Одмор...или не?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Kaко со еден другар, столови во вода до пола, ладно пиво и сончева дремка.
 
Јас сум повеќе за релаксиран одмор значи без претерано излегување и лутање до 4 наутро, всушност сметам дека ми е скоро доста од такви одмори, односно би променил и лично подобро би се чуствувал ако одморот е релаксиран дури, за локацијата би заминал и на планина или на некое поладно место иако се работи за летен период едноставно секогаш промена е добредојдена.
 
Одмор!
Правам што сакам.
Ако сакам да спијам, спијам.
Ако не ми се оди на плажа, не одам.
Ако сакам да се предозирам на алкохол, done!
.. одморот е она време од годината, каде можеш да се опуштиш, без да бидеш под притисок од околината за вечерното излегување, каде нема сите околу тебе да се туфкаат дали фустанчето им одговара со апостолките, и дали ташната им одговара со купачите, и дали вчера виделе некој и биле видено по дискотеките.
Ах, одмор...
 
Она што го викаме одмор е всушност умор додаден на тој што го имаме во секојдневниот живот.Не може некој да вика дека пошол на одмор, а цел ден лежи на плажа на 40 степени и се печи како гуштер и кога ќе замине од плажа офка како да копал цел ден :)
Одмор е кога ќе заминеш негде на планина и ќе се изнаспиеш неколку дена, да се изнадишеш чист воздух и да се вратиш дома препороден.
 
Сеа во петок одам со 7 другари и незнам дали ке биде баш одмор:)
 
Вкусот односно начинот на кој што некој сака да го помине одморот е исто како да дебатираш дали е бољи некоја да има добри цицки и гз ама лош карактер или обратно. Значи ако не се погодите да сте со слични желби и замисли, бољи не идете нигде на одмор, ова важи и за парови и за у друштво. Значи, да идеш на одмор за да не ти биде као шубе коа ќе те прашаат кај беше летово, ондак си искомплексиран. Ако те притиска друштвото ил девојката да идеш негде шо не ти е по ќејф, бољи не иди, иди сам ако треба, биди тамо каде што тебе ти одговара. Ионака за 10 години ќе нишаш бебе, жена ти ќе те замара дека е бољи да идете на море ради бебето, а тоа шо најблиското море е на 8-10 саати возење, нели нема везе, лош татко си ако те мрзи да возиш. Малиот/малата ќе рика цели вечери, жена ти нема да ти дава, пошо ќе го разбудите копукот, испаѓаш напален шупак шо цело време мисли на секс и тоа шо ти преостанува е да и тутнеш некој перверзен џепарлак она да се шета со копукот а ти да се опиваш кај таа гзлестата келнерка. Поштувајте си ја слободата, нити со девојка нити со друштво имате слобода.
Шо ви е по ќејф тоа правете. Не се умира ако не идеш на езеро/море, ниту се умира ако отидеш некаде сам, ниту се умира ако воопшто не отидеш некаде.
 
Кога сум на одмор се обидувам да најдам некој баланс помеѓу одморањето и забавувањето. Дефинитивно не сакам да пропуштам плажа и бањање, така да никогаш не спијам до 5 поручек, а не станувам ни во 10 сабајле. Значи нешто во средина, накај 1 саат на плажа.
Навечер може да се излезе во дискотека до 5 сабајле, но некоја вечер може да помине и со карти во станот/апартманот. Сакам од се по малце да пробам за тие 10на дена.
 
Кога одам на одмор, се трудам да не мислам на дома, целосно да се опуштам, и да се препуштам на одморската атмосфера.. Сакам да се релаксирам, да правам што сакам. Но кога се оди со друштво, тоа тешко се постигнува поради секојдневните журкања, прошетки по чаршиите, и правење ќејф на останатите, не на себе, за да не испаднете типови кои се делат од друштво и сл.. Мислам дека е најубаво во годината да се има 2 летни одмора, еден за журкање со пријателите, а еден за целосна релаксација.
 
секој ден одмарам, освен викендите
 
bas zaradi ova idame sami so deckomi na odmor dda se odmorime od site tie zurki drndanja rabota skolo itn....ako niso dr da se naspijam barem,ke se seta kolku ke se seta ama pred se nervi da se odmorat,da imame vreme i na plaza da otideme i na kafe mozebi i na nekoe zurce zosto da ne.....:pipi:
 
Мене одморот ми е фурање до даска :). Значи кога јас одам на одмор се подразбира лудување и забава. Денски на плажа, кафе, скокање од карпи, понекогаш играње баскет, а навечер лудување во дискотека (за среќа не се пијанчам, па можам да функционирам наредниот ден). Мене лично одмор од 10 дена, во кој би спиел и би лежел по цел ден ми е еднаков на замор. Сепак тоа се вкусови, а за вкусови не се дискутира.
 
Името е само „одмор“ иначе се иде за забава до бесвест :D
 
Зошто одам на одмор со родителите,го поминувам одморот онака лежерно. Стануваме околу 10-11,доручкуваме, на плажа,пак дома,пак на плажа па малку шетање навечер околу 11/12 дома сме т.е. во апартманот. Си легнувам тогаш и пак исто. Значи одмарам.
Е сега кога ќе почнам да одам со друштвото нема да биде исто....журкање оваа онаа...тогаш ќе биде забава...:pipi:
 
На одмор буквално уживам. Не мислам на ништо. Ја одмарам главата од компијутеров, и од триста чуда.
 
До пред 2 години одев на одмор со другарите...Ова лето бев на 2 одмори. Едниот во Струга со мојте другари...Многу убаво си поминав. Езеро, сончање, лудување, пиење, не ти додеваат родителите....Едноставно СУПЕР! :) А другиот одмор бев во БиХ, во Бијељина со мојте братучети и роднини. Исто и таму супер си поминав иако немаше сончање и капење :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom