Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Ја ѕирнал ли некој новата британска драма Happy Valley? Има прииилично одлични критики.

Ја имаш Воss во HD на kick ass. Ептен висок квалитет нудеше без веза ја прекинаа после 2 сезони. Ја препорачувам за оние што не ја гледале а сакаат политички драми.

Закон серијал. Само што го догледав, иако знаев дека е откажано шоуто после 2 сезони. Вреди.

Штета и криминал е што ја прекинаа серијава но без разлика на тоа ја препорачувам на секој.
И сега ми е јасно зошто @Psyside ми предложи откажано шоу :)

Ке го барам сега стариот мој пост каде што ми дававте предлози,другите серијали да ги погледнам.
Поздрав.
 
Мене уште повеќе ме срам да кажам дека ни Фрејзер ни Сејнфилд не ми се гледани, која од двете попрво да ја гледам за летото? :D

Него кога сме кај тоа, го правам распоредот што ќе се гледа за лето па ми фале и уште некоја друга стара покрај новиве. Ќе ви набројам неколку кажите која попрво да се гледа: Roswell, The Shield, Luther, Deadwood или Тhe West Wing.

Twin Peaks ќе ја репризирам оти последен пат во 2008 ја гледав, ми треба реприза:love::love:
 
Одлична прва сезона на Silicon Valley, се надевам втората ке трае малку подолго , обавезно да се изгледа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
ОК, прашање:

Дали House е серијал каде што секоја епизода е посебна приказна за себе, или дејството е надоврзано?

Клучно прашање за мене во одлуката дали да ја гледам. Благодарам.
 
ОК, прашање:

Дали House е серијал каде што секоја епизода е посебна приказна за себе, или дејството е надоврзано?

Клучно прашање за мене во одлуката дали да ја гледам. Благодарам.

Поголем дел од епизодите (поготово почетокот) од серијата - да.
Но, си има приказна у позадина, Хаус е еден од најдобрите телевизиски ликови, поврзано е со животите, споени се доста добро епизодите. Серија за болка, љубов и едно големо пријателство.
Различните случаи се само филер. Од мене имаш препорака, ја обожавам серијава.
 
Вкупно можеби 1000 епизоди од Хаус сум изгледал, до 5та сезона е совршена. Серијата е драма ама има подобар хумор од сите глупи комедија филмови во последниве години
 
ОК, прашање:

Дали House е серијал каде што секоја епизода е посебна приказна за себе, или дејството е надоврзано?

Клучно прашање за мене во одлуката дали да ја гледам. Благодарам.
во принцип хаус е серија каде секоја епизода е за себе. но како што кажа вот, а и во скоро секоја таква серија има некоја прикаска во позадина. но овде таа прикаска се интензивира со текот на времето, па се поизразена станува. но како и да е, серијата е ТОП. брза, динамиччна, со голем број на интересни репллики кои во некои моменти и нема да ги сфатиш одма, али пак затоа ќе те осават во размислување за истата. нема да згрешеиш ако ја изгледаш од почеток до крај. зошто го велам ова? па секогаш се случува да малку здосади, односно да креаторите имаат мала криза така да и ова не е исклучок.
 
Е ај, ке и дадам шанса. Читам одлични мислења така да ваљда вреди да се погледне.
 
^
Нешто друго овие гледани ми се,него ај ако ви текнува на ове две серии како се вика кажете,еднат идеше на канал 5 , се работи за семејство без мајка, таткото е пожарникар и има 3=4 синови и проблематични се ,комедија, другата идеше на сител 3 или пак сител во главна улога беше едно плаво дечко играа кошарка нешто и имаше тука дешавки те фрка со семејствот,девојки,кошарката,другарите и така ми се чини драма е.Сигурно ги знаате али имињава мене никако не ми текнуват,ако знате кажете

Првата е Complete Savages, едвај една сезона има, за пола ден ќе ја изгледаш.
Втората е One tree hill, 9 сезони, на почетокот ми беше ок, после ја зезнаа некако, не ја ни догледав.
 
Е ај, ке и дадам шанса. Читам одлични мислења така да ваљда вреди да се погледне.

House ти е серија која што ќе ја памтиш цел живот, серијата во некои делови е поврзана додека пак во некои не е, хуморот и арогантноста на главниот лик кога станува збор за љубовта, пријателството, луѓето па и смислата за самиот живот има да ти го сменат начинот на размислување. Веруј ми дека не знаеш колку голем среќник си со тоа што ја немаш изгледано серијава, пушти ја и уживај.

Некој да препорача некоја mindblow серија? :)
 
Жанр ?
 
Ќе одам со Boss, две сезони има само, одма ќе ја изгледам, не е лошо да препорачаш некоја серија што не е ситком. :)
Burn Notice ,Strike Back,Falling Skies ,Flashpoint,Vikings ,Person of interest,Nikita,Hawai Five-0 и Revolution .Револушн ,Вајкингс и Персон оф интерест се по 2 сезони другите се со 5-6 + .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom