Еве го Дечко који обечава цел филм.
Инаку тоа што беа 70 тите за рок музиката во целиот свет, тоа се 80 тите во бивша Ју.
Експанзија на бендови кои го носеа гневот во себе од режимот, гледам никој не го спомнал Лачни Франц како еден од најдобрите бендови во тоа време, тука би ги спомнал и Забрањено Пушење кои направија генијален албум Анархија ал овер Баш чаршија. После на сцена настапија Брега со тапаните и зурлите и оној педофилот од Плави Оркестар и му ебаа матер на рокенролот во Ју.
Интересна е изјавата на Лоша или Локи како и да беше тој фронтменот на Плави Оркестар со качкетот кога некој фан го обвинил дека тој го убил рокенролот во бивша Ју, овој му рекол "Каков ви е тој рокенрол, кога можев јас да го убијам", што ја доловува суштината на Ју рокот, премногу квантитет со мал квалитет, на прсти се бројат бендовите кои направиле добри албуми во тоа време комплетно продукциски и со песни. Азра пример има извонредни текстови, но продукцијата е многу слаба и најдобриот нивен снимен албум е концертен плус издавање на дводупли албуми со по 40 песни со различен квалитет, од генијални до срање.
ЕКВ го има истиот проблем со продукцијата, одлични текстови и солидни музичари но од продукцијата ништо. Јас би го издвоил Хаустор и Рундек кои се фокусирале на се за да направат добар албум, но Рундек тоа го прави и денеска со оној травеститон од причина што е перфекционист како човек, затоа и нема утки кај него на концерт или албум.
Најдобро нешто што излегло од бивша Ју од тој цел калабалак во тоа време е дефинитивно Лајбах, но тие ја преминале Горица да го направат тоа.
Чисто за илустрација слушнете го бендов кој е од нашиве простори, но го снима метеријалот во Холандија на почеток од 70 тите и споредете ја продукцијата со бендови од бивша Ју некаде 80 тите и како тоа звучи, одма почнува да замирисува на шабанизам на Југотон, Дискотон, Дискос и останатите куќи и непрофесионалност.