Информативен мрак во залезот на 2009-та не знам што тоа ти зборуваш? Секој втор има 60 канали на кабловска, интернет, сателитска и викаш дека живееме во информативен мрак?
Подобра плеј листа од Блажевски имал Драган Костиќ во 72 кога за да купиш плоча од Битлси требало да одиш во Лондон и на телевизија имало само два канали од кој едниот работел до 6 додека другиот до 10 навечер и музика се пуштало само во спортско - неделно попладне на полувреме од утакмица Рад-Олимпија и пеел Мики Јевремовиќ или пак на радио Луксембург на долги бранови во сабота кога била емисијата топ хит листа ако имаш срејча да не врни дожд за да фатиш нешто.
Блажевски не е говедо туку богомолка која де факто и де јуре го труја градот, во ВИП барем во почетокот не одеа лујџе кој се акињаат од земја на листата од Блажевски, покрај тие 3 песни на кој сечеа вени сељечаната малтене можеше како за промена да смени барем 10 песни од четврток до четврток нека беа и турбо - фолк само да беа различни или пак да го промени редоследот на песните.
Едноставно е неамбициозен и незаинтересиран како што рече и ромеа ферара не перцепира како идиоти затоа и не можам да го поднесам тој шарлатан.
		
		
	 
Точно младичу! Од тие 60 канали се ПРЕКУ 30 балкански шо емитуваат СТРОГО: турбофолк музика,риалити шоуа,биг брадр,сурвајвл,фарма,џумуш,шехерезада и 40те разбојници. Освен то си видел ти нешто друго на телевизија???(Зборувам за музика,а не да ми пишиш дека на канал 5 во вторник и среда има лига на шампиони).
Второ: Во 72ра плочи имаЛО во Стара нама и во стоковнана сега кај шо е Тинекс.Значи плочите биле ДОСТАПНА работа и можеле да се пуштат дома на грамофон за да ги слушаш.Сега си видел ти негде мјузик шоп во Прилеп??? Сметаш дека интернето и телевизијата се здрава работа? не бе брат,на интернет ако си приметил децава на јутјуб пушта да гледа ѕвезде гранда за да не пропушта НИТУ една епизода од фамозното шоу НОВЕ ЅВЕЗДЕ ГРАНДА шо ни го нуди нашиот северен сосеТ.То во ред е? А налет то,да не сакаш да ти набројам БАРЕМ 10 канали шо ги нема во никоја програмска шема на ниеден кабловски оператор,а шо ја диктира сета култура на КЛУБСКО ниво во Европа и светов. Џабе е,не се заинтересирани да плата некоја пара плус лујџево пошто убај му се ПИНК цел пакет за беспари се изнаслушуваат Лепа Брена и компанија и плус ДМ САТ ко бонус канал! Сполајму на господа стварно канали "за почит" шо ни ги пуштаат каблоФскиве оператори.
За Блажевски нема шо да коментирам пошто вејче погоре ти кажав.Дали де факто или де јуре тој го трујал народо или пак народо сам се труја процени сам.Колку за пример: Од другата недела НА ПРИМЕР нема да иди Блажевски да води караоке туку че иди Трајко Трајкоски(некој сосем непознат).И че дојди работава дека тој мајчинио ги труја или народов си иди оти знај дека во четврток че свира лепша од ночи и бајпас без разлика дали водел караоке Јанко или Петко!
	
		
	
	
		
		
			скофилде момче . Гледај сега вака. Има триста начини за разлепшавање на ноќен живот. Еве пример ако имаш фејсбук и гледаш објавуваат младинава се и сешто . Јас гледам објавуваат линкови армин ван бурен , пол о. и друга поп , хаус и каква ли не друга музика. кавали пропадна заради друга работа - почнаа секој викенд тепачки и затоа намали гужвата . Јас гледам по фејсбук и друго сакале луѓето освен цеца , од цеца многу ретко гледам некој да објави песна . ти праша момак : дали има гужва на друго место кај шо нема народно - јас ти велам : ИМА , во вирус ко ќе свири некој рок бенд . после 1 дарко нема конкуренција - да не мислишш ди енд ќе му биди ,  одат таму од по селана и околијата . Рајата одеше во вип во четврток и многу поодамна ко немаше александар блажески . Падна табу  ?падна! како се крена ? . Со програма  бе момак , ама не турбо фолк. Шо ќе одговориш на овој факт  момак ? можело и со група некоја , можело и со караоке програма (не турбо момак)  народот да се осеќа прекрасно. Е тоа сега шо се дало народна оптштонародна обзнана за турбофолк вечери во вип , е то е веќе друго . Тогаш се форсира чекич место хаус или поп .
		
		
	 
Ромео машко или како и да се викаш: вакви ко тебе беа и хипиците на времето,мислеа дека че го смена светов.Е арно ама испоумреа сите од хероин! Значи ова е факт шо ти го кажувам и не раскажувам приказни. Е сега тие малкуте шо останаја се потопени во рајата.А рајата дали е гратска дали е селска то не ми е во моментов тема на разговор.Фејсбук моменто остај си го за дома пред компјутер пошто мене освен тепање време и играње покер по некогаш,не ми е воопшто репер за тоа шо слушал народо.А и че ти кажам зошто! Тие шо ги гледаш ти шо клавале линкој од AVB,P.Oakenfold,PVD.....тие се тие ВЕЛЕКЛАБЕРИ шо посетуваат журки СТРОГО ако се подалеку од Прилеп во радиус од 100КМ.За утредента да реча:А бе бев во КОЛОСЕУМ во Скопје,чоекон а бе партали напраел мноогу јако си поминав. Аууууу...ние демек вуши сме задоени па не знајме кој е пол ван дајк и армин па сега ни продаваш мадина за бубрези.Машкооо,земи отвори си ги тро очите и зачешај ги тро ушите и че сватиш колку е сато.А то шо ми кажуваш за Табу и за Вирус не мешај баби и жаби.Башка то не те разбирам шо сакаш да кажиш.Еднаш кажуваш хаус,техно,транс,друкпат ми спомнуваш Табу,Вирус..а уствари ни едното ни другото место не емитува таква музика,со одредени измени во програмата не многу често пошто главниот збор и акцент го имаат живите свирки од рок бендови и Деспина(не сум ги слушнал да свират хаус или теКно).Погоре праевме муабет за објекти со капацитет од 1000+ а не за објекти 120+/-.
Кафичите секогаш и сегде можат да држат ниво и дијапазон на музика шо че свири и не мора во никој случај да се оди од крајност во крајност.Пошто едноставно самото име кажува дека местата се КАФИЧИ! Значи таму се оди на кафе муабет,на разменување мислења,одмарање од напорнио работен ден,опуштање.....А во ДИСКОТЕКА се оди да откачиш,да се изнаиграш,да изурлаш,да ја остајш кичмата на подиум и да си заминиш.А не се оди за да застаниш вместо и единственото движење да ти биди со едната рака до усната шуплина со полустоплената пијачка и назат.Ко че научиш да прајш споредба шо е кафич шо е клуб а шо е дискотека тогаш јави ми,пошто приметувам дека мешаш поими и мешаш места во кој шо не знајш како да се однесуваш,едноставно не му ја знајш намената!
	
		
	
	
		
		
			У прилеп не сум била 5год 

 а иам и една братучедка таму... (копија на Синди Крафорд е) знам имаше еден интересен кафич Пирамида веројатно и еден тропикал 

 ... шознам, интересно ми беше таму. Сакам пак!
		
 
		
	 
То одамна било и двата не работат :smir: