Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Арно им текна после толку години, туку овие Викторинокс-циве како да ги натераме нешто ново да направат како на пр. ловечки нож со нивното FFG или пила со фиксирано сечил, или пак да почнат по порачки да прават ножиња (custom).
Постојат низ светот мајстори што прават комбинација на викториноксите (посебно на алоксите) по желба, е сега тоа кошта премногу, но барем луѓето успеваат да го уновчат трудот. Од фабриката custom-и неможе да се очекува, а не верувам дека ќе направат и нешто фиксно саглам, ако се осмелат на тоа тогаш ќе пробаат да влезат во нов пазар, каде што веќе со децении одредени фирми доминираат и тешко дека може да им конкурира.
 
И тоа е така...
 
Што мислите за ова што го (по)кажува ликов, поточно што мислите за неговиот метод на острење:

Како да се набават вакви „плочи“ за острење како на видеово?
Како вие ги острите ножевите?
 
Што мислите за ова што го (по)кажува ликов, поточно што мислите за неговиот метод на острење:

Како да се набават вакви „плочи“ за острење како на видеово?
Како вие ги острите ножевите?
Прво, не ги острам ножевите, туку ги доострувам, не се дозволувам да истапам нож или пак да имам тап нож (освен еден-два). Ги доострувам на кожа. Ако нешто ми се истапи (најчесто еден Викторинокс што ми е наменет за само тој најмногу да го упоребувам кога има потреба од остар нож и да имам можност да го истапам без да ми е криво) го острам рачно со Викторинокс дијамантски острач. За да сменам агол на сечилото, користам кинеска копија на Еџ про апекс со 4 различни камења. Тоа му го направив на Мини гриптилианот. А инаку за такви камења, најдобро Алиекспрес, нема царини и ефтини се (релативно). Во врска со видеото, така и јас го острев копманионот, само со обичен камен и еднаш ми се напика мал дел од кожата меѓу каменот и ножот, и малку ме пресечи.
Еден нож рачно го имам направено од холоу грајнд во флат грајнд, 3 дена го стругав со никаква опрема освен моето биро, камен и селотејп да се држи каменот на бирото.
Се на се, треба осет и искуство за острење сканди.
 
Тие од видеото, DM diamond sharpening stone ги нема на али, башка и прескапи ми изгледаат (посебно за цел сет) а и нарачување од Амазон е заебанција.

Затоа муабетот ми е - има ли некои камења од Али што можеби сте ги дискутирале на темава како консенсуз за ОК производ, пошто јас не успеав со пребарување да најдам на темава. Дали камењата со дијамантска прашина се (по)добар избор?
 
Финтата со скандито е што не смее да се дозволи многу да се иступи, или не дај боже да се оштети резот, тогаш има стругање и стругање, ова додуша важи за сите типови на брусење.

Taidea, имаат добри камења, за мора не ти се исплатат да купиш, стакло и водена шмиргла и вежбај.
 
Диемантски камења се ИСКЛУЧИВО за репрофилирање на острицата. Генерално се многу абразивни и најбргу го јадат челикот. Оставаат груб scratch pattern. Пошто ги имам знам. Алу-оксид шмиргли се најефтин и најлесен начин.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Диемантски камења се ИСКЛУЧИВО за репрофилирање на острицата. Генерално се многу абразивни и најбргу го јадат челикот. Оставаат груб scratch pattern. Пошто ги имам знам. Алу-оксид шмиргли се најефтин и најлесен начин.
Кој градиент на шмиргли користиш, за сечиво за сваштарска намена?
Инаку вешто вакво спомнаа и на некој форум... за шмирглите зборам. Плус нешто кажаа дека премногу фина острица не е за планинарење/кампинг сваштарски намени. Лесно се оштетувала ивицата.

Но сепак сакам да имам и некои фини камења за фино острење, пошто сакам да набавам кујнски (шефовски) ножеви од карбонски челик. Ако не дијамантски тогаш какви камења за фино острење?
Да не ти е голем градиентот на дијамантските камења што ги имаш, со помал градиент ваљда не се толку абразивни. Тој типот од видеото нагласи дека не треба да се стиска сечивото, кога се работи со дијамантски камења.
 
Вакво нешто?
http://www.aliexpress.com/store/pro...ife-sharpener-system/1577039_32341078524.html
 
Истите ги имам (освен2000 и 3000) одеа со тоа ,,машинчето''.

@Vanlok има на Али.

http://www.aliexpress.com/item/1-PC...chweb1451318400_6149,searchweb1451318411_6449
http://www.aliexpress.com/item/Free...chweb1451318400_6149,searchweb1451318411_6449
http://www.aliexpress.com/item/LARG...chweb1451318400_6149,searchweb1451318411_6449
Инаку, камен или дијамант, и двете имаат иста намена, на стругаат челик, е сега дијамантот бил абресивен ваков, таков. НЕ Е, едноставно е поефикасен од каменот и те поштедува од многу стругање. Значи 10 пати на дијамантот = 30 пати на каменот (бројките ги трескам на рандом). И обавезно вода, бидејќи ќе се напика прачина од челик меѓу дијамантите и ,,каменот'' ќе биде помалку ефикасен.
 
ОК, значи си производител на уникатни ножеви, ко наш е-миланист - е тогаш е идеално да имаш и диемантски камења затоа што со нив брзо ќе створиш острица од нула. Може и скроз туп или оштетен нож да наостриш, ама за до-острување во наша смисла на веќе релативно остри ножеви диемантот ќе изеде многу повеќе челик од потребно, а особено па во неискусни раце. Што значи можеш и скроз да го зебеш ножот.

Во идеален свет кај што чоек има пристап до се и пари не се проблем тогаш ДА може да почнеш со диемантски камења како на пр. 200-300 грит, па до 800 на пр. (Јас имам 360, 480, 600 и 800 диемантски). Па после тоа да преминеш на шмиргла се до 2000-2500. Меѓутоа тоа е процедура за стварно тап нож или за репрофлирање кај што сакаш да ја смениш острицата да биде на пр. помал аголот.

Најдобро, според моето искуство, нож што веќе има пристојна острица е да си фатиш со шмиргла (или камен) од 400 грит па до кај ти е ќеиф. Еднаш кога ќе створи човек осет за острење потоа ќе му биде појасно се...

Ванлок, фина ивица може да значи две работи – агол (за тоа зборат тие таму :) или грит до кој е острено.

Грит. Генерално острицата колку е поисполирана (повисок грит) толку е поотпорна на оштетување при работа. Зошто? Замисли пила со запци, колку се поголеми запците толку полесно можеш да откорнеш некој од нив при притисок. Така изгледа и груба ивица од нож под микроскоп и така функционира. И овие и тие сечат, острица со 400 грит острена ќе сече хартија веројатно и подобро од острица исполирана до 2500 грит затоа што има „заби“ кој подобро „гризат“ во хартијата. Исполираната повеќе ќе лизга низ материјалот (push cutting) ама нема ни приближно така бргу да се истапи...

Агол. Аголот на ножот реално ја одредува неговата намена. Колку е поголем аголот толку е по силна острицата ама и потешко сече. Секира може да има сечиво и до 25° по страна, нешто помалку за месарски сатари, викаат 15 до 10° е идеално за по heavy duty џебни и bushcraft ножеви. За џентлеменски џебни ножеви може и нешто помалку 7-8° па до 5° за кујнски ножеви и уште помал агол кај ножеви за филетирање.[DOUBLEPOST=1453386002][/DOUBLEPOST]На тема алат за острење. RUIXIN PRO според мое мислење е далеку подобро решение од копијата на Apex Edge или Pro. Читав некаде, за копииве се жалат дека им пука пластиката – мислам дека исто е и со оригиналот. И да не е така целосно метално решение за истите пари ми изгледа подобро. Камењата се потполно исти.
Knife-sharpener-RUIXIN-PRO-III-Knife-Sharpener-Professional-Kitchen-Sharpening-System-Fix-angle-With-4-Stone.jpg

Е сеа камчињата кинески се шит! Бргу се трошат, не се сосема рамни итн. Сем Таидеа (цената си кажува) другите се прилично слаб квалитет. Ама штом го имате алатот лесно можете и сами да си адаптирате носач, па наместо камен да залепите шмиргла. Мојот Таидеа алат НЕ го препорачувам (со обзир на претходниот пост) иако „камењата“ се топ.
TAIDEA-Professional-Knife-Sharpener-System-fix-angle-Universal-sharpener-360-480-600-1K-Grit-4pcs-diamond.jpg
 
Последно уредено:
ОК, значи си производител на уникатни ножеви, ко наш е-миланист - е тогаш е идеално да имаш и диемантски камења затоа што со нив брзо ќе створиш острица од нула. Може и скроз туп или оштетен нож да наостриш, ама за до-острување во наша смисла на веќе релативно остри ножеви диемантот ќе изеде многу повеќе челик од потребно, а особено па во неискусни раце. Што значи можеш и скроз да го зебеш ножот.
Друже, олади.
KAJCag.gif
 
за острене ви препорачувам керамичка SpydercoTri-Angle Sharpmaker за околу 70 евра ,а за дооструване - на кожа со паста за полирање има една зелена руска (или некоја слична) со која ножевите стануваат жилети ;)
d28468b556.JPG
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom