Шамарање ако сакате назад во социјализмот. Ако не се способни професорите со збор да се разберат со децата, тогаш нека седнат дома, бидејќи сигурно има некои други со истите квалификации кои ќе бидат поспособни во таа работа. Уште построги контроли треба и на самата работа на професорите, бидејќи некои се замислуваат како светот да го држат на дланка па прават што сакаат.
Другар не знам колку си запознат со последниве измени во законот за образование, професориве немаат скоро НИКАКВИ методи дозволени за да го смират некој проблематичен.
Прво, им укинаа да бркаат од час немирни. Наводно, не смеел никој да биде избркан зошто ќе ја напуштел зградата така и можело да го згази кола, да го убие некој итн итн.
Второ, чим е укинато бркањето, укинато е и ставањето неоправдани. Неоправдан добива само ако касни. Ќе собере ајде 15 оправдани и демек ќе го избркаат?! Нема шанси.
Трето, овие закони може да важат само во некоја земја каде што свеста и моралот се на високо ниво, на пример Германија, Скандинавија каде што детето е воспитано и ако има некој случај бунтовник без причина, кога ќе му викнат родител, родителов ќе го искара, ќе го прибере. Тука што се случува? Викаш родител и 95% од родителите на овие проблематичниве ќе ти речат „Нема врска, детето мое е во право, вие измислувате.“
Родителов има врски многу нормално зошто такво ни е општествово, и професоров и да сака да е авторитет врз него, да му лупа неоправдани, да му става единици, пак тие проблематичните ќе се извадат на крајот. Се` што ќе направат е само што ќе сметаат на час за тие што сакаат да научат, ништо повеќе.
Разбирам и јас дека вакви методи се спартанско воспитање и не треба да се применуваат, ама ова е веќе станато неиздржливо. Се среќавам со една моја професорка од средно пред некој ден која е меѓу најфините ми вика кај и да е на психијатрија ќе се пријавам. Немаш никаков авторитет вика, ќе пробаш да му се направиш авторитет, ќе потегне конците, ти си крив. Ќе му викнеш родител, родителов му вика не се секирај мамичка/татичко, знаеме дека оваа не е во право. Мислам wtf?!?!?
Знам дека има ментално пореметени професори, имав и у моја генерација една таква иако никогаш не дошло до физички пресметки ама класов ми беше људски. Сега кога слушам какви генерации дошле во средноно јака им душа викам на професориве...