Одгледување на биволи

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Автохтоните видови свињи „мангулица“ и „шишка“ веќе ги нема во Македонија. Опасност од изумирање им се заканува и на биволите и на „бушите“. Се' поретко се среќаваат и автохтоните видови коњи, магариња и мазги. Експертите предупредуваат дека ако не се спречат изумирањето на овие животни и драстичното намалување на сточниот фонд, постои опасност земјава да има само занемарливи количества домашно месо и да увезува месо со сомнителен квалитет. За увоз на месо годишно од Македонија се одлеваат над 100 милиони евра.
d551aeae01fe58ae276a8aa253df4cff.jpg


Во Институтот за сточарство тврдат дека во последно време посебно се загрозени биволите, кои ги има околу стотина, и кравата „буша“.

- Ние работиме на проекти со кои се следат производството и особините на одредени видови животни и се складираат нивни гени. Мора да се познава генетската структура која била типична за ова поднебје. Опфатени се овцата „каракачанка“ и говедото „буша“. Со овие проекти сакаме да ги зачуваме видовите специфични за нашето поднебје - вели Боне Палашевски, директор на Институтот.

Според него, во земјава сега доминираат благородните раси на говеда, како што се фризиска, сименталска и други, кои опфаќаат 57 отсто од вкупниот број, односно околу 150.000. Од вкупно 296.000 говеда, околу 80.000 се мелези. Палашевски смета дека времето и карактеристиките што ги имале одредени видови домашни животни придонеле тие да изумрат.

- Домашната свиња „мангулицата“ остана само во делови од Србија. Кај нас се сметаше за нископродуктивна и немаше интерес да биде задржана. Таа има посебни специфики, но денешниот потрошувач е навикнат на поинаков вкус. Расата „шишка“, пак, ја имаше многу одамна, пред четири децении. Беше застапена во руралните средини, а со развојот на инфраструктурата изумре. Во изминатиот период се зголеми интересот за поблагородните видови - вели тој.

Во Федерацијата на фармери укажуваат дека исчезнуваат и говедата кои порано многу се користеле за обработка на земјата.

- Биволите кои во Кочанско се користеа при одгледувањето на оризот ги нема повеќе. Магарињата и коњите се' помалку ги има. Никој во земјава не се грижи за тоа. Немаме ни официјална точна бројка колку се намалува сточниот фонд - тврди Ефтим Шаклев, претседател на Федерацијата.

Според Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци, жално е што некои домашни видови животни во иднина ќе може да се видам само во музеј.

- Коњи веќе не се одгледуваат како порано, а магарињата ќе ги има само во зоолошка градина.Нема мазги ниту биволи. Порано се знаеше дека месото од биволи е најквалитетно, а млекото со најголема масленост. Ретко се одгледуваат и свињи, а домашните раси на овци полека ги снемува како што се „праменка“ и „овчеполка“. Тие се измелезени и се' повеќе се одгледуваат овци што тешко се приспособуваат на нашето поднебје - вели Тантаров.

Експертите се децидни дека мора да се преземат мерки за да се запре драстичното намалување на сточниот фонд. Причината за ваквата состојба ја бараат во немањето стратегија за развој на оваа гранка.

Исчезнувањето на одредени видови животни не е својствено само за земјава. Денес во светот е загрозен опстанокот на 30 проценти од домашните видови животни. Се проценува дека секоја недела изумира по еден вид.
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=0124478EAE896240836F943C7209E3AE

За разлика од Македонија - во Бугарија постои стратегија за нивно одгледување - постојат две асоцијации кои контролират 4573 биволици. Според податоците од 2010 г. БГ има вкупно 9200 бивола, од коишто 5400 – женски. Животните се одгледуваат во околу 900 стопанства. Најмногу биволи имале во 1926 г. –дури 448 000.

Биволите не боледуваат од Луда крава, многу ретко од туберкулоза, бруцелоза и т.н. Затоа во последните години млечните продукти, произведени од биволи, се бараат многу повеќе на европскиот пазар.

Биволското млеко е исклучително ценето.После хаваријата во Чернобил тоа е единственото, коешто не било засегнато од радијацијата
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 20:58 ---
Од млекото од бивол, чија масленост изнесува над 9 млечни единици, се прави брендираното сирење моцарела


Прилеп - Во прилепското село Дебреште се наоѓа последното семејство биволи во Пелагонија. Себатин Алиоски (39) одгледува стадо што го сочинуваат 4 грла од овој добиток. Секој ден ги носи на пасење на чисти терени, бара мали базенчиња каде што може да се капат, а неколку пати во денот ги храни со зоб, детелина, луцерка, сено... Скапо е одгледувањето на овој добиток, вели Алиоски, но тој сака да му ја исполни желбата на својот татко. Во спротивно, без поддршка од државата, како што вели, одамна би ги продал, зашто, со оглед на високите трошоци и неможноста да им се посвети целосна грижа, постои опасност да угинат.

„Баравме неколкупати досега финансиска помош од државата, но ништо не добивме. Еве, одбиени сме годинава за субвенции. Поднесовме барање како за сите други грла, како кравите, било пријавено едно повеќе и не' одбија“, вели Алиоски.

Тој додава дека доколку и натаму државата нема слух за ваквите проблеми, ќе угине и последното стадо биволи во Пелагонија. Оваа приказна веќе ја доживеа неговиот соселанец Демир Синаноски (43). Тој неколку години одгледуваше 4 грла биволи. Одвојувал голем дел од скромниот семеен буџет за да им обезбеди што подобри услови. Синаноски се надевал дека ќе добие помош од државата, дека ќе го прошири стадото и ќе може да си обезбеди себеси и на своето семејство сигурна егзистенција.

„Вложивме и труд и средства. Иако не сме богати, со многу љубов го одгледувавме тоа стадо биволи. Знаејќи ги квалитетите на млечните производи кои се барани на пазарите во светот, помисливме дека навистина ќе си обезбедиме егзистенција со проширување на стадото. Добивме извесна помош од една невладина организација од Битола, но не и од државата. Иако баравме и молевме, немаше слух. Три грла угинаа, а последното ни беше жал да го гледаме само, па одлучивме да го продадеме“, раскажува Синаноски, кој сега се преориентирал кон тутунопроизводство, зашто, вели дека нема друг избор.

И тој и Алиоски истакнуваат дека во државата, за жал, нема ниту пазар каде што би се пласирало биволското млеко и би се подготвувале квалитетни сирења. На запад од ова млеко, чија масленост изнесува над 9 млечни единици, се прави брендираното сирење „моцарела“. Но, кај нас млекото засега се користи за лек кај болести на дишните патишта. Се јавуваат, како што вели Алиоски, жители од сите краеви на Македонија за да купат млеко, зашто веруваат дека ќе се излечат.

Но, не само што овие семејства не можат да ја обезбедуваат својата егзистенција, туку проблем е што со несоодветна грижа полека згаснува одгледувањето на овој вид добиток на овие простори. Освен во Дебреште, во Македонија има само уште едно семејство биволи во Кумановско и толку.
http://utrinski.unet.com.mk/default.asp?ItemID=A1F8ECEE6ACDD14E898EB59923DE4FDB
 
Дојди и одгледувај биволи....
 
Колку биволи има во оваа држава.....ама преправени во луѓе. Не се секирајте, не се во изумирање.....напротив.
 
Колку биволи има во оваа држава.....ама преправени во луѓе. Не се секирајте, не се во изумирање.....напротив.
Да, е некој богами и во градоначалници... на пр. на....Ку...Ку....Ку.............
 
Дојди и одгледувај биволи....
што па јас?!:icon_mrgr:
немам никаква допирна точка бе човеку со тоа - но, затоа пак има луѓе кои се заинтересирани- доколку прочита погоре истите тие барале помош од државата
гледаш ли дека во МК не само биволи, туку ни кокошки нема да останат - се’ е сотрено.
Мора да се поттикнат со нешто-
 
Може се загрозени по селата,ама нека не се секираат од Федерацијата на фармери.Во Скопје се повеќе гледам крави,магариња,коњи,кози и свињи.

Денес во Лисиче кај последна 7-ца (после трговскиот) ќе удрев еден коњ.Комшииве кај мене земале пред еден месец да чуваат свиња,на 3 метри од куќа ми е.Иако живеам на 10 км од строг центар (7км ваздушно) во општина ми викаат дечко немаме правна основа да му забраниме да чува свиња.Сме биле рурална општина.Во Министерство за животна средина ми викаат - не бе дечко ние сме за поголеми загадувачи,како Окта и др.Демек нешто направија околку Окта али нема везе.
Незнам што на мајка им пичката барале да се преселат во Скопје од село,кога сакаат да водат селски живот.Али тоа е,во оваа скапана држава ништо не функционира.Сега треба да седам дома и додека јадам леб на маса да мирисам свински гомна,ама затоа се потресов кога прочитав дека животниве во Мк биле загрозени.

:confused:
 
сериозно треба да се позанимаваат државата и министерството со оваа проблематика.
Ако се земе во предвид дека сирењата/кашкавалите “Моцарелла”, “Скаморза”, “Фрескал”, “Херб”, “Ементал”, павлаката , урдата , и самото биволско месо се не само вкусни туку и два пати поскапи од кравјо- овчите , а да не ја заборавиме и биволската кожа - тогаш
време е да се увезат што поголем број расплодни животни - токму онака како што тоа го прават соседните држави.

http://agrovestnik.com/2012/11/биволов'дството-е-мојат-адреналин-в-жи/
 
Секаква тема можев да очекувам од човек ама ова е врвот се превртев од смеење
 
Секаква тема можев да очекувам од човек ама ова е врвот се превртев од смеење
Kao демек ова горе треба да е смешно ? Смешно е што тие истите пред 20 години не беа 4 туку беа 104 ако не и повеќе само во тоа село...
 
Секаква тема можев да очекувам од човек ама ова е врвот се превртев од смеење

Смеејте се ако продолжи да се смееш како дворски шут оти кога-тогаш ќе нема месо,кожни јакни па дури и сирења,кашкавали и други прехранбени продукто што се од животинско потекло сето тоа ќе снема па ќе видам кој прв се смее и последен ќе плаче ;)
 
Бушата не изумира тоа да си го знаете како добар ден
 
Бушата не изумира тоа да си го знаете како добар ден

Се разбира дека изумира...
Во моментот кога ќе секне државната помош конкретно за "буша" - ќе ја снема. Порано не беше потребно финансирање за да опстојува. Сега е присутна само и единствено поради тоа.
Во однос на биволите, до пред само 10 тина години во моето село имаше едно 20-30 грла. Сега ниту едно.

Во иднина ќе јадеме унифицирана храна, од генетски манипулирани сорти растенија и животни.
 
Нема ни кој да ги чува има ама не е тоа тоа кај мене во село сите продадоа кравите козите заклаа кокошките не им се работи Останаа уше 2 куќи со крави а со кози нема Ја сум нова надеж чувам бројлери:):):):):):):):):)Вајда разбравте што сакав да кажам.
 
Нема ни кој да ги чува има ама не е тоа тоа кај мене во село сите продадоа кравите козите заклаа кокошките не им се работи Останаа уше 2 куќи со крави а со кози нема Ја сум нова надеж чувам бројлери:):):):):):):):):)Вајда разбравте што сакав да кажам.


Ти пријателе, остана да чуваш само стока :) А забораив многу време посветуваш на теретаната па верувам не би нашол време да ја напасеш и напоиш 100ката.
 
Одма ми текнува на Клепач. Сакаат вода тие многу и малце се тешки за одгледување. За жал никогаш не успеав да пробам млеко од бивол. Викаа дека било многу јако. А намалениот интерес е заради евтиниот откуп на млекото.
 
Back
На врв Bottom