Од септември првоодделенците ќе учат англиски - паметно или жива глупост?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ги научат прво македонски па после англиски!
 
Јас мислам второ одделение е идеално за англискиот. Во прво уште учат А; Б; В; ... значи зборот ми беше, прво македонски да научат, па дури после англиски во второ се учи и латиница и.т.н Инаку многу често знаат да не прават разлика помеѓу кирилица и латиница па во една реченица има напишано и латиница и кирилица тука се јавува проблем.
 
па не е лошо да учат англиски мислам убаво е јазик да разбираш...
 
Нормално дека е убаво ама да не се лажеме уште азбуката наша не ја знаат па не англиски ќе учат...:tapp:
 
Не се учеше латиницава у 2ро? Или овој англиски нешто ко вовед?
 
Јас мислам дека англиски од прво одделение не е добро зато шо децата уште незнает Македонски а почнале англиски да учат...прво нашиот јазик да си го научат па после ако сакат и кинески нека учат.
 
Доста паметно...Треба уште од мали да ја сватат суштината на јазикот, за после да им биде полесно...А и денеска без англиски јазик си никој и ништо, така да, мудра одлука :)
 
Тешка глупост е ова...уште македонски незнаат а не па англиски да учат...според мене треба да учат странски јазик ( без разлика дали е англиски,француски или сл. ) од 3-то одделение...некој погоре рече дека теле се учи а не вол...тоа е точно ама во случајов со првачињата е прерано да почнат да учат англиски...ко шо реков треба од 3-то да се воведи странски јазик
 
абе не е паметно како паметно прво нека научат македонски да пишуваат и читаат па потоа англиски таму во трето оделение а што сега ова само ке ги збунат децата
 
требит англиски ама на кирилица...
ама прво буквите кирилица нека ги научат...:vozbud:
 
абе не е паметно како паметно прво нека научат македонски да пишуваат и читаат па потоа англиски таму во трето оделение а што сега ова само ке ги збунат децата

Е да, ќе ги збунат. Англискиот и Македонскиот многу слични јазици се.
:tapp:
 
ајде што незнаат во прво одделение да пишуваат ајде тоа..
ама учат англиски.. јазик кој моментално доминира... во времето од мајка ми сите учеле француски пош тој јазик бил на цена, после 10 години може повеќе да е баран рускиот ( факт е дека русија јакнее и као што денес се тепаме за англиски може да стане да се тепаме за руски) зашто дете мало од 6 години да го осакатуваш и да му испереш мозок со еден јазик? ок учење странски јазик е добра работа.. ама барем нека има избор... или безрезервно сакаме да се американизираме па ке учиме англиски? па после ке предвидуваат дека македонскиот е во групата на јазици кои мошне брзо ке исчезнат... па ќе биде.. баш поради вакви глупости
 
Мислам дека е супер, барем боите и броевите ќе ги научат хехе
 
оваа возраст е најсоодветна да се изучува втор јазик...исто така оваа возраст е најсоодветна да се узучува и музички инструмент...или читање на ноти...
 
Не сметам дека е паметно уште од прво одделение да се изучува англиски.
Барем од второ одделение да се започне тоа се сложувам или трето најкасно.
Не е во ред децата уште од самиот старт на своето образование да изучуваат втор јазик кој не им е мајчин, а притоа значи во случајов македонскиот сеуште не го ни знаат. Не ја знаат азбуката, не знаат да пишуваат, читаат и сл. Првото одделение е за изучување на мајчиниот јазик и неговата основа. Веќе од второ/трето нека почнат и основни работи на англискиот јазик.
Јас знам дека новиве генерации напредни се но не е во ред децата да ги мешаат мајчиниот јазик и англискиот и во ист период да учат броење, азбука, пишување на 2 различни јазици. Прво основа на македонски нека научат, па после англискиот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom