Јас и предлагам на Владата (читај Груевски, бидејќи тој е главен велможа) да мго исчита текстов и да клај прст на умот, да реагира и да види дали вака се оди кон НАТО и дали со вакви се коалицира, јебешга, ама дали е писмена владата доволно, саде деца е полна:
АРМ две години без куршум
Ивана КОСТОВСКА
Ниту еден куршум две години нема набавено Министерството за одбрана поради што обуката на специјалните армиски единици е ограничена, тврдат армиски извори. Поради недостигот од набавка на муниција, специјалните армиски единици „волци“ се принудени да имаат само едно до две гаѓања месечно, кои не се доволни за да ги одржат во кондиција. Поради тоа, војниците биле принудени да ги користат борбените комплети со муниција, кои задолжително мора да стојат како резерва во случај на воена криза. Портпаролот на АРМ, Мирче Ѓорѓоски, вели дека има недостиг само на артефиции, односно маневарска муниција, која е потребна за посложени воени вежби.
Поради хаосот во набавките и во логистиката на одбраната, припадниците на АРМ се уште возат нерегистрирани автомобили, кои никогаш не биле на технички преглед, тврдат наши извори. Според нив, од 1.000 автомобили со кои располага одбраната, регистрирани биле само 200.
Иако на собраниската седница за одбрана пред два дена министерот за одбрана, Лазар Еленовски, и началникот на Генералштабот, Мирослав Стојановски, тврдеа дека имаат професионална и одговорна комуникација, токму нивното несогласување било сопирачка за тоа што лани биле реализирани само 20 отсто од набавките, а десет милиони евра останаа непотрошени во касата на одбраната.
Како причина за нереализација на набавките се споменува и судирот меѓу Еленовски и државната секретарка во оставка, Лилјана Стериовска. Раководителот на Секторот за логистика, Ристо Спасовски, бил поблизок до Стериовска, а раководителката на Одделението на набавки, Никица Јовановска, која ставала потпис на тендерите за набавка, интензивно комуницирала со министерот Еленовски. Четворицата се кадар на НСДП.
„Сега кога Стериовска понуди оставка и јавно беше признаен хаосот со набавките, се поизвесно е дека најавата за реконструкција на логистиката на Еленовски се однесува на смена на Спасовски“, велат наши извори.
Според упатените во Армијата, токму меѓу овие два табора од истата партија се водела тивка војна за грабнување на дел од колачот, т.е. ќарување од набавките за АРМ. Упатените тврдат дека од 20 отсто реализирани набавки за минатата година, речиси сите се направени без тендер, врз основа на член 3 од стариот Закон за јавни набавки. На тој начин се создавала можност надвор од очите на јавноста да се стави нешто во џеб, велат изворите.
Кога некој се вика Тито не може да биде добар за Македонија, оти да е саглам ќе си го сменел името. Макар и во црн ѓаол, ама нема да останел Тито.
Ебате пилот партијата.
_________________________