До некаде и е оправдана оваа одлука.Едноставно во Европа има премногу добри репрезентации кои според квалитетот заслужуваат да бидат на ЕП.Јест да вака стварно најдобрите од најдобрите идеа само,но и вака не верувам дека многу многу ќе се разводни квалитетот.Едноставно според мене секој што може да заврши 2 во група во квалификации заслужува да биде на ЕП без да се замара со баражи.Можеби бројот на слепи патници кои ги има еднаш на 2 ЕП ќе се зголеми малце и ќе има на секое натпреварување по еден таков,но и тоа не е нешто страшно.На крајот од краиштата и тие требало да пројдат квалификации и да исфрлат некој појак од себе за да се најдат таму.Ни тие како Латвија 2004та или Естонија сега на пр. не се толку слаби како што изгледаат.
Англија,Ирска,Франција,Потругалија,Шпанија,Швајцарија,Холандија,Белгија,Германија,Данска,Шведска, Полска,Словачка,Чешка,Русија,Украина,Романија,Србија,БиХ,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Грција,Турција, Израел,Италија,Шкотска,Норвешка......... се се тоа репрезентации кои имаат квалитет да се натпреваруваат на ЕП,а набројаниве се повеќе од 24.Плус другите репрезентации можеби се слаби,но далеку се од тешки аутсајдери.Само против полуаматери од Андора,Малта,Сан Марино и Фарски Острови може да се земат лесни бодови.Против другите екипи и најјаките во Европа мора убаво да се потрудат да земат три бода,особено на гостински терен.