Омилени клубови

  • Креатор на темата Креатор на темата jovanovski
  • Време на започнување Време на започнување
Пoкрај Левски само Лацио ми е умилен
 
Најпрво да почнема од дома : Цементарница 55
Балкан: Црвена Ѕвезда
Европа и останато:Баер Леверкусен

Ова ми се симпатичните клубови а најомилен еден и единствен МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД!
 
Манчестер Јунајтед. :)

Огромна почит имам и кон Атлетик Билбао, се восхитувам на нивната традиција. :)
 
Покрај Милан.... Па шо знам имам многу симпатични тимови кои сакам да успеваат и да ги гледам. Дали поради нивниот стил на игра, традиција или некој поединец кој игра тамо кој ми оставил добар фудбалски впечаток.
Би ги издвоил Њукасл и у последно време Сити од Англија. Њукасл го сакам од мал уште незнам која е причината но сум го засакал, а Сити ми е онака интересен за глеање и нова екипакоја може да ја помрси големата четворка у Англија
Од Шпанија омилени ми се Валенсија ради фантастичниот фудбал шо го играја со Купер, генерацијата на Лопез, Мендиета, Ајала, Aнглома, Кили, Фаринос итн од тогаш сум ги засакал.
Волфсбург ги сакам пошто татко ми живееше во тој град, и добив дрес на подарок од Климовиц :)
Француската лига не ја пратим многу, но Лил беше последен клуб на Клајверт кој многу го сакав како играч и од тогаш ми се најомилен клуб у франција !

Уште би ги наброил Тетекс нормално, Железничар Сарајево, и Алдершот од Воксол Конфереција, една сезона газеа и ми донесоа многу пари и кладилница, и си ги пратам од тогаш :)

--- надополнето ---

Боби[Мкд];3430310 напиша:
Баерн и секоја екипа што игра против Милан.:salut:

milan_cagliari_1_inzaghi_thumbs_up.jpg
 
Manchester United is my heaven =). Почнуваат некои работи да ми искачаат според планот па се надевам дека во блиска иднина можеби ќе присуствувам на ОТ :)
 
Mммм Милан секако и Вердер Бремен од Германија.
 
"Симпатични клубови" ми се Арсенал,Барса ми беше симпатична до пред 1 година,а првиот клуб кој сум го запамтил како мал/за кој сум "навивал" е Хиберниан од Шкотска.:pos:
 
Милан,Интер,Реал,Манчестер,Баерн,Рома.....и по некоја 10то разредна странска екипа.......За секого ќе навиваат само за некоја домашна екипа не.Навивачката свест и култура ни е на најниско можно ниво.Во Европа сигурно сме на самото дно.Во скоро секоја земја тие што се исклучиво за странска екипа или таа да им е на прво место се исклучоци.Тука кај нас е обратно.Тие малку будали што навиваат за некоја домашна екипа се малцинство.Во Хрватска или Србија или Босна,Бугарија....... земји кои што имаат поквалитетни првенства,но не се недостижни и со кои што можевме да се мериме до пред некое време, домашните екипи се најпопуларни.Идете по нивните форуми тие што се за странски екипи се многу малку и секогаш без исклулчок поддржуваат и некоја домашна екипа.На еден хрватски форум каде што сум член теми за странските екипи и првенства или ги нема или пак имаат по 20-30 страни дискусија само.Најнепопуларните домашни екипи имаат по 30-40 страни дискусија само за оваа сезона до сега.30-40 страни минимум од јули,август до сега...........
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom