Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Еве ви нешто за освежување на темава:
Ги сликав денес на Машински.
P08-01-01_11.42.jpgP08-01-01_11.43.jpgP08-01-01_11.42[1].jpg
Убави се, поготово кога ке ги видите во живо, со реални димензии, не само кокодакајте.
 
ајде едно сефте... првата сообраќајка со новиве автобуси.
licicesoobrakajka.jpg
 
Добро бе ова изглеа лимов изглеа ко изљупена украсна хартија 2 мм дебелина...
 
Што поточно се случило знаеш?

оваа слика ја најдов на сител порталот во делот на НА ЛИЦЕ МЕСТО има објаснување како сообраќајка бо лисиче со камион на комунална хигиена.

клик до веста
 
Hе е некоја голема штета.Нови прозорци и малце нова хартиј...ова лим де и пак ко нов ќе биде автобусот... :)
 
Бар да почекаа сите да стигнат па да ги лупаат бре.
Ова постариве што се, да не речам античките, скроз почнаа да откажуваат. Денес возачот рачно ја отвараше вратата за да се симнуваат и качуваат луѓе.
 
Бар да почекаа сите да стигнат па да ги лупаат бре.
Ова постариве што се, да не речам античките, скроз почнаа да откажуваат. Денес возачот рачно ја отвараше вратата за да се симнуваат и качуваат луѓе.

Да, се распаѓаат, ама што све преживеале, издржале и уште издржуваат, тоа за новите автобуси е научна фантастика, која не верувам дека ке се оствари, бидејки не ми изгледаат дека се толку квалитетно конструирани.Убави се, имаат добар распоред ама ке видиме, времето ке си покаже, дај боже да не сум во право.
 
ајде освежување на темава. денеска се стигнати уште бајаги нови автобуси мислам дека се околу 20 ама да не лупам на памет така слушнав а за гледање ги видов лично. од новите видов дека има 22 23 57 65 и уште многу други ама не ми текнува. епа ај со среќа да ни служат и се надевам целосни ке останат подолг период

--- надополнето ---

Промовирани 17 нови нископодни и еден двокатен градски автобус
18 нови нископодни автобуси од утре ќе сообраќаат на скопските улици.


17 еднокатни и 1 двокатен автобус кој ќе се движи на релација Ново Лисиче – Карпош 4 ќе станат дел од новиот возен парк на ЈСП. Новите автобуси ќе ја подобрат сликата за градот, а граѓаните ќе добијат ефикасен превоз каков што заслужуваат вели министерот Јанакиески.

Тој најави дека до крајот на јуни ќе пристигнат уште 48 еднокатни а до септември 68 двокатни автобуси.

Според директорот на ЈСП, ова е досега најголема обнова на возниот парк на претпријатието.

Според градоначалникот Трајановски со новите автобуси ќе се намалат трошоците на ЈСП за гориво, резервни делови и одржување, а на граѓаните ќе им гарантираат удобност, поголема безбедност.

ИЗВОР
Новите автобуси кои во моментот сообраќаат на скопските улици достигна 32, или повеќе од 10 отсто од возниот парк на ЈСП е обновен.

Државата до 2013 ќе набави вкупно 80 нископодни и 202 двокатни автобуси.

Антонио Крстевски
 
денес низ рекорд поминаа сите нови автобуси.1 двокатен и 10-15 нископодни ...мене лично ми се свиѓа двокатниот
 
значи двокатниов ке биде 15А како шѓо сватив од веста. така тончи?
 
тончи, сите автобуси поеднечно ќе ги претставуваат и ќе се возат во нив? :D и панделки ствари?

Може е ова нова кампања, панделка за секој автобус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom