wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.816
- Поени од реакции
- 34.518
Бидејќи велиш дека тоа биле времиња многу добро знаеш зошто не шамареа професорите во тоа време. Интересно е како секогаш сме од невината страна кога нас ни се случува. Имав професор по физика, речиси секој ден ме шамареше. И не само мене, можеби пола клас јадевме за добро утро шамари од твојот пример „не ја знаевме задачата“. Е не маваше за задачата, туку за инатот кој го имавме, намерно го викавме на 5 минути у стил: Ај сеа види точна ли ми е?! И патос од смеа, детска финта. Фала богу да добиеш траума од ќотек на професор тоа прв пат слушам. Можеби оти нашите генерации редовно јадевме ќотек од прво одделение, па ни беше секојдневие и не го сфаќавме онака како што денес го сфаќаат. Социјалистичка мерка која никад не вроди со плод морам да признаам. Колку повеќе не тепаа, толку поголеми инати станувавме.
Најинтересно е дека најмногу беше почитуван оној професор кој никад не не тепаше, али кецови пишуваше као из шала, на полагање оставаше речиси три класа цели. И пола од нив повторуваа година, така да си праеше одлична селекција. А предаваше хемија жената, иди прави финти да те видам. Оди сега нека ги остави пола клас на полагање, ќе ја запалат со се зграда. Е тука е разликата во измената на системот, на проф алатките им ги намалија за контрола на децата. Плус закани, уцени и загуба на работно место им се секојдневие.
Јас незнам како може да ја одберат таа професија, мој длабок поклон пред нив, секоја чест ако останат нормални.
А тоа бил проблемот а воедно и солуцијата, за да не добиваат трауми од професорите, дома нека ги тепаат повеќе, да се навикнат, не се навикнати. Како старите.
Не ја релеватизирај ситуацијата, само оти ти си била виновна за шамарење. Јас до 2ро незнаев да се врзувам, а имам изедено 2 шамари од учителката што од дома ќотек вака не памтам. Прозивање кој не ги напишал рецимо римските бројки 3 цели страни, и сите што не беа, шамари, првокласни, улични! Тие што им фалеше домашно од први до четврти час стоење на табла построени, кој клекне, демек да се врзи а одмара - шамар! Во ебено второ одделение. Каде се инсталира чувството за авторитет и како функционира.
Во 7мо и 8мо ќотек е смешки.. кај мене можеби не трауми, ама бунтвоност се развила. Математика професорка ми има кршено ленир од грб. Големите, за на табла цртање.
Во средно првиот школски ден од втора година, првите 2 часа - 2 забелешки, родители па записници, па совети понатаму во годината, уште записници.
Јас однос ученик - учител/професор не сум имал нормален. Апсолутно со никој. Едино Англиски која беше млада и ме обожаваше ме прими без родители и без записник иако се закануваше после шутирање на столици, дека, иронично, сум бил запишан за нешто што баш во таа ситуација не сум бил виновен. Не и решавав тест, на празен 3-ка ми пиша. Тоа за професор што се обидувал да допре до ученик, а замисли со понашање дали другиве би вака.
Не е во ред тепање. Факт дека не е одлична варијанта и разлигавеноста, ама тоа е далеку поминливо, барем во ситуации кога ќе се згусти.
Профеор не треба да претставува авторитет! Треба да те упати во светот, укаже правилно, или понатаму еден вид рехабилитира. Ќотекот не спаѓа во неговите алатки.
Јас знам како ја бираат, лесно се завршува, лесно се вработува со врски, си пуфаат по 4 часа дневно, високи плати и пензии. Дури филтер за нервози, одвреме навреме.

. Еднаш и однесов домашна, ама внатре одговорите што да ти кажувам... домашната ми беше по македонски јазик, а јас внатре сум пишувал за глувци, отрови за нив и слично
.И оваа фати да ја чита домашната пред цел клас (и нормално
), потоа ти ја кине целата тетратка и се знае...ќотекот
И сето тоа во Канада, ветената земја.

. Али беше пред пензија ич не и се работеше, после пак педагог го ставиа комшијата која среќа ја имав, али затоа сега во средно нема заебанции.