Новитети во фудбалот

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба фудбалот да се промени?


  • Вкупно гласачи
    58
А

Адриано

Гостин
Ајде да видиме докаде оди фантазијава!
што би додале на фудбалот а што би му одземале за да се промени играта.
Колина вика дека треба воведување на портокалов картон и четврти судија!
некој викааат чип во топката за да се знае дали ја поминала линијата или не!
што мислите вие?
 
Па според мене фо фудбалот треба да ја зголемат висината на голот зашто скоро сите голмани се високи над 2 метри и фаќаат со раката до пречката. Стави за 20 сантима погоре и ке има скокања како порано што правеле голманите. Плус повеќе голови ке има.
 
не, не, сметам дека перфектен е фака вудбалот. едино може некое такво чипуле во лоптата за да се детектира перфектно аут или гол, на пример. да нема такви грешки. друго се е во ред(но не и неопходно).
3 замени си се таман, голот е одличен, димензиите на теренот, оукеи, судиите се доволни, тољку.
 
Мислам дека вака си е супер фудбалот, може само дополнително да се воведе селари кап, друго ништо повеќе. Секако дека може да се додадат чипови и уште 200 камери кои ќе му асистираат на судијата но така ќе се изгуби шмекот и оригиналноста на фудбалот. Ваков си е ок :)
 
Супер е ваков фудбалот и тешко дека ќе се менува нешто во скоро време,сега нешто овој Блатер изведува со полувреме од 20 мин поради поголема заработка за телевизиите.Мислам дека треба нешто чипови само да биде се скрос чисто.И треба во Италија да се донесат Германски судии.
 
:pos2::pos2:Нови правила???:pos2::pos2:
За Милан најдобро правило би било да нема офсајди ХАХАХАхахахаха:pos2:
Само тоа треба да се укине и ќе биде фудбалот како што треба.
Пипо ќе бидне најдобар стрелец во историјата на фудбалот.
Во една сезона над 100 гола :pos2::pos2::pos2:
 
Супер е фудбалот бе не треба да се прават никакви промени :)
 
Не се потребни никакви промени ..можеби треба да се воведе некој новитет за дали топката ја поминала гол линијата пошо има многу случаеви кога грешеле судиите (па нормално од кај ке видат кога се 20 метри подалеку од линијата)....
 
Портокалов картон? 4 портокалови се 1 црвен а :icon_lol:? Така ќе има многу прекини и за секој прекршок портокалов картон ај. Ова не го подржувам.

А за четврти судија сум за (и онака не влијаат на фудбалот директно).
Претеризам ова со судискиве грешки, посебно во италијанско првенство. Секое коло има неколку добри судиски грешки од кои зависи и редоследот во табелите.
Ова подржувам. (четвртиот судија вајда ќе го забележеше ракометарот Адријано :icon_lol:)

Платини спрема нова измена да предложи зголемување на времето меѓу полувремињата од 15 на 20 минути. И тоа заради реклами.
За ова ми е сеедно:)
 
Четврт судија пожелен е, Шпанија и Англија барем го достигнаа (можи и го престигнаа) „нивото“ на судење во Италија, па ако продолжи вака „да се шири вирусов“ лошо ќе е. Пожелен е уште еден судија, само да се напрај така шо нема многу да се приметува на тревнико.
Портокалов картон, имам слушнато нешто, би значел исклучување на играч на одредено време од натпреварот, само немам конкретен став за такво нешто.
 
Јас слушнав демек ако добиеш жут картон идеш на одмор 5 минути на клупа и после пак назад. Нешто како поголема опомена. И со тоа ке има помалце груби стартови.
 
Ајде да видиме докаде оди фантазијава!
што би додале на фудбалот а што би му одземале за да се промени играта.
Колина вика дека треба воведување на портокалов картон и четврти судија!
некој викааат чип во топката за да се знае дали ја поминала линијата или не!
што мислите вие?

Гласав за промена на фудбалот, бидејќи во последно време судиските грешки во сите првенства го уништуваат фудбалот...
Јас сум против секакви модерни технологии во фудбалот, пример воведување сензори на топките, гол-линиите..Единствена промена со која мислам дека би се намалиле судиските грешки за 80% е поставување уште двајца помошни судии зад головите, нешто што го предложи и Претседателот на УЕФА, Мишел Платини...
 
Јас слушнав демек ако добиеш жут картон идеш на одмор 5 минути на клупа и после пак назад. Нешто како поголема опомена. И со тоа ке има помалце груби стартови.

Тоа е супер,ќе има поубав фудбал..
 
Тоа е супер,ќе има поубав фудбал..
А што ако голман добие жолт картон ? Помизерно правило од ова нема, баш кога играта ке добие жестина, ке се попали цел е*ан стадион, и ете паѓа жолт и едната екипа игра со играч мање, башка, критериумите за жолти картони знаеме какви се, од 90 минути, 50 ке поминат во расправии зашто жолт, со оглед на тоа дека има мечеви каде паѓаат по 10 жолти картони . :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom