Одмор...или не?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што некој го нарекува одмор, да идам у Охрид и 10 дена да спијам само по 5 саати максимум, не би сакал таков одмор.. Боље ќе отидам у некое село кај некои роднини, да се одморам ко чоек па после ќе праиме муабет за Охрид и слично.. :smir:
 
Баш одмор за мене е кога ќе си искулирам едно десетина дена на плажа и во кревет без додатни активности. Баш летово си исфурав баш таков одмор, си бев со сосема трети луѓе во хотел, другариве ми вртат и ме бараат ај во планет ај на градиште ама јас само игнорот и си фучам даље, и онака со истите ќе излезам во Скопје и исто ќе си поминеме.
 
Одморот ми беше максимално одмарачки оваа година.Само ми фалеа некои луѓе во друштво,да бевме малце повеќе и супер ќе беше.Лежење по цел ден на плажа,пливање,читкање чат пат,навечер играње карти,разни глупости правење во кампот,смеење,да не заборавам јадење (како замена за алкохол кој не смеев да го консумирам)по 100 пати дневно и така.Можам да кажам со чиста совест дека се одморив:pipi:.
 
odmor odmor koga odmor :vozbud:

33bmzcw.jpg



 
Одмор=Оние 10-15 дена коа ќе ги испратам цела фамилија негде во туѓина да изиграваат ракови и моржови а јас спијам колку сакам,јадам што сакам,праам шо сакам итн.
 
Кога си млад, одморот ти е повеќе за добар провод, излегувања, пијанки, фаќање маџарици и сл. Така е кога го имаш цело лето за одмор и излежавање, и тие 10ина дена сакате да ги поминете на некој поинтересен и поангажиран начин, со што и всушност до некаде и се замарате физички. Повеќе ви е до шетање, сакате што повеќе да видите, максимално да го искористите местото кое сте го одбрале за одмор, да ги посетите сите поинтересни околни места и знаменитости, едно дневни тури наоколу .. И тоа е, ангажирано и на тајминг минуваат деновите.

Одминаа ли годинките, приказната се менува ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom