Одгледување на печурки (буковка, шиитаке и др.)

Ај кога ке начекаш отровен срндач( сончарка ) сликај го и исто сликај и неотровен за да ја видиме разликата од прва рака.
Од сите печурки што ги наброј тука само сончарката ја берам и досега ама нити еднаш немам забележано нити пак знам за некој да знае дека има двојник на неа нити дека има најдено. Имам и книга за печурки каде се сликани сите видови и подвидови што виреат на ова подрачје и таму ама баш никаде не се споменува дека има отровен двојник на сончарката. Искрено за почетници таа е воедно и најлесна за препознавање баш поради нејзината специфична форма и големина, воедно и според мене и најбезбедна. Едноставно неможиш да ја помешаш со никоја друга. Друга работа е што е поприлично вкусна( јас не ја варам во три води , искрено нема ни потреба ама тоа се веќе вкусови) , лесна е да ја најдиш и е поприлично голема така да и со неколку се прави одлична софра. И кога сме кај тоа баш сега е моментот за берење на оваа печурка. Претходната недела имаше обилни врнежи а сега времето е сончево и многу влажно. Така да следната недела( обично по 12 дена од обилните врнежи ако после се стопли) би требало да ја има во голем број. Обично расти во багрем ама ја имам сретнато скоро секаде. Ако ми дозволи слободното време следната недела ке направам една мала прошетка па ако најдам нешто ке сликам и ке постирам.

Слабо е никната, а влага нема сеуште. се надевам деновиве да подврни уште малку. Инаку јас мислам дека и е на срндачот двојник, личи премногу и нема прстен на дршката, а шаторчето и е исто потполно. Инаку расти и по ливади, а најмногу ја има на места каде што се фрла ѓубре :D
 
Секој што собирал срндок би кажал дека нема двојник.. Тие примероци што немаат карактеристичен изглед и што не може да се распознаат со сигурност не се собираат.

Евентуално да се помеша со Lepiota cristata или Amanita pantherina или Amanita citrina ама човек со некакво искуство во собирање срндок не би требало да прави така. Плус ниедна се чини не е толку токсична, колку што можев да прочитам на интернет. Ама само тој што пробал знае. :)
 
Дечки можно ли е печурката за која е отворена темата да е истата со која се затруле тетовското семејство?

Ова е amanita virosa од википедија.

Amanita_virosa_Oberschlei%C3%9Fheim.jpg

Ова е печурката од првиот пост.

img903-jpg.74361

Не знаев дека е можно да има толку отровна ливадска печурка.
 
IMG920.jpg

IMG921.jpg
IMG918.jpg
IMG919.jpg

Каква е печурката на сликата? Ме интересира дали се јаде (нема да јадам). Ја најдов во ливада во Скопје.
 
(Овој коментар не го земај за сериозно, немам ништо за печурки)
Првите личат на шампињони :)
Втората мислам не се јаде, сум наоѓал слични на трупци, отровни ама се знае за печурките, мала разлика. Како што реков не ме земај за озбилно :D
 
Прегледај го приврзокот 75170

Прегледај го приврзокот 75171
Прегледај го приврзокот 75172
Прегледај го приврзокот 75173

Каква е печурката на сликата? Ме интересира дали се јаде (нема да јадам). Ја најдов во ливада во Скопје.

Опасна работа се печурките,ако не ги разбираш не си играј со огин.Ако толку ти се јаде купи си од некој што ги разбира и собира.Баш читав дека во Тетово се отруле 5-6 души од јадење отровни печурки.Оваквите одат од 300 денари па нагоре за килограм.Сувите се дупло поскапи.
 
Не си играјте со вакви работи ако не се разбирате или ако не одите со стручно лице.
Имаше ваква тема,некој читајќи ја помислил дека научил нешто за печурките.Тргнал да собира а дел од собраните печурки дал на роднини кои завршиле на токсикологија и не се знае каков ќе биде крајот.
 
Добро луѓе, значи јас ве прашав од каков вид е печурката и дали се јаде, а не да ми давате совети. И ако не видовте, јасно е напишано дека нема да ја јадам печурката!!
 
Odlicna tema.
Ja procitav od pocetok no ne najdov kolkav prostor i kolku vreki se potrebni za eden covek da vadi pristojna plata.Imam prostor ,zelba i sredstva no nikakvo poznavanje .
Vo poslednite postovi se komentira za berba na pecurki koi izrasnale po priroden pat i mislam deka treba da se otvori nova tema bideki ovaa e bas za proizvodstvo.
 
Не си играјте со вакви работи ако не се разбирате или ако не одите со стручно лице.
Имаше ваква тема,некој читајќи ја помислил дека научил нешто за печурките.Тргнал да собира а дел од собраните печурки дал на роднини кои завршиле на токсикологија и не се знае каков ќе биде крајот.

Аман бе.. Are you serious??
Инаку овие глупите телевизии дадоа слики од секакви печурки кои се јадат само не и од овие отровните Amanita virosa.
 
Која печурка е најдобро за одгледување во зимскиот период ?
 
Fric:
значи одговор на прашањето која е најдобра за одгледување во зимски услови .... Ај овака:
1. Дали ти е ради хоби,
2.Дали ти е заради заработка?
--- надополнето: 9 ноември 2013 во 21:43 ---
Ненад, да се чуеме ако сакаш подетално за одгледување на печурки(од аспект на заработка).
Имаш одлична можност доколку си сериозен да ти најдам дистрибутер за поголеми количини буковка низ Рамстор, Веро, Сп,,,,,,,,
071 239 710 (вип)
Ма, важи за сите, дали од Бт или остаток на Мк
 
071 239 710 (вип)
Ма, важи за сите, дали од Бт или остаток на Мк
Господине Ване. Сакам да ве прашам за светлината која е потребна да се одгледува Буковката. Јас живеам во зграда и сакам во подрум да пробам да произведам барем неколку вреки, да видам како оди процесот, да научам нешто и да видам кој грешки се прават. Значи не ме интересира пласман на почетокот, туку да научам. Ако е се во ред ке продолжам понатаму.
Ова се почетнички прашања, колку часови светлина им е потребно, колку лумена/волти на м2 или на вреќа е потребно. Дали и е потребен фото период од да речеме 12 часа светло, 12 часа темнина итн.
За почеток сакам да купам 3-5 вреќи компост и мицелиум. Од каде може да ги купам и по која цена?

Благодарам.
 
Најдов во предходните постови се што ми треба. Фала сепак. :)
--- надополнето: 15 декември 2013 во 20:54 ---
Господине Ване. Сакам да ве прашам за светлината која е потребна да се одгледува Буковката. Јас живеам во зграда и сакам во подрум да пробам да произведам барем неколку вреки, да видам како оди процесот, да научам нешто и да видам кој грешки се прават. Значи не ме интересира пласман на почетокот, туку да научам. Ако е се во ред ке продолжам понатаму.
Ова се почетнички прашања, колку часови светлина им е потребно, колку лумена/волти на м2 или на вреќа е потребно. Дали и е потребен фото период од да речеме 12 часа светло, 12 часа темнина итн.
За почеток сакам да купам 3-5 вреќи компост и мицелиум. Од каде може да ги купам и по која цена?

Благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom