Новиот закон за образование (поточно за наставниците)

  • Креатор на темата Креатор на темата DTV
  • Време на започнување Време на започнување

DTV

Член од
7 јуни 2010
Мислења
35
Поени од реакции
11
Значи има нов закон кој предвидува психолошко тестирање на наставниците и професорите пред да се вработат и да ги учат нашите деца. Сето тоа е за поздравување и ИМ оддавам целосна поддршка на луѓето од министерството за образование. Но сепак не сум целосно задоволен за тоа што со овој закон нема да се прочешлаат и тестираат веќе вработените наставници/професори, меѓу кои има секакви луѓе, нелуѓе, психопати и сл. Па би ги замолил надлежните да ги прошират ингиренциите психолошко тестирање и врз веќе вработените. Бидејки наставниците/професорите се тие кои што ке треба да ни ги воспитуваат децата од мали нозе, а железото се кова додека е жешко. Ако некој/а наставничка шамара (да да, нажалост го има ова, камо среќа да лажев) или е тежок психопат па се иживува со децата, таквите деца потоа се потиштени и повлечени :( Апелирам и го молам министерот Господинот Спиро Ристовски да го спроведе законот и за веке вработените наставници/професори. Благодарам за просторот.
 
какви генерации дојдоа, професориве пијат Деметрини од децава, овој вика тестови да им се правеле.

Море какви ги има, нека ги шамараат ако заслужиле. Денес децава се поголем авторитет од професорите.
 
Им ебавте мамата на професорите, ја да ти кажам, другарче мое 24 години професор по математика стана на глава му се качија, секој ден дома кога ќе се врати вика по сат време му треба да се стабилизира. :icon_lol:

Нека тестираат, но тестирањето треба да е обострано.
 
какви генерации дојдоа, професориве пијат Деметрини од децава, овој вика тестови да им се правеле.

Море какви ги има, нека ги шамараат ако заслужиле. Денес децава се поголем авторитет од професорите.

Шамарање ако сакате назад во социјализмот. Ако не се способни професорите со збор да се разберат со децата, тогаш нека седнат дома, бидејќи сигурно има некои други со истите квалификации кои ќе бидат поспособни во таа работа. Уште построги контроли треба и на самата работа на професорите, бидејќи некои се замислуваат како светот да го држат на дланка па прават што сакаат.
 
Значи има нов закон кој предвидува психолошко тестирање на наставниците и професорите пред да се вработат и да ги учат нашите деца. Сето тоа е за поздравување и ИМ оддавам целосна поддршка на луѓето од министерството за образование. Но сепак не сум целосно задоволен за тоа што со овој закон нема да се прочешлаат и тестираат веќе вработените наставници/професори, меѓу кои има секакви луѓе, нелуѓе, психопати и сл. Па би ги замолил надлежните да ги прошират ингиренциите психолошко тестирање и врз веќе вработените. Бидејки наставниците/професорите се тие кои што ке треба да ни ги воспитуваат децата од мали нозе, а железото се кова додека е жешко. Ако некој/а наставничка шамара (да да, нажалост го има ова, камо среќа да лажев) или е тежок психопат па се иживува со децата, таквите деца потоа се потиштени и повлечени :( Апелирам и го молам министерот Господинот Спиро Ристовски да го спроведе законот и за веке вработените наставници/професори. Благодарам за просторот.

Психопати има и се изживуваат врз децата, познавам и пијаници и коцкари што ги праќаат децата во кладиона и им се закануват. Бар ја кога учев професор лежеше затвор за злоставување на малолетничка.

Sent from my GT using Tapatalk 2
 
Шо и да се праве, ќе се праве колку да се рече дека се направило. Од ништо нема резултати. Се се прави ради реда во оваа држава. Доказ е екстерното. Без везе, а којзнае колку пари кошташе..
 
Шамарање ако сакате назад во социјализмот. Ако не се способни професорите со збор да се разберат со децата, тогаш нека седнат дома, бидејќи сигурно има некои други со истите квалификации кои ќе бидат поспособни во таа работа. Уште построги контроли треба и на самата работа на професорите, бидејќи некои се замислуваат како светот да го држат на дланка па прават што сакаат.
Другар не знам колку си запознат со последниве измени во законот за образование, професориве немаат скоро НИКАКВИ методи дозволени за да го смират некој проблематичен.

Прво, им укинаа да бркаат од час немирни. Наводно, не смеел никој да биде избркан зошто ќе ја напуштел зградата така и можело да го згази кола, да го убие некој итн итн.

Второ, чим е укинато бркањето, укинато е и ставањето неоправдани. Неоправдан добива само ако касни. Ќе собере ајде 15 оправдани и демек ќе го избркаат?! Нема шанси.

Трето, овие закони може да важат само во некоја земја каде што свеста и моралот се на високо ниво, на пример Германија, Скандинавија каде што детето е воспитано и ако има некој случај бунтовник без причина, кога ќе му викнат родител, родителов ќе го искара, ќе го прибере. Тука што се случува? Викаш родител и 95% од родителите на овие проблематичниве ќе ти речат „Нема врска, детето мое е во право, вие измислувате.“

Родителов има врски многу нормално зошто такво ни е општествово, и професоров и да сака да е авторитет врз него, да му лупа неоправдани, да му става единици, пак тие проблематичните ќе се извадат на крајот. Се` што ќе направат е само што ќе сметаат на час за тие што сакаат да научат, ништо повеќе.

Разбирам и јас дека вакви методи се спартанско воспитање и не треба да се применуваат, ама ова е веќе станато неиздржливо. Се среќавам со една моја професорка од средно пред некој ден која е меѓу најфините ми вика кај и да е на психијатрија ќе се пријавам. Немаш никаков авторитет вика, ќе пробаш да му се направиш авторитет, ќе потегне конците, ти си крив. Ќе му викнеш родител, родителов му вика не се секирај мамичка/татичко, знаеме дека оваа не е во право. Мислам wtf?!?!?

Знам дека има ментално пореметени професори, имав и у моја генерација една таква иако никогаш не дошло до физички пресметки ама класов ми беше људски. Сега кога слушам какви генерации дошле во средноно јака им душа викам на професориве...
 
какви генерации дојдоа, професориве пијат Деметрини од децава, овој вика тестови да им се правеле.

Море какви ги има, нека ги шамараат ако заслужиле. Денес децава се поголем авторитет од професорите.

Имам видено озогласена наставничка во В.Ц. Трена во Скопје во почетокот од деведесетите како тепа момчиња пред табла бидејки не ја знаат задачата или одговорот. Лично имам видено како шамара нај мирни деца, тоа остава трауми и не е шала. Тоа го правеше една комуњарско/женско шовинистичка свиња пред сите ученици во класот. Ај што ги шамараше и се иживуваше но и ги понижуваше пред сите други деца. Тоа беа времиња кога за тие работи никој не кажуваше дома од страв или страм но лузните остануваат исто како после силување од педофил. Пред некоја година случајно се сретнав со една наставничка која ми предаваше и ми рече дека сеуште тој монструм не е заминат во пензија и дека сеуште шамара деца. Значи тоа е тешко покварен изрод кој за жал е во образованието а би требало да е зад решетки или на друго место (пеколот). Значи ствараш човек, жена го носи 9 месеци во стомак, се раѓа, живееш за него, све што правиш правиш за него, тоа ти е нај вредното и најмилото нешто за кое живееш, најголемото богатство, за тоа дете се тресеш и се грижиш да не му се случи нешто, инвестираш во него и го воспитуваш да биде културно и мирно, да не гази ни мравка и некоја пореметена будала да ти го тепа, понужува и фрустрира, море печка за таквите и ништо друго!!! .
 
Другар не знам колку си запознат со последниве измени во законот за образование, професориве немаат скоро НИКАКВИ методи дозволени за да го смират некој проблематичен.

Прво, им укинаа да бркаат од час немирни. Наводно, не смеел никој да биде избркан зошто ќе ја напуштел зградата така и можело да го згази кола, да го убие некој итн итн.

Второ, чим е укинато бркањето, укинато е и ставањето неоправдани. Неоправдан добива само ако касни. Ќе собере ајде 15 оправдани и демек ќе го избркаат?! Нема шанси.

Трето, овие закони може да важат само во некоја земја каде што свеста и моралот се на високо ниво, на пример Германија, Скандинавија каде што детето е воспитано и ако има некој случај бунтовник без причина, кога ќе му викнат родител, родителов ќе го искара, ќе го прибере. Тука што се случува? Викаш родител и 95% од родителите на овие проблематичниве ќе ти речат „Нема врска, детето мое е во право, вие измислувате.“

Родителов има врски многу нормално зошто такво ни е општествово, и професоров и да сака да е авторитет врз него, да му лупа неоправдани, да му става единици, пак тие проблематичните ќе се извадат на крајот. Се` што ќе направат е само што ќе сметаат на час за тие што сакаат да научат, ништо повеќе.

Разбирам и јас дека вакви методи се спартанско воспитање и не треба да се применуваат, ама ова е веќе станато неиздржливо. Се среќавам со една моја професорка од средно пред некој ден која е меѓу најфините ми вика кај и да е на психијатрија ќе се пријавам. Немаш никаков авторитет вика, ќе пробаш да му се направиш авторитет, ќе потегне конците, ти си крив. Ќе му викнеш родител, родителов му вика не се секирај мамичка/татичко, знаеме дека оваа не е во право. Мислам wtf?!?!?

Знам дека има ментално пореметени професори, имав и у моја генерација една таква иако никогаш не дошло до физички пресметки ама класов ми беше људски. Сега кога слушам какви генерации дошле во средноно јака им душа викам на професориве...

Абе пријателке, рибата смрди од главата. Учениците се последниот воз од областа наречена образование. Над нив има многу работи кои треба да се подобрат и по автоматизам и тие ќе се подобрат. Не може да почнеш да го поправаш оној кој е последен во низата. Кај нас прво треба да се среди врвот (влада, министерства, конкретно министерство за образование во случајот), потоа да се средат оние општинските образовни инспектори, после тоа директорите на образовните установи, после тоа професорите и ќе видиш дека учениците по автоматизам ќе се подобрат. Не може ти да бараш ученик да почитува професор кој касни по 10-15 мин. секој час, не му се предава, не го знае она што го предава, не му се објаснува и едвај сака да помине часот. Дури побрзо и од учениците. Не може да бараме добри ученици, кога има хистеречни професори кои не можат сами да се контролираат, а не 30 деца во една просторија. Пијани на часот, користат несоодветни зборови, предизвикуваат политички дискусии (веројатно на тој начин дознаваат нешто за учениците за партиски цели) и уште многу други тешки глупости. Верувај ова се го кажувам од лично искуство, ништо слушнато или кажано од друг. Верувај може да ти напишам примери, настани кои ќе те остават со отворена уста за тоа какви професори може да има, ама сега почнува кошарката па тоа за утре :D

Инаку има и добри професори, ама знаеш покрај зеленото и сувото гори.
 
Шамарањето не е добро, али секогаш е подобро од глумење фраер на 14 години. Не прачка, за денешниве деца палка треба... Помеѓу тие наставници со кои што сте/сме се зезале, сте/сме се однесувале недолично има и мајки, сопруги, ќерки, синови, татковци...

Да не даде господ ќерка ви да ви биде наставник во Коце Металец и слични школи...

Има секакви, али од моето скромно 4 годишно искуство во средно образование, професорите се однесувале најчесто примерно а оние кои ги правеле проблемите сме биле ние учениците... Тешко е да се биде самокритичен, разбирливо...
 
Значи ствараш човек, жена го носи 9 месеци во стомак, се раѓа, живееш за него, све што правиш правиш за него, тоа ти е нај вредното и најмилото нешто за кое живееш, најголемото богатство, за тоа дете се тресеш и се грижиш да не му се случи нешто, инвестираш во него и го воспитуваш да биде културно и мирно, да не гази ни мравка и некоја пореметена будала да ти го тепа, понужува и фрустрира, море печка за таквите и ништо друго!!! .

Абе убајни.. ајде сега врати се во реалноста...
Женските се кинат на 14 години, на 16 имаат редовен секс.
Машките се толчат меѓусебе со боксирачи на 16 години, а се почесто и со ножови и палки.

Мисли го ти културно и мирно, да не гази ни мравка. Реалноста е тоа дека родителите незнаат за однесувањето на децата на училиште.

Тетками психичи се мрдна заради учениците, со откажа од работа и денес спрема деца. Барем мирна глава.
Знам деца што се изживуваат врз професорите. Лично знам деца што ги имаат кршено колите на професорите заради кецови. Дализнајш дека од УМС на Прилеп можат да одлучуваат кој ќе остане на полагање, а кој ќе помини направо? Младите од УМС си имаат загаранирано 3 ки кај повеќето професори.
А тие останатите често се мета на уцени и понижувања.

Па на женсками и ја каменуваа куќата оти таткое оставил на полагање еден копиљ од ВМРО. Да не спомнувам пак колкупати им е кршен ретровизорот од колата.

Јас би рекол да се донесе закон за однесување во јавни установи како училишта. Направиш беља против професор. Чао пријатно, останиси со основно.
 
А јас би рекол дека родителот е тој кој што треба да го воспитува детето, а не они да се шетаат ваму-таму и други да го воспитуваат детето за нив.
Познавам деца, и повозрасни луѓе кои кршеле или дупнувале гуми на професорите затоа што им ставиле единици.
Иако не е лошо да се види кој професор заслужува да биде професор, а не да се изживува на деца, но како што спомена и еден член погоре, тестот треба да биде обостран.
Знаеме, сите сме биле деца, некои помирни, некои понемирни, но, во главно ние обично ги правиме проблемите и може да се каже дека ги полудуваме професорите, а да не зборам за овие денешни генерации кои немаат никаква почит кон никого.
 
Наставниците и професорите кои ги поминвет сите граници во процесот на воспитвење на младата особа, се изолирани случаи и кои повеќето се казнети сразмерно за штетата што ја направиле(јебига траумите останвет). Но од друга страна учениците кои се проблематични,не се баш изолирани случаи сразмерно со наставниците... Јас ви гарантирам дека најголемиот виновник за таквото понашање на детето се родителите. Не можи бе,му пишал единица и идат родителов да го тепат на наставников...па каде го имат то? И што е најтрагично родителов не сносвит никакви последици затоа шо бил градска фаца.
 
Имам видено озогласена наставничка во В.Ц. Трена во Скопје во почетокот од деведесетите како тепа момчиња пред табла бидејки не ја знаат задачата или одговорот. Лично имам видено како шамара нај мирни деца, тоа остава трауми и не е шала. Тоа го правеше една комуњарско/женско шовинистичка свиња пред сите ученици во класот. Ај што ги шамараше и се иживуваше но и ги понижуваше пред сите други деца. Тоа беа времиња кога за тие работи никој не кажуваше дома од страв или страм но лузните остануваат исто како после силување од педофил. Пред некоја година случајно се сретнав со една наставничка која ми предаваше и ми рече дека сеуште тој монструм не е заминат во пензија и дека сеуште шамара деца. Значи тоа е тешко покварен изрод кој за жал е во образованието а би требало да е зад решетки или на друго место (пеколот). Значи ствараш човек, жена го носи 9 месеци во стомак, се раѓа, живееш за него, све што правиш правиш за него, тоа ти е нај вредното и најмилото нешто за кое живееш, најголемото богатство, за тоа дете се тресеш и се грижиш да не му се случи нешто, инвестираш во него и го воспитуваш да биде културно и мирно, да не гази ни мравка и некоја пореметена будала да ти го тепа, понужува и фрустрира, море печка за таквите и ништо друго!!! .

Бидејќи велиш дека тоа биле времиња многу добро знаеш зошто не шамареа професорите во тоа време. Интересно е како секогаш сме од невината страна кога нас ни се случува. Имав професор по физика, речиси секој ден ме шамареше. И не само мене, можеби пола клас јадевме за добро утро шамари од твојот пример „не ја знаевме задачата“. Е не маваше за задачата, туку за инатот кој го имавме, намерно го викавме на 5 минути у стил: Ај сеа види точна ли ми е?! И патос од смеа, детска финта. Фала богу да добиеш траума од ќотек на професор тоа прв пат слушам. Можеби оти нашите генерации редовно јадевме ќотек од прво одделение, па ни беше секојдневие и не го сфаќавме онака како што денес го сфаќаат. Социјалистичка мерка која никад не вроди со плод морам да признаам. Колку повеќе не тепаа, толку поголеми инати станувавме.

Најинтересно е дека најмногу беше почитуван оној професор кој никад не не тепаше, али кецови пишуваше као из шала, на полагање оставаше речиси три класа цели. И пола од нив повторуваа година, така да си праеше одлична селекција. А предаваше хемија жената, иди прави финти да те видам. Оди сега нека ги остави пола клас на полагање, ќе ја запалат со се зграда. Е тука е разликата во измената на системот, на проф алатките им ги намалија за контрола на децата. Плус закани, уцени и загуба на работно место им се секојдневие.

Јас незнам како може да ја одберат таа професија, мој длабок поклон пред нив, секоја чест ако останат нормални.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom