Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Каде се има да се купат ножеви од Morakniv, овде кај нас?

Летово случајно во Хубо налетав на Morakniv Craftline Q 511. Онака го купив. Искрено заради цената и изгледот не очекував многу, ама ножов испадна фантастичен за милион намени, на кампирање, планинарење, припрема на храна... Многу пријатно изненадување, оштар е, т.е. добро се оштри, рачката е за мала нијанса помала (како за мојата рака) ама сеуште многу ергономичен хват, а штитникот за показлецот е паметна работа за секоја рачка (на нож). Футролата е тапа, ама за парите...
Сакам да земам неколку вакви, за во кола, за пријатели, да се најдат за различни намени. :)

81Qh8X%2Bp84L._SL1500_.jpg
 
Мора ножеви евентуално во Хубо ако има. Многу пати сум рекол, Морите се одлични ножеви, секако ако знае да се користат. А со цената се скоро непобедливи.
 
За жак арми шопот затвори :(
Одамна е затворен, на негово место има рент а кар отворено (ако во меѓувреме и тоа не е затворено...).
Страшно кинески... Имаш на Реклама5 таков, некојси Скорпион ,,најнов модел''.
Каде се има да се купат ножеви од Morakniv, овде кај нас?

Летово случајно во Хубо налетав на Morakniv Craftline Q 511. Онака го купив. Искрено заради цената и изгледот не очекував многу, ама ножов испадна фантастичен за милион намени, на кампирање, планинарење, припрема на храна... Многу пријатно изненадување, оштар е, т.е. добро се оштри, рачката е за мала нијанса помала (како за мојата рака) ама сеуште многу ергономичен хват, а штитникот за показлецот е паметна работа за секоја рачка (на нож). Футролата е тапа, ама за парите...
Сакам да земам неколку вакви, за во кола, за пријатели, да се најдат за различни намени. :)
Да не бидам груб, ама вие скопјани сите користите ,,Ш'' на болдираното?
 
Ш’о знам за другите, јас да. А ти... од граматичката полиција да не си? :cautious:
Се шегувам, фала за поправката. Изгледа скопскиот дијалект е со Ш, а литературно е со С - „остар“ исто како како во протословенскиот. (y)
 
Страшно кинески... Имаш на Реклама5 таков, некојси Скорпион ,,најнов модел''.

Па го купив, во рака страшно изгледа, моментално го острам и ќе го пробам утре в планина.

И пола производство во светот е кинеско.
 
Зависи на што мислиш. Ако сме веќе кај ножевите, од мојата 20+ ако не и 30+ (немам пребројано одамна) ножеви, само еден Ganzo ми е кинески. Друго, електриците сите ми се кинески, пенкалата и моливите ниеден од нив... Да не се чувствуваш навредено, ама кога сме кај budget ножеви, не требало да брзаш. Имаш Ganzo, Enlan/Bee, Sanrenmu, Kizer ( :) смајли само за Кајзер, добро, ни тие не се со цена на Себенза, ама имаат и цени од 60+усд, што и не е баш скапо за разлика од сличните мурикан мејд коифс).
 
Последно уредено:
Па го купив, во рака страшно изгледа, моментално го острам и ќе го пробам утре в планина.

И пола производство во светот е кинеско.
Има кинеско за 5 долари -има и за 150 -зависи што ќе си избереш но како што разбираш сам -овој од 5 долари само личи на нож :)
 
Па го купив, во рака страшно изгледа, моментално го острам и ќе го пробам утре в планина.

И пола производство во светот е кинеско.

Од сите ективности на планина со него можеш евентуално да сецкаш кобасици ефикасно, за се друго не е баш најдобар избор, заради формата на сечивото пред се и ред други работи.
 
Еве еден кинески нож, копија на Shirogorov F95.
D2 челик, титаниум рачка, „лагери“ во осовината.
Не се гледа ама острицата ја исполирав до совршено огледало.
60Е од Али...
Дали вреди - Јас сум 100% задоволен! феноменално затварање - отварање, одличен челик и совршено лежи во рака.

Плус, добив на поклон тефтер ко за манијаци ко нас :) (нема врска со ножот)
IMG_7048.JPG IMG_7050.JPG IMG_7051.JPG
 
Еве еден кинески нож, копија на Shirogorov F95.
D2 челик, титаниум рачка, „лагери“ во осовината.
Не се гледа ама острицата ја исполирав до совршено огледало.
60Е од Али...
Дали вреди - Јас сум 100% задоволен! феноменално затварање - отварање, одличен челик и совршено лежи во рака.

Плус, добив на поклон тефтер ко за манијаци ко нас :) (нема врска со ножот)
Прегледај го приврзокот 136839 Прегледај го приврзокот 136840 Прегледај го приврзокот 136841

Сум ги гледал овие ножиња... Shirogorov оригиналите се ипак 1000+ евреи, мада овие изгледаат страшно. Во една прилика за малку ќе го нарачав, ама тие 60евра за како ќе поминат на царина не ми беа баш сигурни.
Сега веќе иам други работи на кои што треба да посветам кеш, така да тешко земање нож наредни 3-4 месеци :)
 
Еве еден кинески нож, копија на Shirogorov F95.
D2 челик, титаниум рачка, „лагери“ во осовината.
Не се гледа ама острицата ја исполирав до совршено огледало.
60Е од Али...
Дали вреди - Јас сум 100% задоволен! феноменално затварање - отварање, одличен челик и совршено лежи во рака.

Плус, добив на поклон тефтер ко за манијаци ко нас :) (нема врска со ножот)
Прегледај го приврзокот 136839 Прегледај го приврзокот 136840 Прегледај го приврзокот 136841
Јас имам еден таков сличен, копија на Зиро толеранд и Шифогоров, со G10 рачки, без челични ,,лајнери'' со керамилки лагери и титаниумски фрејмлок со челичен додаток да не се лепи и аби титаниумот со челикот. Саом што мојот е 9Cr18MoV челик. Ми помина меракот и ми прдна да сечам лим со него и да го бодам и сечам шајки со него. Ќеликот многу добро издржа, се изаби нормално, ама си ја задржа таа ,,working sharpness'' колку да можам дрво да изделкам со него. 62 ге земав мојот. А за царина @StormRage немај гајле, ништо од Кина ми немат царинето, а сум имал порачки од 60-70усд. Од германија и од Финска сум изгорен на царината, тие се детално пишуваат, кинезите наместо 60усд, ќе напишат 25 и како подарок ќе го означат.
 
Имам едно ноженце мало слично на оние швајцарските ама нема додатни работи туку само две сечива едно помало едно поголемо. На привезок за клуч го чувам ептен старо е од дедо ми кога бил жив, баба ми ми го даде. На него пишува од една страна COLUMBIA со поголеми букви од другата SEGUROS со помалечки букви. На поголемото сечиво доле со мали буквички пишува нешто а на другото помало сечиво има нешто како жиг ама ептен се некако рѓосани доле па не може убаво да се види.

Си го чувам успомен од дедо ми и од баба ми. Моментално неможам да го сликам затоа што немам добар мобилен или фотоапарат па да ви го покажам.
 
И јас имам едно многу мало полско ноже Gerlach, со истата приказна како твоето. Јас не го носам со мене, страв ми е да не го изгубам, ептен ми значи.
 
Не дека сакав како привезок да го носам туку морав затоа што немав каде да го ставам и ми беше страв ако го оставам некаде во соба дека ќе го изгубам. Туку добро е и што ми е како привезок на клучеви затоа што некогаш и за некој работи се наоѓа иако сечивата се тапи.
 
Каде се има да се купат ножеви од Morakniv, овде кај нас?

Летово случајно во Хубо налетав на Morakniv Craftline Q 511. Онака го купив. Искрено заради цената и изгледот не очекував многу, ама ножов испадна фантастичен за милион намени, на кампирање, планинарење, припрема на храна... Многу пријатно изненадување, оштар е, т.е. добро се оштри, рачката е за мала нијанса помала (како за мојата рака) ама сеуште многу ергономичен хват, а штитникот за показлецот е паметна работа за секоја рачка (на нож). Футролата е тапа, ама за парите...
Сакам да земам неколку вакви, за во кола, за пријатели, да се најдат за различни намени. :)

81Qh8X%2Bp84L._SL1500_.jpg
Знам дека еден краток период имаше нешто од Мориве во Трофеј продавница за лов, риболов и пиро, е сеа би требало понеделник или после празнициве негде четврток или петок да наминам да видам па ќе ти сторам абер овде шо имат и како имат.
Јас го меркам Моракнив ХевиДјути Компанион од lamnia али со брзиве пошти ќе ме откостат тука од давачки:(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom