Во последно време т.е. во последните 2 дена, неколку пати се случува да не можам да се конектирам на интернет, при што ми покажува ГРЕШКА 718, вчера се јавив во инфо-центарот ми кажаа дека од кај нив имаат технички проблеми-без никаво образложение друго, само ми рече за 1/2 саат ќе се реши проблемот-проблемот се реши за 4 саати.
Денес после цел ден обиди успеав да се конектирам пред 5 минути,во текот на денот повторно се обидов да се јавам во инфо-центарот, одговорот е постојано зафатено (читај оставен отворен телефон или нешто слично) цели 3 саати.
И можеме ли сеуште да зборуваме дека ОН.НЕТ се сериозна фирма, која претендира да биде втор фиксен оператор?