Од денес за утре

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Сител во копродукција со „Идеа плус комуникации“ на 1. мај ќе почне да снима македонска хумористична серија со наслов „Од денес за утре“ во сценарио на Братислав Димитров и Предраг Перишиќ, режија на Иво Лауренчиќ и музика на Ристо Самарџиев. Засега се познати две актерски имиња, Билјана Беличанец и Сенко Велинов, а другите ќе бидат дополнително објавени. Сценографијата ќе биде на Снежана Поњавиќ - Муча, а за костимите ќе биде задолжена Розе Трајчевска.

Серијата ќе има 13 епизоди од по 44 минути и првата премиерно ќе се прикаже на 15. септември на Сител.
 
Ајде конечно нешто слично ко американскине хум. серии и ние да направиме. Браво за Сител.
 
Ми изгледа како одлична идеја, им посакувам успешна реализација, па да се смееме од септември. :)
 
во сценарио на Братислав Димитров
Ке врие од носталгични скопски финти али барем е услов за нешто квалитетно. "Томе од бензиската пумпа" е добра препорака за начинот на кој работи Димитров.
 
Не ви е Сенко Велинов малце језив за хумористична серија. :O.

Како и да е, зарѓана ни е оваа гранка. Не очекувам “Викенд на мртовци’’, со нијанса посмешно од “Салон Хармони’’ сум задоволен
 
Браво.

После долго време без никаква продукција на македонска серија, редно беше да се случи нешто.

Останува да видиме, па да коментираме за квалитетот.
 
Одлично, одвај чекам ми дојде преку глава од ова американскиве серии.
 
И од Турскиве и се разбира од: ШПАНСКИТЕ, ОУУ ЈЕАА!!!!!!!!! :tapp:
 
Браво за инцијативата, одвај чекам да видам што ќе испадне :браво:
Серијата ќе има 13 епизоди од по 44 минути и првата премиерно ќе се прикаже на 15. септември на Сител.
Добро што не се емитува на А1, инаку ќе имаше 26 епизоди од по 22 минути, надополнети со уште 22 минути ЕПП :vozbud:
 
Баш да видиме што ќе биде ова само да не биде една сезона и толку од серијава
 
http://www.time.mk/cluster/28f256b40f/od-denes-za-utre-nova-makedonska-tv-serija.html

Еве и повеќе по медиумите за вчерашната прес-конференција, како и повеќе детали за серијата. :)
Мило ми е што Идеа Плус и Сител прават производ кој ќе го понудат и надвор од Македонија, тоа зборува дека ќе ги надмине досегашните стандарди на правење серија кај нас.
 
како мислиш ке го понудат и надвор од Македонија?? ќе иде серијава и во Србија,Хрватска и др ?? ако е така секоја чест за нив :vozbud:
 
како мислиш ке го понудат и надвор од Македонија?? ќе иде серијава и во Србија,Хрватска и др ?? ако е така секоја чест за нив :vozbud:
Србија,Хрватска,Бугарија..
 
Добра идеја, им посакувам успешно да ја реализираат па да гледаме некоја добра домашна серија.:helou:
 
Само да не биде како онаа на Мтв што беше серија Сашко и Сашка:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom