Позајмувам и ми позајмуваат.
Скоро 99% од времето имам пари во мене и ретко кога се случува да побарам од некого да ми позајми, затоа што не сакам многу многу да ми позајмуваат. Потоа ќе не можам да спијам се додека не ги вратам

. Затоа веднаш утредента или следниот ден, личноста ќе си ги добие парите назад.
Им позајмувам често и на другите околу мене, ама избегнувам да им позајмувам на личностите кои цело време живеат од позајмување, гребаторење од другите. Имам во друштво луѓе кои не паметам еднаш да зеле пари, и дури и ако зеле, бараат пари од другите ако им фалат уште. Да сум јас на нивно место, ќе речам или не доаѓам со вас или едноставно нема да барам пари. Па досадни се мајке ми, секој божји ден : Абе Фросе имаш пари.. И тоа не за едно нешто, да ги спонзорираш по цел ден. На пр. бевме на пеинтбол, па во Мекдоналдс па на кино. И наместо по пеинтболот да си замине дома, таа ми бараше пари и за во Мекдоналдс и за во кино

.
Значи на вакви личности не позајмувам, затоа што треба да им се даде голема сума, а од враќањето на парите нема ни В. Често им велам дека немам повеќе пари или дека планирани ми се. Инаку другите кога и да им фали некој денар, нека ми се обратат кога сакаат
