Кој закони бе друже никој овде никого не ферма.Законите се само за на хартија ништо повеќе.Иначе и тие 30 работни дена се многу кој ти ги налага Он Нет со оглед како гласи законот
Промена на оператор
Корисниците на фиксни и мобилни телефонски броеви може да посакаат да го сменат постојниот оператор и да преминат на друг. За таа цел, потребно е да направат неколку чекори:
Одете на било кој шалтер или продажно место кај операторот чии услуги сакате да ги користите.
Побарајте „Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број“
Приложете доказ дека сте ги подмириле сите обврски кон стариот (оној што го напуштате) оператор кои произлегуваат од договорот што го имате склучено со него (Обврските можат да бидат финансиски, но и од било кој друг вид).
Пополнете го Барањето и запознајте се со сите услови пред да го потпишете.
Новиот оператор е должен да Ве извести за прифаќање или одбивање на вашето барање во рок не подолг од
6 работни дена од денот кога сте аплицирале.
Доколку вашето Барање е одбиено, имате право повторно да го поднесете Барањето откако ќе се отстранат причините за одбивањето.
Во случај Барањето да биде прифатено, корисникот склучува нов претплатнички договор со новиот оператор. Во рок од вкупно
8 работни дена (еден работен ден Операторот за да ја извести АЕК и 7 работни дена за пренесување на бројот) од склучување на договорот, претплатничкиот телефонски број треба да му биде пренесен на корисникот кај новиот оператор.
Извор:
Агенција за Електронски комуникации
Овде убаво пишува дека во рок не подолг од 15 работни дена треба сите процедури да се завршени законски а ние чекаме со месеци али Македонија не би била Македонија ако кај нас се иде мазно и совршено.Така да закони кај нас друже не барај.