Once a cheater, always a cheater

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

А ова истражувањево што е, дека Верноста е пропорционална со интелигенцијата, можеби е точна.
А за жените не важи? Или не важи тоа дека ако се помалку интелигентни ќе мамат.

А можно е и оваа теорија да е точна.
You never know what may happen...


hahaha:pos2:

Што? Може стварно не сум сакал.
 
А за жените не важи? Или не важи тоа дека ако се помалку интелигентни ќе мамат.

Како што за мажите е различно за секого и за жените исто така.
Така што никогаш не се знае што како...

Што? Може стварно не сум сакал.
Ок ок, тоа си е твој избор твое мислење, само смешно ми падна како го кажа тоа...
 
Глупи теории, глупи генерализации....се изначитави изнаслушав веќе од такви. Доколку сакам да ризикувам за некој ниту Фројд, Достоевски и Лок заедно нема да ме убедат дека не треба.
 
Желбата... то ест, потребата од изневерување се раѓа со раѓањето на свесноста за имање сексуален партнер. Тоа значи и обично бакнување на 15 години кога за да бидеш во врска треба да се договориш со партнерот, да се обврзеш.
Значи може да се каже, читер си од раѓање или не си читер.

Познавам луѓе кои не изневеруваат, не го прават тоа, no matter what. Познавам луѓе кои без исклучок го прават, не знам дали тоа се должи на неспособноста емотивно да созреат било кога во животот или едноставно се со таква откачена жичка во главата. Можеби Фројд има некое објаснување од типот, опсесивна потреба за докажување на своето его, манифестирано преку постојана потрага по нов партнер. :toe: Нагаѓам, кој да знае.

Blackout, ризикувај, ќе бидеш повредена. Ако си способна да се носиш со тоа, бујрум. Оној кој изневерува само прашање на време е кога ќе го направи тоа. Ако многу му се допаѓате, подоцна, ако не оставите доволно силен впечаток, можеби уште после првите две недели.
Од друга страна, оние кои не изневеруваат (а за жал никому не му пишува на чело за да се знае) можете да ги ставите на она кујнско механизамче за сецкање варени јајца, да го направите резанки во вид на тркалца, потоа и да го потопите во зејтин, да направите прекрасна салата од него и да го изедете, тој нема да ве изневери.

Но, каде е тука возбудата а? :) Секој со своето... :wink:
 
Има и уште еден битен сегмент што може тука да се убаци, а е доста субјективен.

Што се смета за варање?
Еден бакнеж?
Мување?
Континуирано мување?
Секс за една вечер?
Континуиран секс?


:toe:
 
Има и уште еден битен сегмент што може тука да се убаци, а е доста субјективен.

Што се смета за варање?
Еден бакнеж?
Мување?
Континуирано мување?
Секс за една вечер?
Континуиран секс?


:toe:
Како бе шо се смета за варање?! :) Прво и основно, самата помисла дека сакаш да бидеш со друга девојка во даден момент а не со онаа на која си и изјавил верност е веќе темел да ти врзе шамар, секое следно усни на усни, или усни на било што каде има страст и прелетување на ѕвездички во неконтролиран правец е варање. И не, да го праиш тоа со друга а да мислиш на девојка ти не се важи за верност. :icon_lol:
 
А да знаеш дека те варал и сепак остануваш со него затоа што мислиш дека другите ќе бидат бетер па се тешиш дека овој можеби ќе се промени :m?: ???

Никогаш не се знае,нема добра причина за неверство-има само добра причина за да се прекине една врска.
За една секунда можеш да изневериш човек кој бил со тебе повеќе години,а од друга страна па нејќеш ни да помислиш на некој друг освен на тој кој е со тебе неколку недели...Како и да е,за сите преваранти важи една работа-со изневерувањето сакаат да си се докажат себеси.
Се изневерува затоа што нешто фали во врската,а не се сите храбри да ја прекинат,па се однесуваат себично гледајќи ги само своите потреби и најбрзиот начин за да ги задоволат без да се потрудат да разговараат за проблемите и без да помислат дека поради тоа некој ќе биде повреден и најважното-никогаш не се тие виновни,секогаш вината ја наоѓаат во партнерот.Не дека не им е драга личноста што е со нив,но се себични и секогаш се ставаат во прв план,крај краева зашто да се раскине кога може да се има повеќе партнери :wink:.

За мене најважно е да има страст и присутност во врската,ако тоа ми фали не изневерувам физички ама размислувам за други момци,да...и ако продолжи тој недостаток да се продлабочува и ако не може да се најде решение се дешава прекин на врска и наоѓање на тоа што ми е потребно.

Секој човек може да се смени,па така и преварантиве :) потребна е само желба и признавање дека тоа што го правеле било погрешно а не неопходно,сепак ако два-три пати им се прогледува низ прсти голема е веројатноста да си го врзат тоа во крпче и да си изневеруваат знаејќи дека секогаш можат да се вратат кај вас.
 
Неубава работа, ама за жал секојдневие. Кога ќе размислам пак од друга страна, подобро сега некој да те изневери отколку во брак ко ќе имаш деца и ред други тракатанци, е тогаш работите се комплицираат.
Мажите изневеруваат кога се осеќаат сексуално запоставени, жените-кога осеќаат дека им фали внимание и повеќе емоцианална потпора. И што ќе направат, ќе најдат друг/а ,ќе ги задоволат моменталните потреби. И потоа што?
Или сфаќаат дека ќе ја прекинат врската, или пак работите во врската одеднаш се подобруваат со сознанието дека не би можеле да ја изгубат саканата личност и даваат се од себе за да успее самата врска. Можеби неверството е и позитивна работа за некои луѓе. Who knows?
Како и да е, комплицирано е, никогаш им нема крај на овие дискутабилни теми, колку сакаме можеме да ја тупиме. :wink:
 
Немора да значи. Јас на пример сум била изневерувана и сум изневерувала.
Ако сум заљубена во некој и го сакам повеќе од се` никогаш нема да го изневерам. Едноставно кога ќе се заљубам немам очи за друг.
До неверство може да дојде поради многу работи. Поради монотонијата во врската. Доколку премногу време поминувате заедно едноставно ви досадува да ја гледате таа една иста особа. Или пак не добивате доволно внимание од партнерот па тоа го барате од некој друг.
 
Кога ќе размислам пак од друга страна, подобро сега некој да те изневери отколку во брак ко ќе имаш деца и ред други тракатанци, е тогаш работите се комплицираат.
Значи ти си "варај ме додека сме во врска" тип на човек, а во брак седи си мирен, нема смисла ради децава?
Мажите изневеруваат кога се осеќаат сексуално запоставени, жените-кога осеќаат дека им фали внимание и повеќе емоцианална потпора.
Знам неколкунаесет примери каде девојката бара сексуални задоволства надвор од оние кои и` се пружени во врската. Затоа ќе се повторам, генерализацијата - мажите заради тоа, а жените заради воа, се губи.
Или сфаќаат дека ќе ја прекинат врската, или пак работите во врската одеднаш се подобруваат со сознанието дека не би можеле да ја изгубат саканата личност и даваат се од себе за да успее самата врска. Можеби неверството е и позитивна работа за некои луѓе. Who knows?
После неверството се подобруваат работите? Важи, на филм.
Што се смета за варање?
Еден бакнеж?
Мување?
Континуирано мување?
Секс за една вечер?
Континуиран секс?
:toe:
Намерата, планот, бакнежот, мувањето, сексот е неверство. Се разбира, последното се препишува на курвите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom