On.net WADSL интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Nemojte da se izebete da stavite Wadsl. Stavete bilo koj drug internet, zagarantirano e podobar.
 
Една работа 10гига на WADSL се како 3 на ADSL разлог монтерите ги имаат кодовите од корисниците.т.е. ако не си смените пасс 10 гига ке ви летнат многу брзо.
 
Alekso_K напиша:
Еј луѓе имам Wi-Fi, али неможам више, ептен е нестабилен (не сум на onnet мрежата). Е сеа сакав да ставам WADSL, ама глеам сите (освен Scout) се жалите. Иначе еве со wi-fi-то како ми е:

Живеам позади Нова, па ако знае некој нека каже дали ќе биде OK интернетот (да не паѓа на секои 2 минути).
И во што е предноста на WADSL-от во однос на кабелскиот?
Бежичниот нема предност нонстоп е нестабилен моја препорака е да си ставиш кабелски.
 
IsusHristos напиша:
Една работа 10гига на WADSL се како 3 на ADSL разлог монтерите ги имаат кодовите од корисниците.т.е. ако не си смените пасс 10 гига ке ви летнат многу брзо.
Kоја глупост... Рекла-казала. Ко божем на монтерите им дошло до вашиот јузернејм, и монтерите се толку глупи да го дадат/користат пасвордот на некој друг. Секој со барем малку компјутерско познавање знае дека веднаш може да се открие доколку повеќе луѓе го користеле јузерот (и кои).

Свашта.
 
Acid напиша:

Тука си грешка
Имам комшија кој има пријател монтер кој му дал цел текст документ со acc и после се чудат луѓево зш им се тоши брзо лимитот.
80% од тие шо имаат компјутери знаат само игри да инсталираат и најчесто го користат компјутерот за тоа.
 
И со мене пред некоја вечер еден вработен од кај нив се заебаваше у стил "леле ама пасворд си ставил" (па јас после го сменив во еден поздрав до нив) :D

Сакам да речам, чим можат (да го видат) - можат (и да го злоупотребат).
Се на се, загубив доверба во професионалниот однос на таа компанија.
 
Princ напиша:

Понудата на Он.Нет беше примамлива за некое време. Мене уште малце ќе ми помине договорот со Мтнет, и сакав да ставам Он.нет.... добро ама, според постовите што ги гледам тука, дојдов до одлуката* да не ставам. Или ќе си го продолжам договорот со Мтнет, или ќе си седам со dial-up. :uvo:

*Не знам, дали јас дојдов до одлуката, или одлуката дојде кај мене.. чудна ситуација... :toe:
 
TonInter напиша:

Продолжи си го договорот со Мт-нет. Браво. За 2000 + ддв имаш 4 гига даунлоад. Таман. А он нет ти дава 10 гига за 1280 со се ддв. Твој проблем. Ама немојте да се жалите кога ке гледате на телевизија како Телеком заработува милиони евра од граѓаните на Република Македонија. А за диал ап да не зборуваме. Се конетира со 11 kb/s. Идивиди да ја отвори му требаат 2 минути. Незнам колку би ти се исплатело и тоа. Кабелски дете кабелски... Ни договор ни ветар. Нејкам појке нека го сечат и чао. А не овие 2 години договори...
 
Земи си телекабел...
Либерализирано е :)
 
Mac)) напиша:
Земи си телекабел...
Либерализирано е :)
Tемава не е за кабелски, ама да кажам, телекабел не ја проширил мрежата од којзнае кога. Таман јас дур' остарам, тие ќе стигнат до Кондово...
 
IsusHristos напиша:
Тука си грешка
Имам комшија кој има пријател монтер кој му дал цел текст документ со acc и после се чудат луѓево зш им се тоши брзо лимитот.
80% од тие шо имаат компјутери знаат само игри да инсталираат и најчесто го користат компјутерот за тоа.
Јас имам другар што може да стои на малото прсте на левата нога. :bilokojzbo1r:
Ти реков, од вакви рекла-казала муабети... Ако не збориш од лично искуство, подобро не збори.
 
Acid напиша:
Јас имам другар што може да стои на малото прсте на левата нога. :bilokojzbo1r:
Ти реков, од вакви рекла-казала муабети... Ако не збориш од лично искуство, подобро не збори.
Јас имам другар што работи во но.нет и може да ти го види password-от :D:D
 
Princ напиша:
Јас имам другар што работи во но.нет и може да ти го види password-от :D:D
Е ај нека го види мојот. Посекако го заборавив кој беше...
 
Princ напиша:
Јас имам другар што работи во но.нет и може да ти го види password-от :D:D
Ако имаш другар во оннет, зошто тогаш не ти го реши пролемот со интернетот?
 
Абе малце сте ми чудни. Колку што знам вработените во Оннет имаат многу привилегии во однос на користењето интернет дома. Мислите дека би имале корист да трошат од вашиот јузернејм? Знам дека плаќаат пола од претплатата за интернет како вработени. Иначе не верувам дека некој ќе се замара со туѓи јузернејмови и да иде на ризик ако го фатат да лета од работа. Како прво што и да му притреба на некој вработен во оннет да си симне, колкаво и да е големот тоа 5ГБ, 10ГБ... си има интернет на работа ќе си заврши се што му треба легално, а не да се замара со нечисти работи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom