Онлајн купување од странство (искуства)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Знам бе дека ќе ја земат, имам јас онакво онлајн тракинг намбр, и ни пет ни шест кај нас дојде, и одма HOLD BY CUSTUMS, ама ај ќе глеаме да напрајме некако, нема друго чаре :) Ептен шеќер ќе им се видат 50$ плус да му давам . . . А не е само маицава шо треба да стигни, треба и дукс и друго нешто да стигни, кје му одам со бомбите во царина ако пак нешто и за нив праат проблеми.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 15:52 ---
А чекај бе, на пример мора по пошта или по факс да ги пуштам овие работи (за вредност), неможе по имеил да им се пушти на царинициве наши да видат шо како, или со галеби само работаат ?
Имаш емаил другар мислан лево горе на ливчето само принт скрин направи им , доколку си сигурен дека нема цена на пакетот изманипулирај малце смени ја цената . :D
 
Абе да не испаднат поголеми проблеми после, за тоа ми е мене....
 
Ако си сигурен дека нема цена на пакетот менви намали си ја :D јас така направив ми заглавија 2 пара патики во еден пакет пуштени на тежина ми ги фатија , ама пишуваше на пакетот само 22$ за двата пара , беа по 60$ двата пара јас ги направив по 32.5 и со толку поминаја ама пак ми дојде 1700 денари за двата , а да не сменев ќе платев над 3300 !
 
Некој шо порачувал облека од интернет нека пиши како оди постапката, дали царинат и колку. И од кои стајтови најчесто пазри.

Јас имам купувано од ebay.com. Царина како што јас разбрав се плаќа над 45 евра(освен ако не го порачаш со DHl,FEDEX и останати јаки компании Shipping) само пази на големината на облеката.. имам јас порачано 3-4 блузи, ниту една не ми е таман(не дека не пишува тамо колкава е големината, само ме мрзеше да мерам :D)
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 22:20 ---
ако се најде некој што е од Скопје а да купува од Ebay нака пише ПП ...

Јас купувам од Ebay ама пустото не сум од Скопје :)
 
Ако си сигурен дека нема цена на пакетот менви намали си ја :D јас така направив ми заглавија 2 пара патики во еден пакет пуштени на тежина ми ги фатија , ама пишуваше на пакетот само 22$ за двата пара , беа по 60$ двата пара јас ги направив по 32.5 и со толку поминаја ама пак ми дојде 1700 денари за двата , а да не сменев ќе платев над 3300 !

Абе ти си напрајл, ама после ако речат фалс малс такви ми ти работи, или мила душа ризик јак? :)
 
Затоа ти реков ако си сигурен дека нема цена на пакетот не треба ни фотошоп ни пеинт , одиш на страницата каде што си ја платил , го обележуваш местото каде што стои сумата десен клик инспект елементс , па менуваш цена и правиш принт скрин , ела нека познаат ! Ама пак ти викам ако си сигурен дека нема цена на пакетот , или прво контактирај го продавачот за да ти каже колку цена ставил .
 
http://prntscr.com/1zx280

Еве бе другар :) пиши ко ќе одам да порачам други работи, дека цената не ја пишува никаде на пакетот или било што да е :) Ме стај во мисЉа
 
Па што да ти кажам пробај направи ја 30-40$ барем така ќе дајш уште 700-1000 денари наместо 2200-2300 ..Не се замараат многу тие , штом ти напишале да им пратиш цена значи нема на пакетот .
 
Да прво така ќе пробам да видам што ќе речат од „горе“ . Е ако неможе така, има други начини секако :)
 
Баш ете им пуштив меил на царинициве или пошта не сум сигурен, рекоа дека можело и преку меил, ако на некој му затреба ( ciposta@customs.gov.mk ), па сеа ќе видиме дали ќе има некој повратен одговор и дали воопшто ќе видат, ќе известам секако
 
Добро е дојде дресот се напучив 600 денари на царина, ама добро требаше и повеќе (сменав некоја бројка на документот :) ) Тоа е тоа
 
Дали би ми се исплатило да купам две книги од интернет- вкупна цена $21.50? Мислам колку поштарина би платил?
Ако би ги добил на поклон од некој во САД колку би требало да платам во пошта кога ќе пристигнат? Дали ми треба потврада за нивната цена?
Please reply.
 
Кога ќе ги купуваш пишува поштарина колку, ако има може и да нема поштарина. Царина нема да платиш во никој случај оти сите предмети под 22 евра не подлежат на царина.
 
Дечки дали и поштарината ја рачунаат за царинење или само цената на производот?
 
И поштарината се рачуна. Затоа гледај да купуваш кај што нема поштарина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom