Ама и вие да не се жалите од работното време, важи?

Мене не ми пречи да сум 7 часа на училиште, уште повеќе ако денот има интересни предмети (стручни воглавно

), али не сте интересни со овој муабет веќе.
Да се дополнам, заборавив ова да го кажам во претходниот мој пост. Каква функција имаат домашните работи? Како може работата да завршува со работното време, а училишните обврски да се префрлаат и дома?
А ние учениците немаме право на забава? Други обврски освен училиштето немаме? Пример јас: шпански јазик, ракомет, дебата. Уживам во нив затоа и сум се запишала, кога се сака се има време за се и училиштето за мене не претставува малтретирање, ама како го кажа ова во постов - обврска ви е само да учите. САМО? Демек тоа ништо не е, не е голема обврска така? Еве јас ќе ви кажам, обврска ви е САМО да работите.