Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
На почеток кога најавија дека Хенри Кавил ќе го игра Гералт, како и 90 посто од луѓето и јас бев во стилот WTF, дури и после кога ги гледав сликите не ми беше океј изборот. Ама сега после трејлерите и некои клипчиња од сцените мислам дека е совршениот избор, скроз ми се смени мислењето. Плус испадна дека Хенри бил голем фан на серијалот, ги читал книгите, ги играл игрите (уште пред да знае дека ќе ја има улогата) така да со голема пасија работел на улогава.

Што мислите? Јас очекувам многу од серијава.
 
Очекувам и јас, и помирен сум уште сега дека нема да биде се скроз исто со книгите, но нека серијата како филмски проект е квалитетна не е токку страшно.

А Хенри мислам дека ќе биде носечки столб на серијата, стварно изгледа погоден за улогата.
 
А пак ко фановите на книги/игри и остало што не е филм/серија, некогаш и некаде рекле од прва дека изборот на актери е таман. :rolleyes:

Јас ќе ја гледам, првично ради Хенри. После ради тоа што изгледа интересно.
 
А пак ко фановите на книги/игри и остало што не е филм/серија, некогаш и некаде рекле од прва дека изборот на актери е таман. :rolleyes:

Па не рекле, ама ова беше доста голем шок кога го објавија, зашто пример јас како човек кој ги изиграл сите 3 игри никако не можев да го поврзам Хенри со Гералт, поготово не после улоги како Superman и The Man from U.N.C.L.E. ама ете изненади човекот :)
 
Па мене оваа улога ко лаик за игрите и книгите, слична ми е со двете што ги спомна зашто некако изглед е во прашање, т.е за сите три улоги се има отепано од вежбање, а после иде глумата на ред. Хенри бил и порано во серија, не е само филмски актер, така што, мене пак изборот не ме изненадува.
 
Бев скептик за Хенри но после трејлериве мислам дека ќе биде гром. Истото важи и за женската што ја глуми Јен. Онаа па што ја глуми Фрингила ќе ми биде трн во око.
 
Па мене оваа улога ко лаик за игрите и книгите, слична ми е со двете што ги спомна зашто некако изглед е во прашање, т.е за сите три улоги се има отепано од вежбање, а после иде глумата на ред. Хенри бил и порано во серија, не е само филмски актер, така што, мене пак изборот не ме изненадува.

Напротив, за Вичер треба многу добра глума, ама тоа нема врска, не се сомневав во неговите актерски способности туку во неговата целокупна физиономија, градба и лик. Гералт е драстично различен лик во однос на Кларк Кент или агентот од U.N.C.L.E и во карактер и како појава, не се воопшто слични. Ама ги немаш претходно играно игрите и затоа не можеш да ме сфатиш :)
 
Цело време мислам дали серијава ќе биде чизи како првата книга Вичер (таа со прераскажани бајки на браќата Грим). Другите ги немам читано, али ми викаат дека не се такви како првата, наводно бољи се.
 
Онаа па што ја глуми Фрингила ќе ми биде трн во око.

И мене ептен ми боде очи, шо им требаше таа промена на Фрингила стварно не знам, ако сакаа црни карактери да стават во серијата слободно можеа некој нов лик само за серијата правен да стават кој ќе биде од Офир или Зеракениа.
 
Bill fucking Burr е во 6та епизода од The Mandalorian.

Тоатално се исплати Disney+ subscription само за ова.
 
Гледа некој His dark materials?
Вчера првата ја изгледав, ми се виде забавна за гледање.
 
Гледа некој His dark materials?
Вчера првата ја изгледав, ми се виде забавна за гледање.
Прво Watchmen ја откажав па сега и оваа стигнав до 7 епизода ама премногу cringe ми е ај до 5 си беше "нормална" ама после неможев повеќе. Незнам дали е до мене или па новите серии им се тешко срање на ХБО. Исто планирам и Riverdale да ја откажам. Инаку што мислите вреди ли да се почне
How to Get Away with Murder?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Unbreakable Kimmy Schmidt
Не е лоша, гледлива е, али по-woke/sjw серија/филм не сум гледал до сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom