"One Republic" во Скопје - 01.06.2015

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Официјално известување од Авалон :




Сензационално: ONE REPUBLIC доаѓаат во Скопје !!!

Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека најактуелната светска поп-рок група „One Republic“ доаѓа во Скопје на 1ви Јуни. ...
За да престанат изјавите дека во Македонија веќе неколку години не доаѓаат свежи и актуелни артисти, Авалон Продукција се потруди да донесе нешто најсвежо и најактуелно во светски рамки во моментов.
One Republic - групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1ви Јуни во Метрополис Арена.
Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот „Native World“, што ако не се лажеме досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја.
Кога е пак во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“, тука навистина се е кристално јасно – One Republic се дефинитивно најактуелениот поп - рок бенд во светот во моментов.
Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како headliner-и на многу големи светски фестивали. Инаку One Republic во моментов е на актуелна европска турнеја на која најблиску во регионов доаѓа во Словенија на 16ти Ноември во Арена Стожице - концертот е распродаден две недели пред одржување со неверојатни 16.000 продадени билети!
За концертот на One Republic кој ќе се одржи на 1-ви Јуни во Метрополис Арена, билетите ќе бидат пуштени во продажба на 24ти Ноември, а за цената и останатите детали ке ве информираме до крајот на идната недела.
Ваша,
Авалон Продукција
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Зашто нема официјално на нивната страна?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
А ако не ги слушате или не ги знаете, зошто воопшто влегувате во темава?
Квики, Каролина е на 13 декември, овие се во јуни.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
еј си праам сценарио ако одам на овие на први, а на 4-6 јуни на MUSE во Виена, уау кој филм за второто, сепак ќе биде проклето добра 2015 ако ми се остваре втората желба!

:cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
А ако не ги слушате или не ги знаете, зошто воопшто влегувате во темава?
Квики, Каролина е на 13 декември, овие се во јуни.
За да мрчат бе ДИЈАМАНТЕ, за да мрчат.
Класични фиромјани.
Него дај ти имаш врски таму, прашај ги кога ќе ми ја донесат Иги Азелија
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во период кога исклучиво доаѓаат само турбофолк ѕвезди, ова е одлична вест. Ама пошто се комерцијала, нАли одма се почна со муабетот со тролање, пошто ако не се андерграунд не се достојни за нечие внимание. :rolleyes:

Јас ќе одам и супер ќе си поминам. Фала многу, пријатно.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Баш ме радува што ваков бенд од светски размери доаѓа во Македонија. Иако се комерцијала и слично, нема потреба од мрчење, пошто е успех да ги донесеш ако го земеме во предвид статусот кој го имаат моментално.
 
G

garthok

Гостин
Мене ме интересира кој бенд е повеќе геј, овој или One direction.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
a koj според вас требало да донесат а да не е од овие "комерцијала"
Баш супер група се светски мегапопуларни, и добро е што сме успеале и нас да не вметнат во нивната турнеа
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Онака, место да мислите дека ако ги донеле овие, може да донесат вашиот омилен бенд кој е популарен, вие серете. Досадни сте, тие мрчења беа интересни 2008ма година. Мене ич не ми се свиѓааат како група, но се радувам што доаѓаат зашто може да биде знак за други идни концерти на групи кои мене ми се допаѓаат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.909
Поени од реакции
84.315
Просечен кајганџија mode: On
А бе ајде кои се овие више не се интересни, им пројде фамата, не се популарни, само старци носат кај нас, башка на пиво фест ќе ги донесат за некоја година, а и кај и да е со САРС заедно ќе имаат настапи секој втор месец ќе ни доаѓаат, шо е ова само не трујат со турбо фолк и турски серии наместо да ги трошат парите за друго овие споменици градат, бендови викаат глупости.

Просечен кајганџија mode: Off

Кул
 

Kajgana Shop

На врв Bottom