3 гигабајти се сосема доволни за секојдневно користење на IM програми, разгледување што има на форумов ново и постирање на некое мислење, проверување на мејл... Доволни се, не претерувајте и вие. Е сега, порнографија нема ама во ред е тоа, сите го знаеме.
Мистериозното трошење на мегабајтите не е за занемарување. Го имаше секогаш со оннет и секогаш ќе го има. Само немој некој да се обидува да направи ништо од тоа.
Инаку за да не го потрошиш целиот лимит, со 3 гига месечен лимит можеш да трошиш секој ден по 100 мегабајти. 100 мегабајти и не се баш толку малку за во еден ден да си завршиш некоја работа. Јас до пред месец-два живеев со 300 мегабајти во денот и НИКОГАШ не ги потрошив пред крајот на месецот. Само за инает на оннет ги трошев на крај веќе, да не им ги оставам на нив...