Таа е првата серија на Аппле и мора да е добра, со неа го лансираа стриминг сервисот, иако ги имам гледано само првите 2 сезони, третата чека некои подобри времиња.Не знам дали некој ја гледал или спомнал The Morning Show тука, не можам да проверам, search-от уште не работи. Само што ја завршив прва сезона и морам да кажам - S01E10 автоматски ми влегува во топ 10 епизоди на сите времиња и во топ 5 финалиња на сите времиња! Еден саат грицкање нокти и пробување да дишам! Не знам како воопшто им избегало на наградите, ќе видам каква ќе биде третата сезона која моментално е номинирана за ЕМИ, ама искрено не верувам дека подобро од ова може. Серијава, и особено епизодава е пример дека и покрај целиот ебан вокеризам кој уништува се што беше добро и се сере на се што беше свето, може да излезе приказна која иако woke, личи на нештата од старите добри времиња!![]()