Онлајн купување од странство (искуства)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво батки, гледам една ел. гитара на Амазон 300 долари или 15,600 а истата кај нас е 28,000 ден. Е сеа да се распрашам како иде работата со шипинг, дали е бесплатно и воопшто дали е сигурно и безбедно да се опнат 300 долари на таков сајт(дека прв пат купувам од интернет). И на крај да прашам и за царина како што, да не испаднат плус давачки па да искочи ѓавол ипол.
позз
 
зависи од се, ја купив половни бордгејмс со експанзии од грчка 110 +40 еу шипинг ,ми стигнаа за 2 недели , беа на царина ама само 200 ден ми земаа за пакет од 10 кг, исто имам и од англија , франција ,холандија, за + 50 еу без царина секогаш поминато иако имаа и фактури на нив...обично електроника скоро секогаш царинат и облека, (на сестра ми венчаница од вера вонг и пратија од канада подарок, овие бараа 400 еу царина ма да се наценкаа за 120 еу)
 
Да ме утепаш ако знам што да правам. Гитарава ептен ми ја фаќа око, нема таква кај нас ама и стварно е поевтина. Нема некој начин да дознаам дали ќе ја царинат?
 
мене ако ме прашѕуваш би ја земал од тука, прво со поштава наша не можеш да бидеш 100 посто сигурен, друго ако те царинат рачунај околу третина од цената на гитарата плус и трето гледам дека цената е во долари па сигурно од америка порачуваш, скап ќе ти биде шипингот (гледав некои бордгејмови во уса за околу 3 кг 80 тина долари за шипинг бараа) така да под 100 долара не верувам да ти испадне транспортот,,,се на се кога ќе израчунаш ќе те чини колку и овде да ја земеш ,може некое 1000че помалку само што ќе те јадат нерви додека ти стигне (:
 
Планирам да купам мобилен од ибеј, со фри шипинг и цена 100 евра (кај нас е 250-300 евра). До сега имам нарачувано се под 45 евра (мислам дека се уште е толку тарифата за електроника) и сум немал никакви дополнителни трошоци. Продавачот вика дека пратката се води како гифт со помала цена. Па ќе има шанси да помине без царина? Дали е поисплатливо вака или да одам од тука да го купам?
 
Штом си до некаде запознаен со купувањево имам нешто да прашам. Преку страната bike24.de сакам да порачам производ кој е до 45 евра и Германецот ми пишал дека за пратка од Германија до Македонија ќе платам дополнителни 19/20 евра или 65 комплет. Па според ова дали ќе треба да плаќам нешто кај нас дополнително ? Ве молам за одговор знам со какви арамии од цариници си имам работа :)
 
над 45 еу се плаќа царина и ддв, во цената за царинење влегува и шипингот, само кај нас не е ништо сигурно ,може и да платиш царина може и без денар царина да помине
 
Штом си до некаде запознаен со купувањево имам нешто да прашам. Преку страната bike24.de сакам да порачам производ кој е до 45 евра и Германецот ми пишал дека за пратка од Германија до Македонија ќе платам дополнителни 19/20 евра или 65 комплет. Па според ова дали ќе треба да плаќам нешто кај нас дополнително ? Ве молам за одговор знам со какви арамии од цариници си имам работа :)
Да , ќе треба да доплатиш, т.е зависи од тоа што ќе ти напишат на пакетот.
Мој пример, нарачав наочари за сонце од амазон - 70$ наочарите + 30$ shipping , платив 33$ (15% царина + 18% ддв).

над 50е сигурно ќе ти наплатат ддв и царина
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom