Он.нет со нови Solo (adsl) пакети!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај некој што е на Соло3 нека пише дали му се појавува дека троши многу сообраќај?! Во рок од половина час (а компјутеров беше ИСКЛУЧЕН од Интернет), се направија 14МБ и се додадоа на претходните 100МБ! Немам спајвери нити вируси, имам ZoneAlarm и го имам наместено се на High Security Level. Можно ли е да има некакви грешки во бројачот?
 
Ажурирањето на потрошените МБ на страницата на он нет не е во real time.Се прави на одреден период.Значи дека тие 14 мб си ги потршил неколку саати пред да провериш
 
Ајде малку анти-реклама: јас го откажувам договорот со Соло3. Денеска од 200 МБ се дигна на 400 МБ, нити ништо симнав, нити гледав, цел ден сум на форумов. Епа крај, ми скрати живот за 50 години. Ајде чао пријатно :-D
 
Де бе, 400MB си направил... Голема работа.
По 2-3 гига на ден сум правел. И тоа само од форум/youtube/слушање малку интернет радио. Сосема нормален трансфер е 200MB за еден ден. Незнам стварно што ти е чудно. Си промени пасворд од јузерот?
 
Ајде малку анти-реклама: јас го откажувам договорот со Соло3. Денеска од 200 МБ се дигна на 400 МБ, нити ништо симнав, нити гледав, цел ден сум на форумов. Епа крај, ми скрати живот за 50 години. Ајде чао пријатно :-D

Сабајлево напраив 5 гига трафик, само на кајгана потрошив едно 2-300 мега. Што се жалиш бе? Така да се раскинувало договор. Стај си BWmeter па да видиш каде све си потрошил трафик, у кое време од денот се десило тоа итн.
 
Ехееј па 300MB на ден ако ми одат, тоа за 10 дена ќе ми отиде лимитот, после да доплаќам 100 денари за нов 1гб кој ќе отиде за 3 дена, е што е тоа! Башка се јавив во Он.Нет и од таму ми рекоа дека е нормално. Не знам веќе што да правам
 
Ехееј па 300MB на ден ако ми одат, тоа за 10 дена ќе ми отиде лимитот, после да доплаќам 100 денари за нов 1гб кој ќе отиде за 3 дена, е што е тоа! Башка се јавив во Он.Нет и од таму ми рекоа дека е нормално. Не знам веќе што да правам

Тоше бе брат што очекуваш од 3 гига трансфер месечно тоа e многу малку за денешното време јас мислам дека тоа ти е само за на мсн и да си гледаш маил кој ти пишал и некоја музика да си симнеш понекад такви работи сакам да кажам овој пакет е мислам за тие што повремено седат на нет.Како што ти кажаа колегите форумџии погоре ништо чудно што си потрошил 300 мб на ден.Мој совет смени си пакет бе брат нема друго чаре:)
 
Ехееј па 300MB на ден ако ми одат, тоа за 10 дена ќе ми отиде лимитот, после да доплаќам 100 денари за нов 1гб кој ќе отиде за 3 дена, е што е тоа! Башка се јавив во Он.Нет и од таму ми рекоа дека е нормално. Не знам веќе што да правам

До сега имам 7.7 гига, а од денот останаа уште 2 саати.... Друже, 3 гига се доволни за човек кој што седнува на Пц и проверува мејл 3 пати неделно, не е за нормално користење. Ако сакаш да клатиш - ке платиш.
 
omg ... вчера имав 600 мега потрошено денес имам 1,5 гига
.... максимум пола сат седев дома на пц :S
 
3 гигабајти се сосема доволни за секојдневно користење на IM програми, разгледување што има на форумов ново и постирање на некое мислење, проверување на мејл... Доволни се, не претерувајте и вие. Е сега, порнографија нема ама во ред е тоа, сите го знаеме.

Мистериозното трошење на мегабајтите не е за занемарување. Го имаше секогаш со оннет и секогаш ќе го има. Само немој некој да се обидува да направи ништо од тоа.

Инаку за да не го потрошиш целиот лимит, со 3 гига месечен лимит можеш да трошиш секој ден по 100 мегабајти. 100 мегабајти и не се баш толку малку за во еден ден да си завршиш некоја работа. Јас до пред месец-два живеев со 300 мегабајти во денот и НИКОГАШ не ги потрошив пред крајот на месецот. Само за инает на оннет ги трошев на крај веќе, да не им ги оставам на нив...
 
Мене ми е таман....просек фаќам 100-150 мега максимум дневно, баш ко што кажува Принц. Додуша симињам и по некоја песна али тоа е тоа...минатиот месец стигнав до 4ри гига али ватевр 107 денари ми се фати интенетот:pos:

Башка техничка поддршка се добива веднаш во последно време. За пофалба се.
 
Ууу фала за сите што се испозамаравте со мојов проблем, нема веќе да досадувам во иднина :-D Инаку ГОЛЕМА благодарност до Sephirot, кој што заслужува и честење заради тој програмот што ми го препорача! Многу корисна програма! Преку неа увидов што всушност ми зема сообраќај (а тоа биле HI5 и сл. страници) па така сега имам увид баш буквално во секој потрошен килобајт! Фала Sephiroth! И јас имам приметено дека сега одма се добиваат од техничка.
 
А ја на мсн кога ти кажав дека HI5 е чисто срање кое само ти го цеди интернетот:wink: бриши профилот и се ќе биде ОК....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom