Кај може да биде нон-стоп една иста брзина? Ко нуб некој звучиш...
Го тупите за ситници и вие. Кај има загарантирана брзина, жити се?
За домашен корисник никаде. За фирми има, ама за такви договори се доплаќа екстра. И нормално - пак нема да биде константа брзината, ама бар они ќе се чувствуваат подобро знаејќи дека брзината им е "загарантирана".
Оди докажи се ти со некого како си имал 9.2 мегабита наместо 10, а во позадина Adobe-то ти правело апгрејд. Или според твоите тестирања си добивал 5 мегабита наместо 10, ама си симнувал од сервер кој не можел да постигне поголем upload во дадениот момент... И оп, ете „основа“ за тужби и раскинување договори.
Никој интернет провајдер нема да стави ОД - туку ДО.
Никој не ни става такво нешто во ниедна клаузула од проста причина што брзината не зависи секогаш од самиот провајдер. Мора и они да се заштитат на некој начин. Како што споменав, опаѓањето зависи и од капацитетот на серверот за download, програмите кои работат во позадина, оддалеченоста на серверот, оптеретеноста на линковите во странство (значи - не на провајдерот), функционалноста на вашата мрежа и тн...
Нема провајдер кој ќе ти гарантира дека во секој момент, од секаде ќе добиваш иста брзина. Тоа е лудост. И во локална мрежа варира брзината, не па кон некој сервер во Кина.