ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ме загрижува што ќе се деси со претплатите...Јас сум на Селект Промо 400 без договор..да не ми го земат овие

Најверојатно нема да ти го сменат, барем не без твоја согласност.

Јас користам припејд од Ти-Мобајл уште од 2002 година и речиси никогаш не ставав кредит во салон на тогашен Мобимак, односно денешен Ти-Мобајл, туку речиси секогаш користев припејд картички кои можеа да се купат во продавница, се додека не ги укинаа, па до денешен ден ставам кредит во продавница.

Но во 2013 година, или можеби беше на почетокот на 2014 година, не помнам точно, ставив кредит во салонот на Ти-Мобајл во Скопје Сити Мол, каде што ми кажаа дека припејд тарифата која ја користам од поодамна е укината и има многу поевтина припејд тарифа која трае многу подолго за истите пари.

Ми ја сменија припејд тарифата дури откако прифатив нејзино менување, во спротивно ќе ја задржев старата припејд тарифа која ја користев уште од времето на тогашен Мобимак.

Е сега, знам дека припејд не е исто што и постпејд, и дека Ти-Мобајл се една приказна, а ОНЕ и Вип се друга приказна, но сигурно истото ќе важи и за тебе, сигурно не се глупави да ти ја сменат тарифата само поради спојување на двата мобилни оператора и нивно ребрендирање, без притоа воопшто да те прашаат дали сакаш менување на тарифата.
 
Оне.Вип треба да донесе подобри услуги, но веројатно и повисоки цени

Оне и Вип ги здружија силите во Оне.Вип, односите на моќта на пазарот се менуваат, а најавија и подобар квалитет на услугите. Но, веројатно, како и во Европа, тоа ќе има своја цена.
Окрупнување, т.е. консолидација на пазарот за телекомуникациски услуги што изминатиов период се заговара, но и веќе се случува низ цела Европа, не ја заобиколи ниту Македонија. Спојувањето на Оне и Вип, најавено во октомври лани, почна да се остварува на терен. И додека од регулаторите се чека дозволата за спојување, да видиме што ќе се смени на телеком пазарот во Македонија со спојувањето на двете компании.

Според податоците од Агенцијата за електронски комуникации (види табели), заклучно со вториот квартал од 2014 година, Македонски телеком останува лидер во делот на фиксната телефонија, со преку 60% пазарно учество во делот на активни претплатници, но во делот на мобилната телефонија, каде што до вчера имаше лидерство, сега ќе биде операторот (Т-Мобиле) со помал удел, односно околу 46% наспроти 53% на Оне.Вип, и незначителните 1% на виртуелниот оператор Албафоне.

Tabela-01-One.Vip_1.jpg

Во делот на широкопојасниот интернет пристап, односот на силите ќе биде следниот: Македонски телеком со околу 43%, а Оне.Вип со 26%: Останатите 30-тина проценти ги покриваат помалите оператори, кои што се преку 100 на број.

Во делот на ТВ услугите пак, Оне.Вип ќе ја има лидерската позиција со 33.4%, а Македонски телеком ќе се бори да го зголеми својот удел од моменталните 27%. Со, тоа што Оне.Вип, како што стојат работите сега, ТВ содржини ќе нуди преку кабелската платформа на Близу и дигиталната DVB-T платформа на Оне под брендот BoomTV . Македонски телеком пак, ја нуди телевизијата преку т.н. Интернет протокол, или IPTV, под бреднот MaxTV. Во моментов с$ уште немаме сознанија како Оне.Вип ќе се однесува во поглед на ТВ услугите, дали ќе остане состојбата каква што е сега, или ќе има промени во насока на унифицирање на понудата, најверојатно во насока на посовремената и пософистицирана дигитална платформа.

Оне.Вип ќе има најголем удел во мобилната телефонија и ТВ услугите
Во моментов во Македонија, кабелската телевизија учествува со половина (52%) на пазарот според начините на пренос на ТВ содржините до крајни корисници. Тука најголеми играчи се токму Близу, кој што пак на вкупниот пазар за ТВ услуги учествува со 16,5%, и Телекабел, кој што е лидер во делот на кабелска телевизија, а со учество на вкупниот пазар со 20%. Дигиталната телевизија на Оне учествува со речиси 17% на пазарот за ТВ услуги, а IPTV на Македонски телеком со околу 27%. Ова значи дека Оне и Вип заедно имаат поголем удел на пазарот за ТВ услуги во однос на Македонски телеком, но нудат содржини преку различни платформи.

Сега засега, технички најсупериорна е платформата на Македонски телеком, во поглед на опциите што им ги нуди на корисниците (снимање, стопирање, ТВ тека, итн.), и се очекува борбата за придобивање на корисниците да продолжи токму во делот на овие погодности што им ги нуди телевизијата. Токму тие технолошки новитети што ги нуди дигиталната телевизија, и Оне ги истакнуваше во моментите кога ја доби лиценцата за да ја направи дигитализацијата на ТВ сигналот во Македонија, која што стартуваше од јуни 2013 година.

Tabela-02-One.Vip_.jpg

Дали ќе се качат цените?
Она што најмногу ги интересира корисниците и на Македонски телеком и на Оне.Вип е како ќе се движат цените на услугите во новонастанатите околности на пазарот. Операторите во последнава година бележат намалување на приходите заради намалените до 70% цени за интерконекција, како и заради и силната конкуренција поради што се жалат дека не можат да инвестираат во натамошен развој. Колку за илустрација, приходите на Македонски телеком во првите девет месеци од 2014 година се за 13% помали во однос на истиот период од 2013, а добивката е помала за 14,5%, доколку се исклучи ефектот од данокот на добивка поради промените во регулативата. Приходите од говорни мобилни услуги во првите девет месеци од 2014 година се намалиле за 20%во споредба со истиот период од претходната година како резултат на намалувањето на тарифите.

Оне имаше пад на приходите од 6%, како и на добивката од 21%. Вип оператор пак, забележа пад на приходите од 10,2%, а на добивката од 8,8%.

Покрај намалувањата на цените наметнати од регулаторот, телеком операторите последниве неколку години водеа агресивна политика на намалување на цените на услугите, особено во мобилната телефонија. Сега веќе се нудат месечни претплати што вклучуваат неограничени разговори и смс пораки кон сите мрежи, како и солидна количина на мобилен интернет, за само десетина евра. Оваа жестока битка за корисници ги изеде профитите на операторите, и одржувањето, односно зголемувањето на приходите и профитите на среден и долг рок ќе остане предизвик за овие компании. Инвестициите во инфраструктура и усовршени технолошки решенија ќе донесат подобар квалитет на услугата, но аналитичарите велат дека, исто како и во ЕУ (види ја рамката) тоа ќе си има своја цена, што на крајот ќе ја платат корисниците преку поскапите месечни претплати.
 
Наслушнав дека телевизијата сакале да ја направат VIP SAT тв како во Хрватска а истата многу брзо ќе крене и во Србија.
 
А тогаш што ќе биде со boomTV и blizoo.
Додуша за blizoo се знае барем засега, дека ќе остане посебна фирма.
 
Наслушнав дека телевизијата сакале да ја направат VIP SAT тв како во Хрватска а истата многу брзо ќе крене и во Србија.
Ова би било супер . Да им текне сите наши македонски телевизии да ги стават на сателит.

Па така јас мислам дека еден ден Boom TV и Blizoo ќе ги спојат во едно VIP TV како втора опција за оние кој не сакаат сателитска или пак сателитска им е скапо за плаќање.
 
Заклучок за поведување на постапка за оценка на концентрацијата помеѓу мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ, Австрија и ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, Република Македонија (предмет бр. 08-192/2014)
Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 03.02.2015 година донесе Заклучок за поведување на постапка за оценка на концентрацијата помеѓу мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ, Австрија и ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, Република Македонија (предмет бр. 08-192/2014)
Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 03.02.2015 година донесе Заклучок за поведување на постапка за оценка на концентрацијата помеѓу мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ, Австрија и ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, Република Македонија.

По приемот на известувањето за концентрација, а согласно член 15, член 17 и член 19 став (1) точка 3) од Законот за заштита на конкуренцијата, Комисијата започна со испитување на извесувањето и утврди дека концентрацијата за која е поднесено известувањето потпаѓа под одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за последица може да има значително нарушување на ефективната конкуренција на пазарот или негов суштински дел,

Од овие причини, а заради утврдување на сите факти и околности од значење за правилна оценка на предметната концентрација, Комисијата донесе Заклучок за поведување на постапка.

Согласно член 24 став (3) од Законот, Комисијата во рок од 90 работни дена од денот на поведување на постапката треба да донесе решение со кое ќе ја одобри или забрани предметната концентрација.

http://kzk.gov.mk/mak/zapis1.asp?id=1330&kategorija=1
Што значи сега за сега работава е смрзната
 
Уште кога беше најавено планираново спојување на ОНЕ и Вип, спомнав дека истото се коси со законите за заштита на конкурентноста во Македонија.

Во не толку далечниот октомври 2014...

http://forum.kajgana.com/threads/ОНЕ-и-ВИП-се-споија.75428/page-2#post-6907227

Но да не избрзуваме со заклучоци, бидејќи Комисијата за заштита на конкуренцијата може да донесе одлука во корист на спојувањето на ОНЕ и Вип и ова да биде само краткотрајна пречка.
 
Мислам дека после ова дека ќе дозволат...сеа иде делот со натегање и сл.
 
Комисијата имаше доволно време да утврди дали со ваквото спојување се коси со законите за конкурентноста. Ако веќе дошле до таков заклучок требало денеска да го одбијат барањето. Ова што оставаат 90 дена да демек испитуваат ми личи како да бараат начин како да профитираат од ова. Чинам поткупот не им бил доволен.
 
Баш така...сеа ќе земат плус пара и ќе завршат работа
 
На кого му се брза да се спојат ОНЕ и ВИП?

one-vip.jpg

Интензивни притисоци се вршат врз Комисијата за заштита на конкуренцијата што побргу да се донесе одлука за спојување на двата телеком оператори ОНЕ и ВИП, дознава А1он.

Според информациите, високи владини претставници ја притискале комисијата за заштита на конкуренцијата што побргу да ја донесе конечната одлука и да го потврди спојувањето на фирмите.

Во Комисијата официјално не сакаат да коментираат дали има притисок, но сепак според извори од таму тие биле изненадени дека и покрај што имаат рок до средината на јуни да ја донесат долуката, се врши притисок истата да биде донесена што побргу.

-Комисијата ќе донесе решение со кое може да ја одобри или забрани таа концентрација, рокот за тоа решение истекува во средина на јуни, поведовме постапка, известувањето беше објавено, од денот на објавувањето ни престојат 90 работни дена. Имаше забелешки од Македонски Телеком и Т- мобиле кои заедно доставија едно мислење и дополнително има мислења од две физички лица, велат од Комисијата.

Од таму за А1он повторуваат дека имаат законски рок од 90 дена и не можат да коментираат дали има некаков притисок или нема.

Со спојувањето на двата оператори во Македонија се враќа дуополот кој беше пред 2006 година и кој владата на Груевски го разби со влезот на третиот мобилен оператор. Во меѓувреме пропаднаа обидите за формирање виртуелен мобилен оператор бидејќи и холандската ВТИ и Албафон не заживеаа на пазарот. Дали со спојување на ОНЕ и ВИП се отвора можност за нов трет мобилен оператор?

Извор: a1on.mk
 
Да ти кажам и мене ми се брза...Комисијата нит е глупа нит е неспособна се знае како ова оди чим ова најавиле готова работа е. Нека не се прават мн наивни срцки и нека турат потпис на тој документ. И онака државата ни е хаос они за операторите се запнале. Бабини муабети т.е fake глупа дека се независни :)
 
Дали One и Vip веќе започнаа процедурата или сепак некои само си игра?
Имено на facebook има веќе една таква fb страница: https://www.facebook.com/ONEVip.mk . На прв поглед ми изгледа како лажна, но искрено не знам што да речам.
Плус домејнот http://onevip.mk/ е веќе обезбеден и пишува: „GoHost.mk ДНС хостинг сервер“.
Искрено не знам што да речам. Што мислите вие?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom