Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Не се предавајте луѓе! Побројните Турци и Индијци сакаат да не окупираат, ама не се давајте! Еве ви нудам едно црешово топче за одбрана:) , срчов ако е точен никој не ја препорачал, a мислам дека и тоа како вреди да се изгледа.
Англиски интелегентен црн хумор, некласичен мокјументари(y)
Peep Show
MV5BMTc0ODMzNTI0MV5BMl5BanBnXkFtZTcwMjEyMDcyMQ@@._V1._SY317_CR5,0,214,317_.jpg

 
Не бев сигурен кај да го постирам ова....
tabela.png


Рејтингот за месец април.
Љубов и казна бр.1:facepalm:

Извор
 
Абе овие податоци не мора ништо да значат... Вистина е дека турските серии се доста популарни, но со оглед на тоа што ова истражување се врши на многу мал дел од домаќинствата во земјава уште од старт е осудено на пропаст.
 
Tажно е на крај кога ќе завршиш некој серија.

Сега? Ќе треба и никот да го мењам :)
За крај песната на 2:53.

Моментот кога една серија ќе те смее 6 сезони, и на оваа сцена ќе ти дојде да се расплакаш. :(
 
Тоа за Св.Павле е меѓу најдобрите работи на листата и тотално можам да го разберам: филмот е верски, и се обраќа на таргет група (верници + beneamata ) кои филмот го доживуваат од едукативен агол, пошто ги мрзи да читаат Библија.

Младината бара Американски или Британски серии зошто се во духот на новото време, прикажуваат начин на живот кој на повеќето им е препознатлив и прифатлив, и во зависност од жанрот, знаат да стимулираат фантазија и да го одведат гледачот на места кои не може ни да ги замисли. It's a fun game. Покрај тоа обично имаат врвна продукција и кастинг, создадени се за младина која е зависна од технологија и сака да ужива комплетно (слика, звук, ефекти итн...)

Т/Ш/И серии се во главно за кавги и сопки по дома помеѓу свекрвите, снаите и злобните комшии, и како таргет група ги имаат свекрвите, снаите и злобните комшии. А тие како што знаеме се мнозинство и не одат никаде. Проповедаат вредности кои одамна сме ги отфрлиле или никогаш нема да ги прифатиме а продукцијата им е толку добра што комотно можат да ги користат при испрашување осомничени за злодела. Му пушташ едно 50 епизоди од Малечката Невеста едно по друго, или ќе признае или ќе се акне со главата во ѕид.
 
Пошо у задње време малку ми прекурчи од драми,мистерии и слично седнав да си догледам кај сум застанал од НЕЈВИ и ја почнав НЦИС Лос Анџелес а воедно ја гледам и Хаваи 5-0 (најслаба од оваа категорија) и приметив нешо доста добро..Не знам чија е идеата ама ми се бендисува што почнаа да прават еден мал свет односно да ги спојуваат сериите кога овие нејви Гибс и екипата ке имаат пример случај во Лос Анцелес сорабутаваат со Лос анцелес односно со другата серија и од двете серии се прави една епизода и обратно...И сега гледам дека 21 епизода од 2 сезона на Хаваи 5-0 е со Кален и Хана од Лос Анџелес значи пак некоја заедничка соработка...Ми се бендисва идеата даваат динамика на сериите и некако и е кул.
 
Која серија му е ова по ред? Во секој случај, welcome back Метју. Иако не ми се допаѓа што серијата ќе иде на NBC. You bastards!
Нема многу, Мr Sunshine му е последна, пред тоа уште една.
 
Нема многу, Мr Sunshine му е последна, пред тоа уште една.
Studio 60 on the Sunset Strip. Не беше лоша серијата, ја гледав редовно на А2. Иако прво ми беше чудно што за прв пат го гледам Чендлер уозбилен. Серијата ја укинаа после само една сезона бидејќи, нормално, NBC. Bastards!
 
Studio 60 on the Sunset Strip. Не беше лоша серијата, ја гледав редовно на А2. Иако прво ми беше чудно што за прв пат го гледам Чендлер уозбилен. Серијата ја укинаа после само една сезона бидејќи, нормално, NBC. Bastards!
Чим викаш дека е добра, ќе ја побарам летово да ја ѕирнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom