Од што се плашите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Од волкот најмногу!!!
Се плашам и од хорори не за друго обавезно ги сонувам вечерта и многу се соживувам во сонот:toe:
 
Па не се плашам од ништо освен од некои работи кои ги нема кај нас т.е. кобри, звечарки и тарантули :)
 
Не знам.
Веројатно не се плашам од ништо.
Не оти сум некој бестрашен херој,туку едноставно,ретки се ситуациите кога има вистинска потреба од страв.
Погрешно е сватен концептот на страв.
Мислам дека тоа чувство не се појавува за да се чувствуваме лошо(како што е прифатен од луѓето),и да се трудиме по секоја цена да го избегнеме и да го оставиме зад нас.
Напротив,тоа би требало да биде индикатор,нешто што треба да ни покаже дека е потребна анализа за некоја,можеби нова и непозната ситуација,личност,предмет(а нормално,познато е дека стравот од непознатото е најрасширен) и со расклопување на состојбата,да ја запознаеме подобро,за подоцна да научиме како да реагираме кон неа,дали да ја прифатиме или не...
На пример,ако некој има страв од пајаци,неговиот мозок ја наметнува потребата за разгледување и проучување на нивниот вид,нивните навики,системот на одбрана и слично...Со таквото запознавање,стравот полека исчезнува,од проста причина што,причините што го предизвикуваат,се повеќе и повеќе се намалуваат,па сето тоа може да премине дури и во симпатија кон тој одреден вид.
Ова е само прост пример,но истиот може да се примени во огромен број различни ситуации во кои постои страв и со самото тоа да го разбереме подобро и да сфатиме дека е далеку покорисен од нас,отколку што сме мислеле на почеток.
 
Идемо со песната: Не се плашам од ништоооо...
Не сериозно стварно, немам некој посебен страв од ништо. Можда сум премногу глупав колку што сум храбар (=
 
Од подрумот во мојава зграда (4ри години немам слезено)
Од Самиот Себе.
Од смрт и секој момент што ќе ти го флешира животот пред очи.
 
за работи кои се однесуваат за мене не се плашам од ништо ни од смрта но највеќе ми е страв да не им се случи нешто на децата мои мислам тоа не ќе можам да го издржам мислам дека ќе цркнам
 
Од смрт.
Единствената неповратна состојба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom