Новото Косово ќе биде во Грција
Веќе неколку години Албанија врши притисок врз Грција не само за правата на албанците таму, туку и за прашањето на надлежност на Чемерија (дел од Епир).Проблемот е со далечна историја.
Лидерите на албанското национално движење Абдул Фрашери и Мехмет Али Вриони уште во 1879 год. во Рим, Париз, Лондон, Берлин, Виена и Константинопол поднеле декларација, во која они бараат припојување кон Албанија, не само на северо-западниот Епир туку на целиот. Покрај тоа во документот се тврдело дека : «Албанскиот народ е многу постар од грчкиот народ; во дамнина Епир бил составен дел на Албанија и никогаш грците не владееле со тоj реон». Сто години покасно, во 1982 год. МНР на Албанија исто напомнал за «исконскиот албански регион во северо-западна Грција»
Во Јануари 2008 год.на телеканалот «Евроњуз» се реемитувала програмата во Грција и Албанија за положбата на албанците во грчкиот Епир.Албанската телевизија нагласува за обесправените албанци таму и барала меѓународно вмешување во таа ситуација.
Бројноста на албанците таму надминува 70%. Грците се плашат од експанзија на македонските албанци во Епир.
Некои грчки политичари сметаат дека со самото тоа што Грција не ја признава независноста на Косово може да допринесе за засилување на албанската анти-грчка политика.
Од опасноста на албанска експанзија во грчкиот Епир неодамна предупредил хиерархот на Еладската Црква – митрополит Дринуполски, Погониански и Коницски Андреј (Требелас). Митрополитот повикал да се обрати внимание на тој факт, што на прославата во Приштина CNN покажало големо црвено пано, на кое бил напишан таков лозунг: «Без Косово и Чамерија нема Албанија!» Како контрамерки грчкиот хиерарх повикал да се започне кампањапротив дискриминацијата на грците во Албанскиот (Северен) Епир. «Дајте и ние да побараме за Северен Епир тоа, што албанците побараа за Косово и добија, – автономија за Северен Епир. Веќе дојде време да превземеме енергични дејства за да го спасиме Епир и ”». Ако тоа се случи , тогаш нас не чекаат ужаси», – рекол митрополитот.
Затоа Атина веднаш апелираше во ЕУ и НАТО за положбата на грчкото население во Албанија .