Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

  • Креатор на темата Креатор на темата maxer
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите ќе треба да плати 100 евра....
а колата смее да седи непрана недела дена или еден слој прашина да има директ зандана сами да се одвеземе?

Доколку сопственикот на возилото има кал на гумите (не дали гумите на возилото се со кал). Значи сите треба да се со чисти патики или кондури!!!
П.С. Ако така стои во закон еве ви дупка!!!
 
Јас потекнувам од земјоделски крај,каде голем дел од луѓето(90 % речиси) имаат лозје. Сега не ми е јасно-100 евра доколку имаш кал на гумите? Ако застане полиција во летниот период на влезови/излези од градот ќе се наполнат со пари. Секоја чест,некој паметен го мислел законот. Башка и 250 евра казна за родител чие дете под 10 години вози велосипед????? Таткоми ме научи на 4 години да возам велосипед со помошни тркала,на 6-7 години возев без помошни. Кај мене у маало од децава на иста возраст поголемиот дел возат сами велосипеди. Само едно прашање,каде ќе одат овие пари? Ќе ја подобруваат инфраструктурата или ќе се градат уште споменици? Кај мене нема една улица без дупка,додуша повеќето имаат цели кратери ама ајде...битно има споменици у СК на плоштад..
 
za nedela dve i ovaa ke bide ko
“Džaba sve, al ja sam na TO navik'o“
 
Возење велосипед само од 18 години.
 
Давајте предлози да и помогнеме на Владата да го наполни буџетот и да ги оствари капиталните проекти.
Па кажав ја у темата за екстерните испити на факултетите. Нека ги напраат 50 евра да се плаќа од испит/обид и да можеш бесконечно многу пати да полагаш.
Иначе од новиот комплет на казни највише око ми фати таа од 250 евра чинам беше, дека ќе плати родителот чие дете ќе биде фатено како вози велосипед по сообраќајница.
 
Ни мене не ми е јасно зошто се казнува за неносење појас. Ако некој решил на негов ризик да страда, нека страда, што има тоа ти да го казнуваш? Личен избор е на крајот од краиштата, ај ако не нека казнуваат и за тоа што некои возила немаат ABS и паркинг сензори. Ама јаки факмани се, ене од 2017 ќе има промена на возачките дозволи, така срциња, промена на ЛК и дозволи за да можеш да возиш во странство, сега наместо 10 години рок, ајде пак јово наново вадење дозвола затоа што на некој му прднало да додаде жигче две и да ја смени нијансата од бебешко розево во кајсија боја. Ги испосменија имињата на улициве за прв бран народ во МВР да оди да наполни буџет, сега и изгледот ќе го мењавале :icon_lol: море како не мавне еден гром да ве собере сите.

Се почна од ретардиранион закон за казна за возење без светла сред ден :tapp:
 
Децата до 10 години нема да можат да возат точак, а пилиштарите со 16 години ќе можат да газат луѓе со колата на тато. :facepalm:
Fuck logic.
 
На познаник му падна цело дрво на паркинг врз кола, му ја скриш лом, го вртат со месеци ваму таму, ништо не му плаќаат. за срееќа нему не му паднало.
Дали знаете кој треба да плаќа за тоа, кој ги уредува дрвцата низ град, особени тие низ паркинзи каде се плаќа?
Да наведам дека немаше временски неприлики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom