Официјални трансфери/позајмици

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Хулк е најглупав фудбалер во историјата на фудбалот!
Челзи му беше далеку подобра опција он отиде во Русија. :tapp:
Па до кога да го чека Абрамович да искешира? Веќе година дена се шпекулира ама ништо, демек на Хулк не му се игра во Челзи. Ова верувам дека не е само негова одлука, нормално е дека и Порто сака да заработи.
Алал да им е на Порто, ненормално работат. Пример Лисандро и Хулк им се земени за 12 милиони, а заминаа за 100+. Тие за година година, пак ќе најдат некој Хулк што ќе го продадат за висока сума, сигурно нема да пропаднат. Од 2001 година имаат заработено 900М€ од трансфери:cuc:
 
Сеа пред малце Хулк кажал дека не знаел за трансферот, туку дека агентот му кажал дека тој и клубот договориле се и треба да оди во Зенит.
Ако е вака ова е за грев, ретко кој денес од фудбалериве си поставува критериуми за кај да игра.
 
И да биде како што викаш за 5-6 години играчката кариера на Хулк ќе заврши. Да ги одбереш Ливерпул и Интер место Челзи во моментов треба да ти направат лоботомија , а за преминување во Зенит наспроти Челзи е тука за жал современата медицина сеуште е немоќна.
Тој Челзи стана од обичен тим топ тим баш со потези како овие на Зенит непазарни .
Плус Хулк не го одбил Челзи туку Челзи не се договорил со Порто.

Дрогба ,Есиен и дружината на времето имаа понуди од какви тимови со реноме но тие ги одбраа милионите на Челзи.
 
Хулк и Вицел а? Овие од Зенит ко што читам и нани го барале за 38м :eek: Не се нормални :icon_mrgr:
 
Тој Челзи стана од обичен тим топ тим баш со потези како овие на Зенит непазарни .
Плус Хулк не го одбил Челзи туку Челзи не се договорил со Порто.

Дрогба ,Есиен и дружината на времето имаа понуди од какви тимови со реноме но тие ги одбраа милионите на Челзи.
постов ти е на место и тоа како!
посебно последниот дел

и да, за тие што напишале дека хулк е глуп што ги одбил челзи за да отиде во зенит треба да се запрашаат дали челзи воопшто понудил и ако понудил дали порто ја прифатил понудата...
 
Тој Челзи стана од обичен тим топ тим баш со потези како овие на Зенит непазарни .
Плус Хулк не го одбил Челзи туку Челзи не се договорил со Порто.

Дрогба ,Есиен и дружината на времето имаа понуди од какви тимови со реноме но тие ги одбраа милионите на Челзи.
Стварно ми се допаѓа теоријата но Челзи не бил обичен имаше ѕвезди од рангот на Гулит и Зола , ако си постара генерација може се сеќаваш на некои од нив но факт е дека беше во сенка покрај Ман. Утд и Ливерпул , но уште побитно е тоа што и Абрамович кога го прашаа зашто не инвестира во Русија кажа дека Англија има далеку поголема фудбалска традиција и е поатрактивна. Русите напреднаа ама уште доста време треба помине малку се тие твои 5-6 години. Хулк е во првите борбени редови и нормално е да биде топовско месо и да си го исмејуваме.
 
Ко сме кај Порто затоа шо ми е втор клуб после Арсенал.Порто е клуб кај кој скаутингот е беспрекорен нормално дека има и промашувања ама како знаат да земат пари од клубовиве тоа чудо некое и пак да останат во врвот иако нонстоп им бегат по некој клучен играч Нова звезда ке бит Џејмс Родригез кој ке го завземит местото на Хулк иза него ке земат ненормална пара за некоја година .Ненормални пари имаат земено од трансфери еве ке зеам од 2004 навака поголемите трансфери во фунти а ипред тоа имаат блесави пари земано за играчи
Карвалјо 26 милиони
Фереира 17,5 мил
Деко 18,5 мил
Маниче 14 мил
Андерсон 27,5
Пепе 26,5
Кварезма 22
Босингва 19
Лопез 21
Лучо 16,5
Сисоко 14
Алвес 19,5
Мирелеш 11,5
Фалкао 41,5
Сиве овие играчи ги имаат исплатено по неколку пати од тоа шо ги имаат купено
 
Што мерак ми се прави што екипиве од истокот се јачаат.Ако ако,не продолжат само........нека се рашири малце фудбалов насекаде.Руската лига ептен расте од година во година,само штета што немаат многу голем број на квалитетни домашни фудбалер,а имаат ограничувања на странците.
Кај и да е очекувам за некоја година руската лига да стане една од 5 најјаки лиги на светот.Спартак, Зенит, Локомотив, Анжи, Рубин, ЦСКА вложуваат огромни пари.Богами ни другите не заостануваат многу многу.Динамо Москва на пр. какви играчишта купи и колку пари потроши и е на дното на табелата.Доста интересна лига кај што секој секого може да тепа и се игра доста добар фудбал.
 
Тој Челзи стана од обичен тим топ тим баш со потези како овие на Зенит непазарни .
Плус Хулк не го одбил Челзи туку Челзи не се договорил со Порто.

Дрогба ,Есиен и дружината на времето имаа понуди од какви тимови со реноме но тие ги одбраа милионите на Челзи.

Никој жив не ги знаеше ни едниот ни другиот. За Есиен викаа дека е префорсиран антиталент од Франција, а за Дрогба знаеше само Мур, пошто тој се занимаваше со црнците.
Муабетот не ти е на место.
 
Порто се тимот со најдобра трансфер политика во Европа,па и во светов.. Колку само имаат извадено пари од трансфери последниве 10 години :eek::eek:
Се тоа се млади играчи земени за неколку стотици илјади евра од Бразил,Аргентина и сл. јужноамерикански земји кои за неколку години ги продаваат за 10-20Х поскапо на Челзи,Реал,Барса,Интер,Лион,Марсеј и останати европски гиганти..Секоја чест за раководството на тимот..
Во последниве неколку години гледам дека и Бенфика почнаа со слична политика (погледнете само колку пари земаа последниве 4 години од продавање на играчи како Ди Марија,Рамирес,Д.Луиз,Витсел итн итн..) на купување млади јужноамериканци и потоа продавање на истите за неколку пати повисока цена..
 
Доколку не направат Русите промени во правилата во првенството се им е џабе.Имаат глупаво правило мислам дека беше во тимот шо играт да немат поке од 5 странци другите мора да се Руси тоа глупаво правило да го укинат од федерацијата да видете кај ке стигнат Руските екипи со квалитет вака не им се исплака да купуваат играчи за на клупа да седат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom