Премногу сум романтична. Обожавам дожд! Ме смирува многу и ме тера да си мислам само на убави работи. Си враќам спомени од детството, пуштам музика Fly Me To The Moon од сите можни изведувачи ја обожавам песнава, Iris - Goo Goo Dolls, Nina Simone, Ella Fitzgerald, Aretha Franklin, Frank Sinatra, Dean Martin, после преминуваме на Македонска музика или ју рок, се зависи од расположението. Обожавам дожд, сакам кога грми, а јас да си зјапам надвор. Најмногу сакам да си се возам додека врне, а градот е празен. Добра музика у кола и мислам дека така можам до крајот на мојот живот. Во последниве 7-8 месеци немав време за да си уживам, ама затоа сега деновиве баш кога времево е врнежливо ќе надокнадам.