Прва сезона беше одлична од Хироус, многу јако склопено, се беше супер. Премногу се заразив со серијава, на НОВА ја загледав, ја обожавав, после раат си ја симнав цела за да ја изгледам како сакам и кога сакам.
Втора сезона беше исто супер (барем за мене) интересно некако ги поврзаа работите со Хиро и со тој витезот или што и да беше.
Трета сезона веќе почна да паѓа серијата, глупости со татко им на Нејтан и на Питер, заборавив веќе што му беа моќите него и ред други работи од таа сезона кои веќе ги заборавив.
Ама четврта сезона дно-дна. Значи толку глупости, толку неповрзани работи никаде немам сретнато. Болеста на Хиро која беше на најсмешен начин излечена, најглупо користење на Robert Knepper (како лик мислам), после со Сајлар ја затупеа работата. И колку само воопшто немаше акција во сезонава тоа беше чудо некое. Како да не гледаш некоја сај-фај акција, туку цела сезона беше само дијалози и ништо повеќе.
Ама едноставно неможев да прекинам да ја гледам, морав да видам како ќе ја завршат серијава и добар крај имаше, ќе имаа материјал за 5та сезона, ама искрено колку ида ќе имаа материјал подобро што не ја направија оти мислам дека уште толку ќе ми го уништеа впечатокот за неа.
Се на се серијава има 7/10 од мене, сепак првите две сезони беа одлични ги изгледав во еден здив.