Нели е чудо

Можеби помало, со помали последици...
Има доста примери каде плачењето на фреските или нивно обојување (во црвено, во нашиот случај), биле предвесници на некоја несреќа која ги задесувала локалните.
Затоа многумина така и го протолкуваа и ова, уште пред да не задеси трагедијата, по некој ден.
Во врска со појавата на Господ Бог Исус Христос или некои светци на разни предмети, објекти, растенија и слично, до сега не сум чул ниту еден случај тоа да било најава за нешто лошо. А за овој случај, сега за сега, не ни знаеме доволно, освен штуро инфо, дека ете, наводно сен појавил ликот на Св. Никола. (што не е исклучено, пошто, како што реков веќе се случувало, многу пати, на секаде по светот).
Ограничениот атеизам е доволен, како премиса во нечиј живот, тој самиот веднаш да се посомнева во вистинитоста и валидноста на ваквите случки, или чуда. Со оглед на карактеристиките на таа филозофија, не зачудува таквата реакција на некои атеисти, кон овој и другите вакви случаи. разбирливо е тие да гледаат со потсмев...
Она што могумина би зачудило, е безрезервниот скептицизам кон, на пример, појава на лик од светец во дрво, на некој кој верува во постоење на демони, бестелесни битија кои диктираат книги (како Ајваз, да речеме), магија и сл.