Од што се плашите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Веројатно се заглавил ... Јас така како мал се заглавив со мајка ми во еден прастар лифт, и чекавме пола саат да дојде некој да ни отвори врата. Оттогаш ми требаа неколку години да се навикнам сам да се возам по лифтови.
 
Мене не ми се случило да се заглавам во лифт, а секогаш имам некој чуден страв кога сум внатре ... :?
 
Еднаш кога бев мал некаде 10 години и баш на мојот роденден имав другарчиња по дома и им викам ај ке излеземе надвор да прошетаме доста дома и влеговме во лифтот и како што се симнувавме надоле ја стегнав на копчето СТОП и лифтот застана меѓу први кат и приземје и стегаме на сите копчиња не бе не тера лифтов, не мрда ни лево ни десно, ни горе ни доле, ни напред ни назад, али некои од другарчињава се „усраа у гаќи“ а ја ги тешев „абе не се секирајте ќе дојдат мајстори ќе не извадат“ и дојдоа... :poos: :poos:
 
Леле сега се сетив дека се имам заглавено! Со Форчн ... во зграда од три спрата што е најсмешно ... а ме тераше нешто да одиме по скали, ама таа ми рече ау не, ајде ќе си се возиме со лифт ... ни заглави и на качување и на слегување ... незнам каква бев ама после тоа цел ден ми се смееше на фацата што сум ја направила ... лошооо :poos:
 
Колку ми е убаво кога се плашам
После од друга перспектива ми е смешно како сум можел да се плашам во таа ситуација
И после некое време пак ќе се најдам во истата ситуација и пак се плашам

Страв - права ствар
До каде можете да одите?
Страв од непознатото - најјако!!
 
Абе лифтовите имаат и друг излез :pos: Од покрив :poos:
 
divine напиша:
Леле сега се сетив дека се имам заглавено! Со Форчн ... во зграда од три спрата што е најсмешно ... а ме тераше нешто да одиме по скали, ама таа ми рече ау не, ајде ќе си се возиме со лифт ... ни заглави и на качување и на слегување ... незнам каква бев ама после тоа цел ден ми се смееше на фацата што сум ја направила ... лошооо :poos:
:poos: :poos: :poos: :poos: :poos:
Сега ми текна на моментот бе! Како можев да заборавам? Мислам дека беше во зградата на Oriflame, важни демек одиме да си ја земеме порачката. Сами бевме во лифтот, ама кога застана на средина, никогаш нема да ја заборавам фацата на Дивне, пребледе, не знаеше што да прави :pos: Не дека јас не се исплашив, еве од тогаш во лифт не сум влегла :pos: Кога излеговме надвор, моравме да седиме на клупа, да испушиме по 5-6 цигари за да се смириме :pos:
Се плашам од висина, добивам вртоглавици. Се плашев да спијам без светло, ама сега немам проблем со тоа.
Стравот може да се победи ако го правиш она кое те плаши. Утре Дивне идам да се возиме во лифт! :pos:
 
Форчн, на прв спрат сум опрај се ... шетај се горе-доле сама, ако веќе толку ти е мерак :poos:
 
За лифтовите... најчесто фобија од лифтови имаат луѓето што никогаш (или многу ретко) ги користеле. Например братучед ми живее во Велес и и за жива глава не сака да стапне во лифт. Тоа е така затоа што никогаш (или само еднаш) се нема возено со лифт...

А уште еднаш ќе се навратам на тоа што на мене највеќе ми ја крева косата! Жени возачи! Завчера пак ќе ме слупаше една на паркинг. Во рикверц идеше и за малку ќе ме качеше на багажник! :x
 
само од змии и тоа паничен страв, неќам ни на телевизија да ги гледам
 
Acid напиша:
А уште еднаш ќе се навратам на тоа што на мене највеќе ми ја крева косата! Жени возачи! Завчера пак ќе ме слупаше една на паркинг. Во рикверц идеше и за малку ќе ме качеше на багажник! :x
Е на ова морам да се придружам и да раскажам моја случка, на подвожњак во К.Вода (на Огњан Прица) : стојам на семафор зад една тетка во прастара шкода, само таа и јас на семафорот. Се пали зелено, теткава не тргнува!! По триесет секунди излегува тетката и ми вели „Ај ако можете да ми помогнете, колава не ми пали!“ Јас излегувам од мојата кола (одма зад неа), седнувам во нејзината,кревам рачна, верглам неколку пати, колата успешно запалува, ја оставам со крената рачна и во лер, велам „Повелете, продолжете“ и тргнувам накај мојата кола. Во тој момент тетката спушта рачна, колата и гасне - и стиснува на куплунг и почнува да ја пали - а колата се враќа по удолница назад накај мојата!!! Јас трчам накај мојата кола, мавтам со раце, викам „Кочи, кочи!!“ Теткава дрмнува во мојата кола, во истиот момент и запалува, стиснува на гас и ја снемува за две секунди!!! И ене браникот ми е уште изгребан од неа....

:zid: :zid: :zid: :zid: :zid:
 
:pos: :pos: :pos:
Тоа ти е друже, имаше еднаш една тема за жени возачи на овој форум, ама ми се чини дека појќе ја нема. :wink:

Се плашам само од нешто што навистина има причина да се плашам.
Да, змиите се “гадни“, може да те „упецаат“ и затоа се плашам. Жените возачи (во повеќето случаи) немаат добра координација - и затоа се плашам.

Ама да се плашам од лифтови... :roll:
 
divine напиша:
Мене не ми се случило да се заглавам во лифт, а секогаш имам некој чуден страв кога сум внатре ... :?
epa mene bas istoto kako divine mi se slucuva!!!nikogas ne sum se zaglavil ama pusti strav!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom