Очигледни докази на Божјото постоење

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Дали бог ќе ми префрли на трансакциона милион евра како знак дека постои?

Ако веќе можел да создаде вселена планети сонце месечина животни риби птици и луѓе, ваљда може и таа ситница
 
Омер Ел Фарук, најпрвин да ти кажам дека се надевам ќе пробаш да одговориш на мојов пост оти ти упорно си го тераш своето, а ги игнорираш прашањата на сите други. Па од што се плашиш, нели ти ги имаш разбрано сите галактични и земни тајни преку призмата на Севишниот ти Аллах??

Слобода на семоќ во животните

Ако почнеме да размислуваме за животните, ќе видиме дека во нив слободата на семоќ е очигледна, бидејќи знаеме дека имаат животни чија што снага и по неколку пати ја надминува на човечката, но Возвишениот Бог ги покорил и ги направил послушни на човекот. Така можеме да видиме како мало дете ја води камилата или коњот, дури и ги удира, а тоа исто животно само со еден удар може да го убие тоа дете, но животното тоа сепак не го прави, туку покорно и понизно продолжува да оди понатаму, воопшто не воврачајќи на ударите, иако физички во состојба е тоа да го направи.

Исто така, на пример гледаме како кучето го чува и брани својот сопственик дури и по цена на својот живот, само затоа што Возвишениот Бог му го потчинил нему.


Но ако за пример го земеме волкот, кој е многу сличен на кучето и кој дури со кучето се од исто семејство, гледаме дека овој го напаѓа, дури и убива на човекот.


Оваа покорност на животните ако би била чист резултат на човечкото умеење и моќ, човекот на себе си би ги потчинил сите животни, токму како што го потчинил камилите, кравите, кучињата и другите, но Возвишениот Бог сака да ни го привлече вниманието на фактот дека тоа потчинување е резултат на Неговата желба и моќ.


Да се присетиме само на змиите кои и покрај нејакото и ситно тело сепак го убиваат на човекот, а човекот никако не може да ги покори на себе.
Само да те потсетам, не е јачината на едно животно важна, туку приспособеноста врз околината е таа која што одлучува за опстанокот на еден вид. Сите животни, вклучувајќи го и човекот, се стремат подобро да се приспособат во средината во која живеат со цел полесно да преживеат во неа. Тоа е едно многу важно и прекрасно својство на живиот свет, да се приспособува, менува, еволуира. Тоа е нешто што ние и животните сме го унапредувале со стотици илјадници години, а не туку така, твојот господ чкрапнал со прстите и на ти милиони разни видови животни и милиони разни начини на живот. Зар не е твојот свет малку досаден?
Исто и со текстот со домашните животни кој што ти го напиша, не ги разбираш доволно работите. Кучето е волк. Кучето припаѓа на фамилијата Лупус (мислам дека беше Лупус, не ме држи за збор) заедно со волците, лисиците и така натаму. Човекот е тој што со илјадници години припитомувал животни за да му помагаат и да му се покоруваат, а не Господ. Твоето дека Господ ги направил покорни животните за човека можам да го оспорам едноставно со фактот дека за секое домашно животно постои и диво. Постојат диви кокошки, кози, крави, коњи, овци, мачки итн.
Еве, уште едно прашање - Омер Ел Фарук е на пуст остров. Да речеме дека кутриот не знае да плива, господ не го дарувал со боженствената моќ да шлапка со рацете во вода. На пустиот остров има една желка и глутница од 10 мнооогу гладни лава. Што мислите кој ќе преживее? Омер Ел Фарук или желката?
Можеби Омер Ел Фарук е интелигентен, многу пати посилен од желката, плус најважно, е аллахово чедо, но тој и покрај својата силна вера и непогрешлива религија, нема шанси против лавовите. Сепак, желката е таа што има оклоп. Да, желката не верува во Господ, желката е потчинета од страна на Аллах, но таа ќе преживее, а Омер Ел Фарук? Тој конечно ќе дознае има ли нешто на другата страна. По се изгледа..... многу ќе се разочара. :smir:


Слобода на Божјата семоќ во неорганските материи

Доаѓаме и до неорганските материи, напр., земјата во чија што природа е стабилноста на нејзината површина, како човекот на неа непречено би можел да живее, да ги гради своите населби и да ги обавува потребните животни активности.

Кога површината на Земјата ( нејзината кора) не би била стабилна, животот на неа би бил невозможен, поготово би било невозможно било какво градење, а Возвишениот Бог сака од нас на неа да ја изградиме и унапредиме цивилизацијата, поради што Земјината кора и ја направил цврста и стабилна.

Тука сакаш да кажеш дека цврстината на земјата е доказ за божјото постоење? Брат, не сфаќаш дека истите овие банални работи можат да се објаснат и протолкуваат на милиони различни начини. Твојата верзија е една, но јас самиот можам да направам милиони теории за настанокот на земјата, се е возможно ако имаш суштество со секакви моќи. Еве можеби универзумот е производ на кивањето на едно такво семоќно суштество кое туку така постои (нормално, не смееш да прашуваш за неговото креирање, тоа е табу тема во нивната религија) а луѓето од таа религија се уверени дека нивната планета е мрсул на нивниот господ Аллергиах.
Меѓутоа, понекогш мирувањето и стабилноста на Земјината кора се менуваат и претвораат во нестабилност, па доаѓа до ерупции на вулкани, исфрлување на лавини, тешки и разорни земјотреси кои што уништуваат се на местото каде што ќе се појават. Науката константно напредува и Возвишениот Бог од Своето знаење секогаш ни открива што сака, но човекот и понатака останува неспособен да го претпостави ( а камо ли да го надитри) настапувањето на земјотресот. Сведоци сме дека земјотресите ги погодуваат дури и најразвиените земји на светот и ги затекнуваат нивните жители потполно неспремни, а да никој не може да ја почуствува или претпостави близината на нивниот настап.


Од друга страна, Возвишениот Бог со слободата на Својата семоќ, моќта на претчувствување на земјотресите им ја дал на некои животни кои што воопшто немаат памет за размислување, а поготово не науката, технологијата и цивилизацијата. Им дал силно изострено чувство за близината на настапот на земјотресот, поради што тие забрзано бегаат напуштајќи го тоа место или, доколку се затворени во кафези, силно се вознемируваат.Сето ова е за Возвишениот Бог да ни го привлече вниманието дека знаењето доаѓа само од Него, а не дека човекот го постигнува чисто со својата работа, залагање и ангажман.


Тој наведените моќи им ги дава на созданијата кои што воопшто немаат способност да размислуваат и научно да откриваат, т.е. Им го дава она што не му го дал на човекот кого го одликувал со памет и знаење... Зошто?!
Само да те поправам, преку развојот на науката и технологијата, а не преку севозможната рака на Аллах, возможно е делумно да се претскажат земјотресите. Катастрофалниот земјотрес во Италија во Април некаде, беше претскажан од неколку научници кои нашле начин со одредена прецизност да знаат каде и кога ќе удри земјотрес.
Твојот текст ме води до уште едно прашање - Зошто има земјотреси? Ти сигурно сега ќе го отвориш Куранот и упорно ќе бараш текст со кој ке кажеш нешто колку да биде кажано (познато е дека ниту во Библијата, ниту во Куранот нема одговори и решенија). Ако Аллах бара начин да не казни поради нашите земни гревови, зошто умираат и се уништуваат по цели градови? Зар не е полесно сите неверници и грешници да ги удри гром? А сите непогрешливи верници да останат нечепнати? Вака како што е, во природните катастрофи умираат сите, и верници и неверници, и луѓе коишто ништо не згрешиле во својот живот. А има и неверници, атеисти кои живеат прекрасен, плоден, среќен живот за разлика од некои тешки верници кои ги удира комбе на автопат. Ах проклети да се тие ќафири!

Самата природа е доказ за НЕПОСТОЕЊЕТО на господ. Поздрав :helou:
 
Игор, не ме фаќај за збор кога ( пошто сега сум ти ко робот, пишувам де таму де таму, некако ми се намножија прашањата по темиве, или пак им сум интересен на луѓето :) ), но со сигурност еден ден ќе застанам и на оваа тема и
ќе реплицирам на вашите постови, но, пред тоа ве молам внимателно да ги читате и да не ги изваѓате од контекст.:)
 
Си утнал работа дечко, да не постоеја религиите и нивниот насилен и крвнички авторитет низ историјата, немаше да постои Атеизмот, бидејќи тој е отпор против Црквените и сите други религиозни авторитети кои ги спречуваат луѓето да ја сфатат, примат и самите пробаат да ја унапредат теоријата за постанокот на човекот. Атеизмот се базира врз слободоумието и разумот, не врз господ.
Точно,во право си.Малце згрешив.Да не постоеа религиите немаше да постои и атеизмот бидејќи и тој е религија.
 
Сите луѓе ке веруваа во науката и здравиот разум ...:salut:
Да немаше религии ќе владееше хаосот.Никој немаше да почитува ништо и ќе имаше колежи на секој чекор.Секој ќе сакаше да му наштети на другиот.Колку повеќе се одалечуваме од религиите толку по лоши и не морални ни стануваат мислите.Без разлика која религија е па макар и многубоштво.

Верување во неверување.

Мојата омилена реплика.
Токму тоа.Веруваат дека не постои Бог.:toe:
 
Да немаше религии ќе владееше хаосот.Никој немаше да почитува ништо и ќе имаше колежи на секој чекор.Секој ќе сакаше да му наштети на другиот.Колку повеќе се одалечуваме од религиите толку по лоши и не морални ни стануваат мислите.Без разлика која религија е па макар и многубоштво.

Хмм.... или можеби е обратно а ???
 
Едно е да не постои Бог друго е да нема очигледни(физички докази).



Ни ти можиш да знајш ни тие.
исто е.:toe:

која логика ти е од многубоштво па христијанство па ислам...кој е во право..некој ке оди во пекол или рај?

но кој??

не може така господ ги сака нели сите...на кој начин???

како ти ке покажеш дека сакаш...ако покажуваш како господ тогаш...то е то

Верување во неверување.

Мојата омилена реплика.


НЕ!!

туку свесност за нешто веке потврдено со научни методи.

а кое докжува дека верувањето дека светот е 8000 години е.....
 
Да немаше религии ќе владееше хаосот.Никој немаше да почитува ништо и ќе имаше колежи на секој чекор.Секој ќе сакаше да му наштети на другиот.Колку повеќе се одалечуваме од религиите толку по лоши и не морални ни стануваат мислите.Без разлика која религија е па макар и многубоштво.


Токму тоа.Веруваат дека не постои Бог.:toe:

Токму спротивното пошо има многу религии шо перат мозок светот е во хаос веке многу години
 
епа религијата која тврди дека ете вселената е доказ за вистината...а не е спомната америка антарктик во ниту една света книга..а:vozbud:

железото така паднало:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom