Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Не, нема. :D Не и кажувајте бе, така можи од мрза ќе ги забатали бош сериите како оние со вампирските дневници и то другото од нив шо излезе. Напрајте и услуга. :D
 
Ај некој кој обожава Sci-Fi и ја ги има изгледано сите сезони на Stargate SG1 да ми пиши 5-6 збора? Гледам одлична оцена на имдб ... паралела со Стар Трек ?
И од мене преголема препорака за Старгејт. Сите, и SG1 и Атлантис па и Universe. Ама ако ги почнуваш, почни ги како што треба, прво изгледај го овој филм Stargate , потоа следи SG1 таму некаде на 7 сезона мислам дека спинува Атлантис. Тие можи и паралелно да ги гледаш после ама не е ни морално. Се следи добро приказната и така и така. Па за на крај на SG1 да завршиш со двата филма Stargate: The Ark of truth и Stargate: Continuum . После тоа цепи со Universe до крај.
 
Шо продукција е оваа баба ванѓа?
бугарска е??
моиве запнале македонска македонска
 
Шо продукција е оваа баба ванѓа?
Не знам дали се работи за оваа серија бидејќи не ја гледам, ама денес ова го читав неповрзана сторија.

Човекот што ја води целата операција во новата струмичка телевизија е Петар Трајков. На позицијата главен и одговорен уредник во Телеканал А1 доаѓа од струмичкиот затвор, каде што работел како службеник кој прибележувал кој доаѓал да одлежи казна, а кој заминува на слобода. Претходно, Трајков повеќе години работел како полициски службеник во Секторот за аналитика.

Во моментов е актуелен како дел од тимот што го изработи документарниот филм за балканската пророчица Баба Ванѓа во продукција на националната телевизија Канал 5, а со средства од македонската влада.
 
Па не е супермен!!! Готам ... > Криптон

ХА!
Готам само насловот вреди ито до пола, пошто содржи скратеница од една друга серија :D

(доста е офтопик хихи) че не кара wot
 
Дечки, како ви се виде Fargo? Многу се хајпав за серијава, а скроз ја заборавив.
 
Дечки, како ви се виде Fargo? Многу се хајпав за серијава, а скроз ја заборавив.
Си гази. Од глума до приказна. Можеби имаше мал пад на кај 3-та епизода, така некако ме држи меморија, можеби и грешам, но ептен добра серија во секој случај.
 
6та епизода е една од најдобите епизоди во ТВ серии што сум ги гледал. Фарго од мене 10ка
 
Gomorrah, италијанска сурова и реална, ме потсеќа на The Wire само без полицискиот и политичкиот аспект, целата перспектива е од страна на мафијата во Неапол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom