Општи дискусии за игри

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Да, и со одличниот мулти-плеер, уметничка вредност во игри не барам
За тебе игрите се за се освен за забава.Ако играта е забавна зошто да бидам хејтер и да не ја играм?
Бурч ова убаво го објаснува
--- надополнето: Jun 13, 2011 4:52 PM ---
Тоа е тоа, а и така ќе остане.
Да го цитирам и Џои ова да го види.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Колку што разбрав типацов сака игрите да бидат на некој начин филмови и да може да се стапува во секојдневни интеракции со NPC-јата кој што би биле бесконечно зборување,бакнување,секс нешто како симс во прво или трето лице и контрола на само еден карактер.Ама каде е тука забавата?Сите тие работи треба да се прават во реалниот живот,а не на игри.Точно дека филмовите го содржат сето ова меѓутоа во филмовите се раскажува приказна на човек или поголема група и таму ти неможеш воопшто да сториш нешто.Додека во таква игра се ќе биде линерно или ќе имаш право на некој ограничен избор.Но таму ќе ја нема забавата освен ако на некој му е забавно да слуша чаршиски муабети помеѓу пиксели.Такви игри би им биле забавни само на оние кој што имаат само виртуелен живот и ќе испробуваат на играта се што неможат во реалниот живот.Дури и indie игрите правени во пеинт кои што ти ги обожаваш се чиста забава.Можеби некои имаат приказна која оди подлабоко меѓутоа за да се стигне од точка еден до точка два за да се изврши дел од приказната пак треба да се направи нешто било скокање,убивање,уништување,пукање за да се стигне до точка два и доколку е забавно играта ќе биде играна доколку не ќе биде заборавена за век и векови.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Колку што разбрав типацов сака игрите да бидат на некој начин филмови и да може да се стапува во секојдневни интеракции со NPC-јата кој што би биле бесконечно зборување,бакнување,секс нешто како симс во прво или трето лице и контрола на само еден карактер.Ама каде е тука забавата?Сите тие работи треба да се прават во реалниот живот,а не на игри.Точно дека филмовите го содржат сето ова меѓутоа во филмовите се раскажува приказна на човек или поголема група и таму ти неможеш воопшто да сториш нешто.Додека во таква игра се ќе биде линерно или ќе имаш право на некој ограничен избор.Но таму ќе ја нема забавата освен ако на некој му е забавно да слуша чаршиски муабети помеѓу пиксели.Такви игри би им биле забавни само на оние кој што имаат само виртуелен живот и ќе испробуваат на играта се што неможат во реалниот живот.
Грешно си разбрал. Тој не кажува како да се прават, туку отприлика кажува еден општ правец на кај да тргнат игрите. Со филмовите направи паралела дека таму има онакви блокбастери со special defects ама има и вредни филмови, оскаровци.

Значи главната поента му е дека денес маркетот доминира и тоа на големо со глупи детски насилни видео игри и дека во иднина нивниот број треба да се намали. Да има повеќе варијација, да се обработуваат најразлични идеи и теми. А не кажува како. Како, е оставено на дизајнерите.

Дури и indie игрите правени во пеинт кои што ти ги обожаваш се чиста забава.Можеби некои имаат приказна која оди подлабоко меѓутоа за да се стигне од точка еден до точка два за да се изврши дел од приказната пак треба да се направи нешто било скокање,убивање,уништување,пукање за да се стигне до точка два и доколку е забавно играта ќе биде играна доколку не ќе биде заборавена за век и векови.
Значи длабочина, широчина, порака итн. не мора да се постигни само преку приказна. Цел на дизајнерите е тоа да го постигнат преку тоа што е специфично за видео игрите - гејмплеот, интерактивноста - баш преку тоа скокање, пукање, гмечење или што и да е. о.0
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Грешно си разбрал. Тој не кажува како да се прават, туку отприлика кажува еден општ правец на кај да тргнат игрите. Со филмовите направи паралела дека таму има онакви блокбастери со special defects ама има и вредни филмови, оскаровци.

Значи главната поента му е дека денес маркетот доминира и тоа на големо со глупи детски насилни видео игри и дека во иднина нивниот број треба да се намали.
Ок нека не бидат глупи детски насилни видео игрички.Нека биде било што.Само нека е забавно.Игрите се за забава.Така почнаа така треба и да останат а со приказната нека прават што сакаат.Кажи ми ја поентата на приказната кај првите игри кои што се појавиле на пазарот Tennis for two,Space war,Pong потоа pac man,Cadilacs and Dinosaur,супер марио потоа спортските игри како тенис,кошарка,фудбал.Зошто тие се играни?Тие се речиси или без приказна и покрај тоа се играни.Зошто?Затоа што се забавни.Игрите се прават за забава.За да бидат позабавни може да се стави и интересна приказна која што по желба на креаторот може да оди многу длабоко или да биде површинска.Проблемот со длабоките приказни е тоа што после повеќе време или ќе здосадат или толку ќе се измешаат што ќе изгубат цел.Но има и игри со добри длабоки приказни кои што не заглавуваат но тоа е до креаторот на приказната.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ок нека не бидат глупи детски насилни видео игрички.Нека биде било што.Само нека е забавно.Игрите се за забава.Така почнаа така треба и да останат а со приказната нека прават што сакаат.Кажи ми ја поентата на приказната кај првите игри кои што се појавиле на пазарот Tennis for two,Space war,Pong потоа pac man,Cadilacs and Dinosaur,супер марио потоа спортските игри како тенис,кошарка,фудбал.Зошто тие се играни?Тие се речиси или без приказна и покрај тоа се играни.Зошто?Затоа што се забавни.Игрите се прават за забава.За да бидат позабавни може да се стави и интересна приказна која што по желба на креаторот може да оди многу длабоко или да биде површинска.Проблемот со длабоките приказни е тоа што после повеќе време или ќе здосадат или толку ќе се измешаат што ќе изгубат цел.Но има и игри со добри длабоки приказни кои што не заглавуваат но тоа е до креаторот на приказната.
Види го тоа што го допишав погоре. Еве го пак
Значи длабочина, широчина, порака итн. не мора да се постигни само преку приказна. Цел на дизајнерите е тоа да го постигнат преку тоа што е специфично за видео игрите - гејмплеот, интерактивноста - баш преку тоа скокање, пукање, гмечење или што и да е. о.0
Преку тој проклет гејмплеј исто како што може да се индуцира евтина забава кај луѓето може да се создадат и други чувства. И ете имаме уметност. И така ако една игра успее да зодаде цела низа чувста и мисли кај играчот, имаме поголема уметничка вредност или што некои го викаат висока уметност.
И нормално не треба се да биди така па би имало и игри со ниска уметност (поедноставни, помалку чувства и мисли).

Досега како што вика и Бурч големо мнозинство од игрите се тоа, само забава и тоа ефтина забава, онаа која ќе ја заборавиш после 5 минути. Претерано ниска уметност со што се доведува до прашање уметничката вредност на целиот медиум.

Или со други зборови: една игра - забава, две игри - забава, 10 изиграни игри - забава, 100 игри - забава, 350 игри - е преку куро со таа забава.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Има игри со повисока уметничка вредност.Тоа не е спорно.Но тие не се нешто позабавни.Не сум против игрите со повисока уметничка вредност но дали тие би ти биле забавни доколку само трчкаш низ празен простор и не правиш апсолутно ништо и разговараш со NPC коии ти кажуваат високо уметнички работи?Тие не би биле забавни без добар гејмплеј.Забавата доаѓа од гејмплејот ако тие високо уметнички игри немаат добар гејмплеј и покрај нивната „висока уметност“ тие би биле глупави.Ти плукаш по сите игри без висока уметност само поради тоа што ти сакаш некоја си твоја висока уметност и воопшто не припазуваш на гејмплејот.Па и фудбалот нема некоја приказна.Дали сега треба да се додаде некоја „висока уметност“ во фудбалот само поради тоа што се е исто во последните 200 години?Ајде да им дадеме на играчите на теренот додека играат да решаваат некој мистерии или да си тераат некој филм како да се на LSD.Доколку сакаш високо уметнички приказни читај книги или гледај филмови.Игрите се за забава.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Абе ме читаш или не.
Шо трубам по 3 пати.

Висока уметност можеш да имаш преку ГЕЈМПЛЕЈ, а не преку глупи NPC-иња. Преку тоа што ти го викаш забава. Преку проклетото пукање на терористи. Само тоа треба однапред да се смисли.
И уметноста/емоциите нема да идат преку нешто линеарно туку преку динамиката на гејмплејот, тоа што секогаш играта се игра различно.
И не се ставај во улога на дизајнер оти предлозиве се веќе одамна отфрлени (НПЦиња шо тресат глупости...) од дизајнерите.

Шо го спомна фудбалот - тој не е видео игра.
Видео игрите можат да бидат и игри и уметност (и не е исклучена забавата, оти нели и таа е чувство). Преку тоа што се игри можат дури и најдобро да ја пренесат својата порака.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ни ти незнаеш што трубиш.Зборуваш нешто ама не си конкретен.Првин игриве сега биле невредни поради приказната,потоа поради линеарноста па сега поради гејмплејот.Ако некоја игра бара повеќе вештина за играње и повеќе трпеливост не е подобра од некоја игра која служи чисто за релаксација.И игра која бара повеќе вештина нема повисока уметност од некоја поедноставна игра која е чисто за забава и релаксација.Не велам дека потешките игри се лоши напротив тие се одлични но неможе да се рече дека доколку играта има одличен гејмплеј а е лесна дека е лоша.
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Океј , типов си кажува што НЕ му се допаѓа. Искрено , и мене не ми се допаѓа фактот шо имбецилен шутер (Килзон, Батлфилд , Кол оф Дјути , Модерн Ворфер , Медал оф Анар и куп други.) се продава у толку голем „тираж“ , ама си наоѓам игри што ми се допаѓаат.
Поентата е во релативноста на поимот - забава. Што е забава?
За хард кор авантурист - авантури , за РПГ плејер - РПГ игра, итн. Пробај пушти му на некој цел живот ПЕС шо игра , Baldur's gate.
Сржта секогаш е забава, дали емотивниот ролеркостер шо ќе ти го сервира играта (или права линија , гледано од аспект на варијација на емоции) , ќе те натера да уживаш во возењето : т.е. да ти е забавно.
И самиот човек на почетокот вика дека игрите се дел од Entertainment industry. Види wikipedia за Entertain.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Ни ти незнаеш што трубиш.Зборуваш нешто ама не си конкретен.
Знам ја лол. И знам дека не сун конкретен, а за да бидам треба да ти покажам готови игри. Ај утре или за неколку дена, на блогот, ќе биди еден текст за неколку вакви игри на кои целта им е да покажат некои други чувства, а не краткотрајна забава. Слушни што ќе кажам, изиграј ги тие неколку минутни игри и на крајот размисли.
Поентата е во релативноста на поимот - забава.
Токму тоа.
Само јас вака го поставувам. Луѓето сакаат наплив на емоции/чувства/мисли. Нормално секој си има свој вкус што е всушност сакање на одредени комбинации на нив. И тоа генерира еден вид општа забава.

Проблемот што јас го гледам е што видео игрите досега, во овие 40тина години постоење, се задржале на „генерирање“ само неколку типа забава што јас ја викам ефтина или краткотрајна забава. А можат многу повеќе од тоа.

Значи јас досега како голем играч на игри сум искусил скоро сите тие типови, до тој степен што не ми се повеќе интересни. Барам нешто поинакво. (И се чувствувам способен да направам нешто поинакво :))
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
... Во оваа во последно време голема инфлација на добри, но стварно добри FPS игри... сепак се исплати поминатото време со неа... колку да останеме во кондиција до појавата на некој стварно добар наслов....
... е ако ме заебе и DEUS EX 3 озбилно ќе размислам да го напуштам играњето... уствари ќе го почекам и најавениот S.T.A.L.K.E.R. 2
Смени го жанрот, се најдува радост.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Јок... навлечен сум...:ROFLMAO:
Може може пример почни со некое авантуриастичко рпг, гледај да не биди масивно, па после на чиста акциона авантура, па на постар 3д (или некој поголм 2д) платформер, па на модерен 2д платформер, на top-down шутер со леталце, на twin stick шутер со апстрактна графика, па на музичко ритмичка игра... после види нешто on-rails шутер ко оние старие од СЕГА или некој глуп во флеш, па врати се на фпс кога ќе излезат rage, dead islands, far cry 3 и stalker 2.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom