинат на наша царина
 
450денари, инаку си грешка затоа што истиот го имам веќе 4 години и со него имам минато 3,500км досега ни батерија не сменив, а другар ми мина 9999км со него. За линкот што си ми го пратил не е 1 долар со се поштарина кога ќе ти пресметаат далеку од долар е, ако навистина си нарачал ќе знаеш, плус со новиот закон под ризик си да ти го запленат-царинат на наша царина

Кој нов закон? :confused: Во ред знам дека иди околу 3 долари, нема врска тоа нема ништо вулгарно во тоа да се заработи. Можеби мене не ми се погоди истиот, ама повеќе не земам таков.
Во врска со законот знам дека само царинат за роба над 45 евра, има некакаква нова процедура?
Имам порачано еден куп работи од ибеј претходно и чекам уште неколку работи да ми пристигнат, баш сега брзо порачав сигма брзинометар меѓу другото.
Има шанси да ми запленат нешто со тој нов закон?
 
Има, сега го "доработија" и скоро за ништо неможеш да бидеш сигурен дали ќе ти го царинат или не. Другар ми порача патики, околу 1800денари излегоа и му ги царинеа иако пишува во законот дека границата е 45 евра, а познавам човек кој нарача рачен саат некаде 150-200евра беше не му го царинеа. Исто така ако нарачуваш ист производ во поголема количина ќе ти го царинат зошто царинење избегнуваат само производи за лична употреба според законот (а 10 исти не се за лична употреба нели) нема правилно за никаде се излгеда како им дојде излегува на крајот...
 
честа

Интересно но секако ова што ќе го носиш нема да го носиш сам препоставувам ќе одиш со повеќе луѓе ...

Инаку да на тоа мислев за опрема јас на пример нема да носам шатор и такви работи ... бидејќи нема да спиеме во шатор и во вреќи туку ќе одиме некаде во хотел ... бидејќи гледаме да намалиме со опрема за да можеме повеќе да уживаме во местата каде што ќе одиме :) Инаку отприлика колку километри треба да извозите? јас искрено не можам да најдам колку километри ќе треба да се извозат ... :confused: Ако има некој на форумов кој има возено ваква слична тура ... нека ми каже колку има од тука до Охрид онака процентуално земено.
Скопје Охрид преку Битола ти е 250 км. Охрид Скопје преку Кичево е 180 км. Јас на времето кога возев низ Македонија (со роуд бајк) Со мене носев само еден ранец на грб. Резервна гума и основните лепак и лепенки за точакот и маици и долна облека за пресоблекување. Мала е Македонија и мислам дека нема потреба од спиење на отворено па да се има потреба од вреќи, шатори и сл. (освен ако е не желба за авантура). Имав среќа и немав дефекти (освен дупната гума) на точакот а за сместување “користев“ роднини, пријатели по градовите како и планинарски домови и конаци од манастири. Авантура и уживање огромно а минимален трошок. Ако прв пат возиш некоја релација најтешко е да одредиш темпо на возење. Запнеш многу се истрошиш немаш доволно сила за до предвидената дестинација да стигнеш во предвиде рок. Се опуштиш многу (се штедиш) и премногу долго возиш непотребно. Битен е балансот помеѓу напрегањето на нозете и малтретирањето на газот. :) Со среќа и со лесно да поминете на авантуриве што сте си ги зацртале.
 
VoniVaraS

Ни е нема да спиеме во вреќи - шатори и сл туку ќе спиеме некаде или кај пријател или во мотел - хотел зависи од цени и сл. Секако дека ќе направиме баланс бидејќи и не се брзам планираме целата тура Скопје - Охрид - Кичево - Скопје за некои 8 дена со тоа што во Охрид ќе останеме некое време ... инаку би сакал да те прашам Преку кој пат се стигнува до Кичево бидејќи јас сеуште не најдов на мапа па ако не ти е тешко да ми напишеш преку кои места се оди би ти бил многу благодарен. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom