On.net WADSL интернет

Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
Сега незнам дали WADSL на Jane е постабилен и побрз оти е со врски, ама имам прочитано коментари и дека WADSL и не бил толку стабилен и брз. Сега колку се точни незнам, ама јас уште не можам да се одлучам дали да земам WADSL. Имам прочитано и добри коментари, но сеуште се двоумам оти не е мала одлука бидејќи склучуваш договор на две години, па после ако не е како што треба не можиш да го раскиниш договорот така лесно оти ќе те одерат до гола кожа.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
memberix напиша:

Дечко...WADSL и Wi-Fi се два вида на безжичен интернет....wadsl-ot е нешто најстабилното моментално на интернет пазарот не само во Македонија туку и во поголемиот дел во светот, тебе ти збореле за Wi-Fi тоа е сосема друга приказна...
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
Не знам. И јас мислам дека е стабилен и брз ама е, ама еве две места каде сретнав лоши коментари http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=222
http://www.blogger.com/comment.g?blogID=17344920&postID=114929576383270170
Лично не верувам во коментарите, ама сакам да сум 100% сигурен пред да склучам договор на две години. Само знам дека On.net повеќе мислат за корисниците он mt.net. mt.net сеуште нема одговор на понудата од On.net и не верувам дека ќе има.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
memberix напиша:
Не знам. И јас мислам дека е стабилен и брз ама е, ама еве две места каде сретнав лоши коментари http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=222
http://www.blogger.com/comment.g?blogID=17344920&postID=114929576383270170
Лично не верувам во коментарите, ама сакам да сум 100% сигурен пред да склучам договор на две години. Само знам дека On.net повеќе мислат за корисниците он mt.net. mt.net сеуште нема одговор на понудата од On.net и не верувам дека ќе има.
Тоа ти се само пиони на мт.нет и убаво ти кажав Wi-Fi-to e такво што знае да прави проблеми и да бркаш канали и триста дрангулии, а ова имаш директ линк и ич не ти чуе па ти шетај пак по блогови...:)
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
memberix напиша:
Не знам. И јас мислам дека е стабилен и брз ама е, ама еве две места каде сретнав лоши коментари http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=222
http://www.blogger.com/comment.g?blogID=17344920&postID=114929576383270170
Лично не верувам во коментарите, ама сакам да сум 100% сигурен пред да склучам договор на две години. Само знам дека On.net повеќе мислат за корисниците он mt.net. mt.net сеуште нема одговор на понудата од On.net и не верувам дека ќе има.
Другар ти ако почнеш да го читаш Плесни ја Шунката по цел тој форум има да заклучиш дека типот у живот нема видено интернет, се него нешто не му одговара. :) Види факт е дека ADSL во државава е најстабилен и најдобар интернет што се нуди ама па затоа е скап. Но да бидеме реални ако сакаш релативно евтин интернет, а не си во можност да ставиш кабловски од Телекабел или некој друг кабловски оператор најдобро ќе биде да си земеш WADSL оти ако не се ризикува никогаш нема да дознаеш дали е добар или лош тој интернет затоа што на некои нема да им одговара тоа што го нудат но можеби тебе ќе ти. :)
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
Можеби ADSL ос мт.нет е најстабилен и најдобар интернет у МК ама се работе за принципи. За тие пари што треба да ги дадам за Max пакетот во други земји се нудат мегабитни врски со многу повеке даунлоад, веб простор, бесплатни разговори и друго. А и мт.нет гледат да те украдат или заебат у секој можен поглед. Затоа повеќе разислувам за понуда од друг ISP. инаку каде што сум нема многу избор за интернет. Нема кабелски интернет, нема локални WiFi ISP па затоа изборот е WADSL, ADSL или да си останам на surfer100 (што никако не ми се допаѓа:(). А да ризикувам со двегодишен договор ич не ми се свиѓа. Додека во други земји договорите се на максимум 1 година, а тука гледат како да те врзат за нив па можно е и а почеток да имаш супер интернет а после да ги сменат условите како мт.нет со лимитот. Сакам да прочитам искуства со WADSL од што повеќе луѓе пред да се одлучам.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
memberix напиша:
Додека во други земји договорите се на максимум 1 година, а тука гледат како да те врзат за нив па можно е и а почеток да имаш супер интернет а после да ги сменат условите како мт.нет со лимитот
Во други земји има милиони корисници и стотина провајдери бе момче тоа кај нив е конкурентност....немој да правиш таква споредба со нашиве простори...
 
neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
Да само што во другите земји без разлика дали договорот е на 1 и 5 години ИСПто го почитува, а ако го прекрши тогаш има тела кои функционираат и го санкционираат тоа.
Тука има? јок
Пример?
31.10.2005, МТ, Адсл
Што сакаат си прават, а на корисниците не им помага нит унија на потрошувачи, нит пазарeн инспекторат, нити пак народен правобранител

Пакетот ептен ми се свиѓа, голем чеков во бродбендот кај нас, ама после 2 годишниот договор со МТ(и оннет се исто говно) некако не ми се потпишува на толку време
Поздрав
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Никој не те тера со сила да го потпишеш договорот.....башка договорот е 3 страни и треба убаво да се прочита пред да се потпише....многу луѓе не го направија тоа кога потпишуваа во МТ епа сеа кој ви е крив....и не ги мешајте оннет и мтнет пошто едни со други у принципите немаат благе везе
 
Член од
8 мај 2006
Мислења
358
Поени од реакции
11
TpH_Bo_OkO напиша:
и не ги мешајте оннет и мтнет пошто едни со други у принципите немаат благе везе
Според тебе кој е подобар оннет или мтнет. мислам подобар за нас
 
Раскољников

Моделатор
Член од
15 март 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
Само што ми кажа пријател кој работи во Он.нет. Деновиве имале нарачка за WADSL од околу 500 корисници, додуша ми се пожали дека имале многу работа, де :wink:
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Мене друго ме интересира.. штом примаат толку многу нарачки, зошто не го зголемат капацитетот? Зошто не купуваат нови линкови, кога старите (310Mbit, отприлика 620 корисници на WiFi и WADSL закачени на интернет во исто време) се смешни во споредба со обемот на услугите што ги нудат?
 
neo-geo

The Empire Strikes First!
Член од
17 август 2005
Мислења
500
Поени од реакции
2
P.Overdrive напиша:
Мене друго ме интересира.. штом примаат толку многу нарачки, зошто не го зголемат капацитетот? Зошто не купуваат нови линкови, кога старите (310Mbit, отприлика 620 корисници на WiFi и WADSL закачени на интернет во исто време) се смешни во споредба со обемот на услугите што ги нудат?
Се рачуна и оверхед, најверојатно 1:5

Никој не те тера со сила да го потпишеш договорот.....башка договорот е 3 страни и треба убаво да се прочита пред да се потпише....многу луѓе не го направија тоа кога потпишуваа во МТ епа сеа кој ви е крив....и не ги мешајте оннет и мтнет пошто едни со други у принципите немаат благе везе
абе не зезај чоече, овие ко да се чесни и поштени па моеш да им веруваш, ако си некој од оннет и самиот знаеш што направија и со вифито, а и кај канопи системот смрди, тој би требало да е во сопственост на министерство за образование, а не за комерцијална употреба
сума сумарум НЕ ИМ ВЕРУВАМ, на чемерикич посебно па ич, исто говно со мт
толку од мене на темава, се нервирам коа некој толку со сила ги брани, ние корисниците терба ад критикуваме цело време се со цел подобрување на услугата, никогаш нема да бидам задоволен и секогаш ке барам нешто повеке за моите пари, преку к*р од квази провајдерчиња кои дерат на голо
ај со здравје
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Изгледа врски не требаше воопшто да спомнам. Јас го имам тој пакетот 768/128 и 8ГБ со договор две години и депозит 12000 илјади. Врските ми се само за да не го оставам депозитот. Толку! Ништо повеќе! Значи се е исто само не оставив депозит.

Еве видете и сами. Ова е скриншот од сметката.
А тоа што спомнав за брзината 1 мегабти е дека иако пишува 768 (всушност пишува 768 и повеќе) иде и до 1 мегабит. Сакам да кажам дека постигнува брзина од 1мегабит (просечна). Значи првата секунда ќе симне и 200-300 килобајти, но после се стабилизира и држи просек од отприлика 110-115 килобајти во секунда. Сега претпоставувам дека ме разбравте. Од тоа што читав за кабелскиот и ADSL-от на мтнет видов дека пишува 512кбпс(64КБпс), а реално иде по 30-40. Значи таму не се ни постигнувала во поголемиот дел од времето напишаната брзина, а не пак над таа.
А за стабилност до сега ниеднаш ми нема снемано интернет. Всушност јас сум врзан мрежно со оннет (врската е 100.0Мбпс). Еве и од тоа скриншот.

Колку што забележав од тие блоговите кај што беше пишувано лошо за WADSL-от беше напишано од човек што го видел уште пред да почне да се продава за нас корисниците. Тоа можеби било тогаш (иако јас не верувам дека немало интернет по неколку саати), но сега не е така. ако треба и клипче ке ставам за да ви ја покажам стабилноста.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom